Лекција број 1: Гардероба и шминка
Епа ај честито момче!
Сега сите парталчиња шо си ги донесе од кај мајка ти дигни ги у вреќа и право на таван. Модата се врти и па ќе дојде ден кога тоа шо има у вреќата ќе е повторно модерно и ако дае Бог твојта ќерка ќе ги доноси. Ако се погодат синови не се секирај, па ќе се најдат за парталави черги, прашина бришање или правење плашила за по нивите. Поготово ако имаш некои шо л'скат оти врапците се од такво плашат. Помалко изедено грозје од пилишта е еднакво на повише вино. Ама за виното друг пат...
До сега ако не ти е текнало шо и како треба, или не те е некој како постар поучил, правилата идат овака.
Сукњите до колена или под колена а блузите да покријат се шо треба. Нема веќе длабоко деколте, гол грб или папок да се гледа, срамота е да те загледуват туѓи мажи. Шорцеви исклучиво машките носат, такво нешто да облечеш ќе те заплува народ. Времето на тангата помина, такви врвци (thanks jankovska for the input) да се постелат на сушење на мегдан за сите комшии да видат, тоа ти е отвори се земјо г'тни ме ситуација.
Косата ако паѓа до под рамена, право на шишање. Таков котрул не ти треба, не дај боже да падне некое влкано у манџата па свекор ти да го најде и да го тегли нагоре нагоре нагоре. Глеј да е некаде должината со косата на свекрвата та да не се знае чиво е у случај да заврши у јадењето.
Ноктите сечи на време оти колку и да си работлива и да викаш дека оти се цврсти па не се кршат, никој нема да ти верува, дрн дрн јариња. Ќе има муабет у стил на види ја оваа галеник шо е, немој да земе да замете или избрише прашина, да одмене свекривата, а знае нокти чува. За лакирање треба ле муабет? Ако те водат у ресторан за Нова Година и сакаш да идеш дотерана тогај лакирај се, ама немој со црвено жив ти господ, пу пу пу, нешто претежно на бело и по малку на розовко ако удара само, е тогај може. Ама да го остругаш другио ден, леб кога се месе не се месе со лакирани нокти.
Шминкање по дома не ти треба, аресало те момчето веќе, за кој енос ќе се шминкаш? За тоа време шо би се шминкала земи заврти се пораздигни малку, работа не се довршува. За идење на пазар само малку римел по трепките а оноа клештата шо е за да ги напрчи нагоре, тоа фрли негде оти и така до сега не ги правеше убави него ги прецвикаше на половин(бугарска работа). За устата ако ти е испукана стај вазалин, ако више мораш да ставиш кармин глеј пак нешто на розавишкаво да е, ама не да дречи од там далеко. Стребала ти е помада, парфем е луксуз, земи си од оние импулс дезодорансите и шприцни малку ако више мораш ама да не траане ко цела парфимерија да влечеш по тебе.
Е така, главното е покриено, мислам, секако ако се има било какви прашања на тема гардероба и шминка за новата снаа слободно прашувајте. Наредната недела следува лекција број 2. Читајте невести и учете!

Comment