For those who cannot read Cyrillic: The "Australian Macedonian Council" (pontogreeks) have bombarded Victoria university for support the survey funded and supported by a number of Australian Universities, the Macedonian ministry for Foreign Relations and the UMD" stating that "UMD is a nationalist organisation which claims that parts of macedonia are occupied by bulgaria and greece" and that its appalling how Australian universities can support such organizations full of propaganda in irrelevant survey's which ask its people to declare if they are born in "aegean macedonia" and if "australia should recognise macedonia".
Грците од Австралија ја вжештуваат кампањата за името
Организацијата на грчката заедница испрати писмо до неколку австралиски универзитети во кое ја осудува анкетата што треба да покаже какви се врските на македонските иселеници со татковината затоа што според нив прашањата биле навредливи за Грците
Грчката заедница во Австралија ја засилува битката за името преку испраќање писма и организирање предавања за македонската историја на австралиските универзитети. Налутени од анкетата што ја прават неколку универзитети од Австралија во соработка со Обединетата македонска дијаспора и македонското МНР, Грците од оваа држава ја интензивираа кампањата преку писма до универзитетите на кои им забележуваат зошто соработуваат со македонската заедница. Организацијата на грчката дијаспора во Австралија Австралиско-македонскиот совет излезе со осуда до универзитетот во Викторија поради тоа што ги навредил Грците со анкетата што треба да покаже какви се врските на македонските иселеници со татковината. Организацијата во писмото се жали дека Обединетата македонска дијаспора која ја спроведува анкетата што е дел од проект за истражување координиран од неколку универзитети е националистичка лоби-група од САД која е позната по тоа што ги поддржува идеите дека дел од Македонија е под грчка и под бугарска окупација.
Грците од Австралија се револтирани затоа што на прашањето во која држава се родени, анкетираните имаат опција да одговорат дека нивното место на раѓање е Егејска Македонија, како и дека преку анкетата можат да побараат австралиските власти да ја признаат нашата држава под уставното име. Во реакцијата од грчката дијаспора се наведува дека тие не можат да разберат како универзитетот соработува со оние што употребуваат расистичка терминологија за антрополошка студија.
Австралиско-македонскиот совет со цел интензивирање на кампањата следниот месец ќе организира серија предавања што ќе ги држат прогрчки професори на повеќе универзитети во Австралија. На универзитетот во Западна Австралија грчкото лоби ќе организира предавање на професорот Џон Мелвил Џонс, кој е добитник на две признанија од Грција и е еден од потписниците на антимакедонската петиција што Грците ја испратија до американскиот претседател Барак Обама. Предавање ќе одржи и Маркус Темплар, професор од универзитетот во Чикаго, кој е претставник од грчкото лоби во САД.

Comment