Македонците во светот – нашата вистинска поткрепа
Стефан Влахов Мицов
Срамните дискусии дали да гласа дијаспората, а ако гласа колку претставници да има, во суштина не се партиски, а антидржавни и антимакедонски затоа што во досегашните избори разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не била од три пратеници, па во случајот опозицијата да се чувствува загрозена
Ако имав можност ќе ставев текст во македонскиот Кривичен законик, кој одредува затворска казна за секој ако негира, навредува и плука врз македонската дијаспора. Тоа е исто како да плукаш врз македонската држава и народ, затоа што Mакедонците во светот се дел од македонскиот народ.
Но, тие не се само дел од него туку секогаш биле подобриот дел од нас кој живееме во матичната земја. Тоа е докажано многу пати и национално и политички и економски.
1. Македонската емиграција започнува од крајот на 17 век. Емигрираат најтврдокорните, најхрабрите борци за слобода кој успеваат да се спасат по македонските буни и востанија. Во 19 и 20 век има и други бранови емиграција – по економски причини. Но, и едните и другите имаат и ја чуваат својата самосвест. На пример македонските емигранти во САД во почетокот на 20 век објавуваат пред емигрантските служби дека се Македонци. Нешто повеќе. За нивните потреби имало македонски преведувач како и бугарски за бугарските емигранти и српски за српските. За споредба тогаш во самата Македонија под влијание на странските пропаганди многу Македонци прифаќале да бидат Грци, Бугари или Срби. Независно од тоа кога емигрирале и од општествените состојби во самата Македонија поголемиот дел од Македонците секогаш ја поддржувале својата матична земја, дури и генерациите родени надвор од неа.
2. Македонската емиграција цврсто го поддржа осамостојувањето во 1991 година. Не само тоа. За разлика од многу тукашни Mакедонци и македонски политичари за македонската дијаспора немаше дилеми односно македонскиот континуитет во историјата. Затоа и таа беше револтирана од потклекнувањето на политичарите за референцата со која бевме примени во ООН, од менувањето на знамето и Уставот. Затоа и по говорот на претседателот Глигорв во ООН каде тој се заблагодари наместо да протестира против дискриминацијата на уставното македонско име, млади Mакедонци од Австралија му забележаа: „Вие зборувавте, ама не ја кажавте главната работа, некажавте дека ние сме потомци на Александар Велики. Тоа неможе така. Тоа кај нас сега ќе се толкува дека ние Македонците сме се откажале од нашето потекло, од нашите предци“. Замислете, тие околу триесет и петгодишни луѓе (според Глигоров) кои не се родени во Македонија му „одржуваат предавање“ на 76-годишниот божем политичар, божем борец за слободна Македонија, цел живот на високи државни функции, кој не си ја знае сопствената историја. И тој кутриот почнува да ги убедува „дека ние сме Словени“. И денес сликата е иста. Досега не сум слушнал некој македонски емигрант да се праша дали сме антички Македонци или Словени, ама таа глупост ја читам со години и од пишман интелектуалици и од пишман политичари.
3. Во сите клучни прашања поврзани со Македонија во изминатите 25 години македонската дијаспора имаше исправен став. И против Привремената спогодба со Грција и против Декларацијата со Бугарија во 1999 година и против Рамковниот договор од 2001 година и против Законот за територијална поделба и против признавањето на Косово и денес против уништувањето на државните институции од надвор и од домашните петтоколонаши. За жал, не одлучуваше дијаспората, а тукашните политичари и ние во улогата на стадо овци.
4. Еве го бројот на директните странски инвестиции од 2003 до 2013 година: 2003 – 100 милиони евра, 2004 – 260 милиони, 2005 – 77 милиона, 2006 – 344 милиона, 2007 – 506 милиона, 2008 – 400 милиона, 2009 – 145 милиона, 2010 – 160 милиона, 2011 – 336 милиона, 2012 – 72 милиона, 2013 – 251 милиона евра. Во Македонската Влада има Минстерство за странски инвестиции, а во последните неколку години целата Влада со премиерот прави Роудшоу-а по цел свет да бара инвестиции. За споредба, секоја година, Македонските емигранти праќаат на своите фамилии и роднини во Македонија по околу 1,5 милијарди евра. Тие составуваат меѓу 4-6 пати повеќе одколку што се странските инвестиции. Или пак околу 19% од БДП на Македонија. Независно од тој придонес, не постои Министерство за дијаспората (а во Владата има 7 министри без ресори), а само Агенцијата за иселеништво без никакви ингеренции. Доказ дека таа Агенција нема позитивна улога е секојдневното јавување на десетици граѓани кои бараат поддршка да емигрираат. Со други зборови, македонските граѓани воопшто не ги знаат целите на таа Агенција. А, не ги знаат зато што нејзината дејност е анонимна за нив.
Големиот придонес на Македонската дијаспора се гледа и ако ја споредиме со бугарската емиграција. Од Бугарија само последните 25 години емигрирале околу 2 милиона луѓе. Но, таа емиграција праќа во својата матична земја секоја година само околу осумсто и педесет милиони евра. Затоа што Бугарите емигрираат во еден правец, т.е ги прекинуваат врските со Бугарија. Доказ за тоа е фактот дека оваа држава прави средби на Бугари и медиуми надвор од неа за да ја зачува на тој начин самосвеста кај Бугарите. Во исто време македонските средби на иселениците се во матичната земја, затоа што Македонците од целиот свет одржуваат активни комуникации со Македонија.
Горенаведеното докажува природното и легитимно право на македонската дијаспора да гласа на избори и да има свои претставници во Македонското Собрание. Нешто повеќе. Одамна пишувам и тврдам дека нашите надворешни Македонци мора да имаат не само три туку повеќе претставници во Собранието и најмалку да има три министри во секоја Македонска Влада. Затоа што од надвор работите во Македонија се гледаат подобро и затоа што нашите емигранти се похрабри. А такви се, бидејќи се среќаваат со секакви предизвици и мораат да го чуваат својот идентитет секојдневно дури и честопати при неповолни услови. Затоа се поактивни и почувствителни во однос на самосвет чест и достоинство.
Но, да се разбереме. Кога велам да има повеќе пратеници во Собранието и Министри во Владата тоа значи и да се менува суштината за изборот на пратеници од дијаспората. Тие мораат да се бираат не од партиските штабови во Скопје, а од самата дијаспора. При развиената техника во светот тоа може да биде по пат на електронско гласање. Тоа значи кандидат – пратениците од Европа, Канада и САД и Австралија да бидат познати и да имаат авторитет во дијаспората. Се разбира, за да бидеш познат, мора да си успешен бизнисмен, научник, уметник а не некој си триесетгодишен дечко прочуен само во својата фамилија. Од такви авторитетни луѓе ќе има тројна корист. Од една страна, тие ќе бидат познати меѓу Македонците од тој дел на светот. Од друга, стекнатиот авторитет ќе го користат за поткрепа на дијаспората пред тамошните државни институции и органи. Од трета страна, во самото Македонско Собрание тие ќе се завземат за поддршка на Македонската држава во однос на нашите надворешни Македонци. Во изминатите години во Собранието не се слушнал гласот на тројцата претставници од дијаспората. Такви мртви души не се потребни.
За крај, срамните дискусии дали да гласа дијаспората, а ако гласа колку претставници да има, во суштина не се партиски, а антидржавни и антимакедонски. Затоа што во досегашните избори разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не била од три пратеници, па во случајот опозицијата да се чувствува загрозена. Кога дијаспората праќа секоја година во Македонија по 1,5 милијарди евра, срамна е калкулацијата дека за нејзиното гласање ќе бидат потрошени околу милион евра. Некои ќе кажат: но тие пари не се даваат на државата туку на роднини. А што е државата ако не се граѓаните? Без граѓани држава непостои. Тоа што дијаспората праќа пари на своите фамилии и роднини, таа секако ги дава на Македонската држава. Но во случајот целта на петоколонашите и нивните газди од надвор е друга. Да се прекине блиската врска меѓу матичната земја и надворешните Македонци и на тој начин да бидат уништени и едните и другите. Од историјата се знае дека без своја држава Македонците во светот тешко опстојуваат. Но, и без нашата дијаспора ние тука во матичната земја немаме иднина.