Брисел со шлаканица за Атина!

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Брисел со шлаканица за Атина!

    ПРЕПОРАКИТЕ НА ЕУ ПАРЛАМЕНТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА ПРЕДИЗВИКАА ВО ГРЦИЈА НЕРВОЗА

    Извештајот на Европскиот парламент е резултат на настојчивата и систематска работа на Министерството за надворешни работи на Скопје во Европскиот парламент за спорот меѓу Атина и Скопје за името да не може да влијае на европската перспектива на ПЈРМ, коментира грчкиот печат

    По усвојувањето од Европскиот парламент на извештајот за напредокот во Македонија, во кој се препорачува годинава земјава да добие датум за преговори со ЕУ и визна либерализација нервозни реакции во Грција. Тамошните медиуми констатираат дека извештајот е "шлаканица" за официјална Атина и дека во него како "нерешено останало прашањето за името на Македонија, кое според авторот на извештајот, холандскиот европратеник Ерик Мејер, пречи на европската интеграција на земјата".

    "Во извештајот Грција е претставена како виновна за забавувањето при стартот на преговорите за присоединување со Европската унија. Документот е резултат на настојчивата и систематска работа на Министерството за надворешни работи на Скопје во Европскиот парламент за спорот меѓу Атина и Скопје за името да не може да влијае на европската перспектива на ПЈРМ. Практично во извештајот се препорачува ПЈРМ да добие датум за започнување на преговори со ЕУ до крајот на годинава", пишува грчкиот весник "Та Неа".

    Грчките медиуми со свои укажувања. Групата на владејачката партија Нова демократија во Европарламентот, смета дека текстот на извештајот не е во согласност со претходно објавената позиција на Европската комисија, дека "Македонија се уште не е подготвена за започнување преговори за членство". Според европратениците од опозициската Социјалистичка партија ПАСОК, официјална Атина во извештајот била претставена како земја, која единствено ја сноси вината за задоцнетото започнување пристапни преговори на ЕУ со Македонија. Европратеникот од левата коалиција, Димитрис Пападимулис смета дека во извештајот не е барана можност за балансиран пристап при решавањето на спорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија.

    Извештајот на Европскиот парламент кој е правно обврзувачки, а кој има големо влијание во креирањето на политиката на Брисел кон Македонија, со низа позитивни оценки за Македонија Во документот се препорачува оваа година да има датум за преговори за Македонија и визна либерализација на основа на постигнатото во земјава. Според извештајот направен е прогрес во имплементцијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и на Охридскиот договор, како и во исполнувањето на осумте критериуми што ги постави Европската комисија. Европратениците со пофалби и за другите области, како спроведување на економските критериуми, ги поздравуваат чекорите преземени за надминување на инцидентите од минатогодишните парламентарни избори и тоа онака како што препорач ОБСЕ/ОДИХР. Притоа во документот се укажува дека очекувањата се да се направи се за да се спречат евентуални нерегуларности на претстојните претседателски и локални избори.

    За спорот со Грција кој е неизбежна тема на македонскиот пат кон евроатлантските структури и во овој документ изостанува конкретен повик кон Грција да не го користи правото на вето. Европратениците во документот директно не ја повикуваат Грција да не го користи ветото како инструмент за спречување на интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија, туку е прифатена општа одредба со која се препорачува билатералните проблеми да не го кочат процесот на пристапување на земјите од Балканот во евроатлантските структури. Во овој контекс се укажува дека е од особена важност земјите кандидати да продолжат да ги зајакнуваат добрососедските односи и да ги решаваат билатералните проблеми со соседите, вклучувајќи и заемно прифатливо решение за грчко-македонскиот спор за името врз основа на преземените билатералните и мултилатералните заложби и обврски.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X