СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН
ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949: ПРОСТУВАМЕ НО, НЕ ЗАБОРАВАМЕ!
20 јули 2015 година, Скопје, Македонија - Вчера, на 19 јули, на денот на големиот подвижник, Преподобниот Свети Сисое Велики, исцелител на болните, изгонувач на демоните, воскреснувач на мртвите и заштитник на децата, се одржа традиционалното годишното чествување за децата бегалци, насилно прогонетите деца Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.
Пригодни говори пред Споменикот на децата бегалци одржаа претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов, пратеникот Андон Чибишев и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
- Споменот и поменот за голготата на насилно прогонетите Македонци од Егејот е наш аманет и секоја година ќе го одржуваме ова чествување, и за живите и за упокоените. Не ги забораваме патилата низ кои поминавме, живи се нашите потомци, традицијата ќе ја продолжиме, било да не се повтори... Сите ние бевме деца кога не откорнаа од родните огништа и не протераа по целиот свет, во туѓина. Но, нашиот копнеж по татковината се уште тлее во нашите срца, нашите души се врзани за мајка Македонија, - рече претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Ташко Јованов.
- И јас сум дете на родители кои беа откорнати од Егејскиот дел на Македонија, роден во Киргистан и вратен назад во Македонија. Не протераа затоа што бевме Македонци, ама повторно се вративме во татковината. Силни се емоциите кои не враќаат во историјата, не така далечна, за да се заборават патилата на прогонството и љубовта кон родните огништа во Македонија. Таа голгота е наша историја, засекогаш ќе останеме Македонци посветени на Македонија, - рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев.
- Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, ги продолжуваме традициите за поменот и споменот за децата бегалци, пред чиј споменик се наоѓаме денес во Паркот на Жена Борец, пред Собранието на Македонија, за да посведочиме за една од најголемите трагедии на Македонскиот народ - геноцидот и прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија за време на таканаречената Граѓанска војна во Грција од 1946 до 1949 година. Нашето чествување е сведоштво за најцрната страница во историјата на македонскиот народ од Втората Светска Војна, во која жртви, за жал, беа децата. Многу од нив убиени, по пат починати, низ целиот свет распрснати, во Источна Европа, Канада, Америка и Австралија. Не случајно го одбравме 19 јули за чествување, како ден на големиот подвижник, Преподобниот Свети Сисое Велики, исцелител на болните, изгонувач на демоните, воскреснувач на мртвите и заштитник на децата, за да сите кои загинаа во таа македонска голгота, Светецот Сисое Велики ги спомне пред Господа, во вечното им почивалиште. Се молиме за душите на загинатите и упокоените, за здравје на преживеаните и живите, кои поминаа низ таа голгота. Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, остануваме посветени на унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и во цела Грција. Остануваме посветени на враќањето на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија: И од Балканските војни 1912-1913 година и од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Остануваме со барањето до Генералното собрание на Обединетите Нации да ја продолжи почнатата а незавршена расправа од 1948 година и да донесе Резолуција за децата бегалци од Граѓанската војна во Грција. Изразуваме јавна благодарност до владите на сите земји кои ги прифатија децата бегалци од Граѓанската војна во Грција и им укажаа гостопримство како нивен втор дом и семејство. И покрај се’, предлагаме македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, бараме извинување и репарации. Простуваме, но не забораваме и порачуваме: Било да не се повтори! За многаја лета чествувањето и поменот и споменот на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и Македонија вечна! Амин! - рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
Стихови за Македонија и децата бегалци читаше поетесата Виолета Сековска.
Свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци положија делегации на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН предводена од Ташко Јованов, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од пратеникот Андон Чибишев, Светскиот Македонски Конгрес предводена од Тодор Петров, Матицата на иселениците од Македонија предводена од Иван Џо Петрески, Македонската Заедница од Соединетите Американски Држави предводена од Нестор Огинар и д-р Милица Огинар и Македонската заедица од Холандија предводена од Роза Ѓорѓиева.
Годинава, по иницијатива на Зружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, Споменикот на децата бегалци во Жена парк беше реновиран и исчистен, а на него беше поставен знакот на децата бегалци.
Во Лерин заврши конференцијата за Македонците, Панмакедоники не успеа да го попречи научниот собир
Ова е големо достигнување на Македонците во Грција! Вака организаторите на научната конференција „Македонија – на маргините на европската современост“ го оценија овој мултидисциплинарен настан што се одржа во Лерин, Грција.
Од 16 до 19 јули се одржа научна конференција во Лерин во организација на „Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, ОМО Илинден-Пирин, Европската слободна алијанса (ЕФА) и домаќините „Виножито“.
И покрај тоа што организаторите очекуваа помали проблеми во однос на реализацијата на конференцијата (проблеми на граница, вадење на црните листи за поединци Македонци од Канада, Австралија, САД..., административни пречки...), овојпат, главно, сè поминало во најдобар ред. Првиот ден петнаесетина членови на националистичката организација Панмакедоники влегле на конференцијата, поставиле неколку прашања, добиле одговор, се обиделе да испровоцираат заминале. Посериозни инциденти немало.
Освен тоа, дел грчките медиуми биле заинтересирани за конференцијата, па некои од локалните ТВ-станици имале и интервјуа со организаторите.
По завршувањето на конференцијата, сите учесници присуствуваа на традиционалниот собир на Македонците во Овчарани. Тука, вчера илјадници Македонци, со македонски ора и песни го прославија празникот Свети Илија. „Исклучителен настан што ја покажува и докажува политичката борба на Македонците“, напиша на својот фејсбук-профил еден од учесниците.
Во Лерин водечките македонисти од цел свет три дена расправаа за македонското прашање. Овој настан се смета за историски затоа што првпат во поновата историја за македонското прашање на научно ниво беше дискутирано на тлото на соседна Грција, каде што е и најпроблематизирано.
Учесници на конференцијата беа Виктор Фридман од Универзитетот на Чикаго (САД), Грејс Филдер од Универзитетот на Аризона (САД), Ендру Росос од Универзитетот на Торонто (Канада), Акис Гаврилидис од Универзитетот на Солун (Грција), Џорџ Влахов од „Ла троб универзитетот” (Австралија), Васко Настевски од Универизтетот на Мелбурн (Австралија), Катерина Колозова од Институтот за социјални и хуманистички науки, Марија Пандевска и Македонка Митрева од Институтот за национална историја при УКИМ (Македонија).
Целта на овој мултидисциплинарен настан беше да даде суштински придонес кон разбирањето на современата македонска национална историја од различни академски перспективи, вклучувајќи социолошки, лингвистички, антрополошки и политички аспект.
Конференцијата во Лерин, Грција беше е втора од ваков тип, по научниот собир кој беше одржан во 2013 година, на Универзитетот „Монаш” во Мелбурн, Австралија, а со кој беше одбележана 100-годишнината од крајот на Втората Балканска војна и поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор. Како резултат на конференцијата во Мелбурн, неодамна, од страна на реномираната германска академска издавачка куќа „Верлаг Ото Сагнер” (Verlag Otto Sagner) беше издадена книга „За македонските работи: од поделбата на Македонија до денес”.
И од оваа конференција се очекува истата академска куќа од Германија да издаде книга со научните трудови од конференцијата во Лерин.
А.Д.