колонија на западот

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    колонија на западот

    колонија на западот
    Јули 14, 2015
    Стефан Влахов Мицов



    Македоското име и идентитет се ставени на директен и индиректен удар. Организаторите и на едниот и на другиот напад се исти – Вашингтон и Брисел. Пред неколку дена во Дубровник генералниот секретар на НАТО Столтенберг кажа:

    „Прво името, па потоа влез во НАТО“.

    Истото го кажа вчера и Нуланд на малку поинаков начин:

    „Прво решение на политичката криза, потоа името“.

    За Нуланд светските новинари, како Роберт Пери, велат дека создава војни во светот за да го турка „семејниот бизнис“. Нејзиниот сопруг има фирма за оружје, а неговиот брат и сопругата работат во воени центри. Уште минатата година Нуланд ни нудеше помош „за решавање на прашањето со името“. Суштината на таа помош ќе се сфати ако се потсетиме дека нејзиниот свекор е експерт за античка Грција и грчки лобист.

    Договорот од 2-ри јуни, за кој денес притисок прават Хан и европската тројка Вајгел, Ховит и Кукан во голем дел одговара на поговорката „Како што сам ќе си сториш…“ . Од една страна тој дава можност за отценување на македонската влада и премиерот, а од друга го отвара патот за официјална федерализација на Македонија. Од трета страна ја урива македонската државност и не’ прави протекторат.



    Наместо да се бори против петоколонашите со сите законски мерки познати во сите демократски земји Груевски е спремен да се повлече од премиерската функција. Во четврток ќе падне пресуда за Верушевски за незаконско поседување на пиштол. Замислете за пиштол, а не за шпионажа. Судијата за делото против Заев пак бил на одмор. Такви циркуси се одвратни.

    Се чудам како нема некој храбар човек во таа наша Македонија да ги стави каде што им е местото и заевци, и соросоиди па и странци како Нуланд, Хан, Бејли, Вајгел, Ховит и сите други европски анонимуси кои сакаат да не направат идна колонија. До кога со тој страв, лицемерие, смешкање и зборови за пријателство со тие кои ни го копаат гробот?

    Каква логичка врска има политичката криза со Рамковниот договор од 2001 и меѓуетничките односи кои се ставени во точка 4 од Договорот од 2 јуни? Целта на ДУИ и ДПА е јасна. Под флоскулата „да се обезбеди целосно спроведување на Охридскиот договор“ тие отворено бараат одвоен државен буџет, ротација на високите државни функции и прогласување на албанскиот јазик за официјален јазик на целата територија на Македонија.

    Зошто македонската влада дозволува текстови кои раѓаат нови претензии?

    Каква логичка врска со политичката криза имаат односите на Македонија со соседите па во истата точка е запишано „да се зајакнат добрососедските односи“?

    Добрососедство со Грција и Бугарија кои не го признаваат македонскиот јазик и идентитет? Добрососедство со Косово кое ни праќа терористи и со тоа директно ја загрозува државната безбедност?

    „Зошто во договорот од 2 јуни се обврзуваме да ги спроведеме „сите препораки што ќе бидат подготвени од страна на Европската комисија“?

    И уште: „Сите препораки на ОБСЕ“.

    На тоа ОБСЕ кое има претставништво во Скопје, а не во Република Македонија. Односно уште со сопственото именување го негира нашето име и идентитет. На тоа ОБСЕ ние му благодариме за досегашната „поддршка“. Всушност на ОБСЕ треба да му благодарат албанските терористи кои беа извлечени и спасени од таа организација во Арачиново во 2001. Што занчи да ги спроведеме „сите препораки“?

    Ако утре побараат доброволно да изгинеме ќе го направиме ли тоа?

    Резултатот на паушалната согласност со се’ го видовме во извештајот на Прибе каде директно пишува дека Државната безбедност (УБК) ја прислушувала владата во корист на самата влада. Наместо да побараме медицинска експертиза за Прибе ние ги прифативме неговите заклучоци, зашто сме се обврзале да го почитуваме секој идиотизам од Европската комисија.
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X