Мнозинството нејќат преговори
Повеќе од половината македонски граѓани сметаат дека Македонија треба да ги прекине разговорите со Грција за прашањето на името, покажа најновата „Анкета Дневник“, спроведена на репрезентативен примерок испитаници.
Иако беше познато дека ставот на граѓаните зо прашањето за името е „тврд“, изненадувачки е што 51 отсто сметаат дека Македонија не треба воопшто да остане во процесот на барање компромис што се одвива под покровителство на Обединетите нации. Кај етничките Македонци овој процент е дури 63 отсто. Интересно е што флексибилноста за компромис е повисок кај помладите категории граѓани. Анкетата, која официјално ќе биде презентирана утре во 12 часот во хотелот „Холидеј ин“, покажува дека мнозинството ја одобрува политиката на Владата за името.
Comment