UNESCO to help fund Bigorski Manastir

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Prolet
    Senior Member
    • Sep 2009
    • 5241

    UNESCO to help fund Bigorski Manastir

    This is fantastic news, they will also support the Krushevo - Etno Grad Project.

    ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТИ ОД МАКЕДОНИЈА


    УНЕСКО ја поддржа обновата на Бигорски

    Од Организацијата на ОН за образование, наука и култура, освен обновата на опожарениот манастир Св. Јован Бигорски, финансиски се поддржани уште два проекта - "Крушево - етно-град" и втората Светска конференција за меѓурелигиски дијалог што ќе се одржи во Охрид


    УНЕСКО позитивно одговори на барањето на Министерството за култура и на Националната комисија на УНЕСКО при Министерство за култура, за ургентна помош за обнова на опожарениот манастир "Св. Јован Бигорски" и за таа намена одобри 50.000 американски долари.
    - Средствата се стигнати и се од големо значење за што побрзо санирање на овој извонредно значаен споменик на културата кој по минатогодишниот пожар има сериозни оштетувања на дрвената конструкција, резбаните тавани, декоративните прозорци и мебел, како и на голем дел од ѕидните цртежи. Владата исто така обезбеди финансиска помош за обнова на манастирот од 18 милиони денари така што со оваа донација од УНЕСКО веднаш ќе пристапиме кон реконструкција, рече министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.

    Министерката Канческа-Милевска исто така информираше дека УНЕСКО со 36.000 евра ќе го поддржи и проектот "Крушево - етно-град" со кој аплицираше Националната комисија на УНЕСКО. Пред да бидат одобрени средства за овој проект мисија на претставници на УНЕСКО го посетија Крушево и се запознаа со условите што ги нуди градот како и со проектот за него.
    - Оваа помош е од особено значење за градот, за локалниот развој, за привлекување странски и домашни туристи, а со тоа и за зајакнување на економските капацитети на Крушево, посочи министерката за култура.
    Третиот проект што УНЕСКО го поддржува со износ од 100.000 долари е втората Светска конференција за меѓурелигиски дијалог, која под покровителство на Владата на Република Македонија и УНЕСКО ќе се одржи на почетокот на мај во Охрид. Исто така, за Конференцијата донирал сума од 40.000 долари и Фондот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Република Македонија.

    Во врска со оваа конференција, министерката за култура информираше дека подготовките се интензивни и дека досега за учество на Конференцијата се пријавиле над 150 учесници. Одржувањето на конференцијата годинава се совпаѓа со три значајни јубилеи: 100 години од раѓањето на Мајка Тереза, 1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски и 1400 години од обзнанувањето на Куранот.

    (А.П.)
    фото: Н. БАТЕВ



    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.
  • Prolet
    Senior Member
    • Sep 2009
    • 5241

    #2
    Here is the video footage

    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.

    Comment

    Working...
    X