Грчката амбасадорка нема да дојде на прем

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грчката амбасадорка нема да дојде на прем

    Грчката амбасадорка нема да дојде на премиерата на „Александар“



    Грчката амбасадорка, која заедно со сите амбасадори во Македонија, е поканета на вечерашната премиера на „Александар“ од Љубиша Георгиевски во Драмски театар, нема да дојде.

    На вечерашната премиера на „Александар“ се поканети претставници на целиот државен врв и на странските амбасади. Но, потврда за присуство на претставата се испратени единствено од амбасадите на Србија и на Кина. Во Драмски очекуваат потврда и од италијанската амбасада.

    Дипломатите од грчката амбасада најавиле дека нема да присуствуваат на премиерата поради прославата на католичкиот Велигден. Причината за отсуството на дипломатскиот кор од Грција, според службите на Драмски театар, не е политички мотивирана, иако секое спомнување на античкиот војсководец, во услови на кревките меѓусоседски односи со Грција, досега се сметаше за провокација од македонска страна.

    И претставници од други амбасади, освен грчката, поради прославата на католичкиот Велигден, нема да присуствуваат на претставата на Георгиевски.

    Наспроти тоа, се очекува присуство на целокупниот државен врв.
    Љубиша Георгиевски, автор на текстот и режисер на претставата „Александар“, го најави проектот како агонија во шест слики која зборува не за Александар, историскиот суперстар, чиј стереотип го знаат сите, туку за човекот Александар, чија појавност се дефинира од неговата внатрешност, исполнета со недоумици, прашања и трауми.

    Насловниот лик во претставата го игра актерот Дејан Лилиќ, а неговата мајка Олимпија ја игра Јелена Жугиќ. Аристотел, учителот на Александар го игра Ѓорѓи Јолевски, Клит, неговиот побратим од детството е Зоран Љутков, а генералот Птоломеј го игра Бранко Ѓорчев. Кореографијата на пиесата ја подготви Александра Азизбаева-Хонг, музиката е на „Тавитјан брадерс“, а дизајнот на Мери Георгиевска.

    Со оваа претстава Георгиевски се враќа во Драмски по речиси десетгодишно отсуство. Последната претстава што ја работел во Драмски беше „Јованка Орлеанска“.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X