Македонија е заложник на црпнати и на црпки
При подготвувањето на првиот рамковен договор во 2001 година, како учесници, замешатели и помагачи, односно олеснувачи, беа ангажирани тешкаши, односно тешка артилерија од рангот на ген-сек на НАТО (Робертсон), шеф на Владата на ЕУ (Солана), Ричард Холбрук, цијаши од форматот на Питер Феит, Роберт Фровик, Макс ван дер Штул, политичари и дипломати како Ален Лероа (подоцна Франсоа Леотар) и Џејмс Пердју. Дури и ситните муватори од меѓународната кризна група што мешетареа низ Македонија беа позначајни како имиња и формати од првиот репрезентативен состав што го искреира рамковниот од Црниче ова лето. Што значи тоа?
УШТЕ ЕДНА РАМКА ЗА РАМКОВНА ДРЖАВА
Договорот од Црниче сега е веќе реалност. Потпишан е и заверен од домашните мејнстрим-политичари и стандардниот евроатлантски пакет олеснители, односно старатели на фингираната држава Република Македонија. Некои го викаат пржински договор. Некои црпнат договор. За мене, а убедена сум и за голем дел од нормалните луѓе што ја преживеаја кризата од 2001 година, тој не е ништо повеќе од анекс на рамковниот договор. Или посликовито да се изразам, Македонија е слика, која станува сѐ поневидлива, оти кој и да ја погледне, ги уочува само рамките во кои по волја на политиката периодично е врамувана. Значи, добивме втор дел рамковен. Со него овој пат добивме и ново уредување. Гледано од тој агол, директните учесници и потписници можат да се сметаат за победници. Од секој друг, се работи за стандардна капитулација на државата Македонија, која една година по легитимни избори развиори бело знаме пред раководството на една поразена на избори партија, група платеници на Сорос и други специјални служби, како и евроамериканска политичко-институционална логистика. Институциите што ги водеше победникот на тие избори не изговорија ни збор по поводот. Не испуштија ни звук ни лелек во име на Уставот и во име на народот на Македонија. Мрмори само народот, кој знае дека повторно е силуван. Што е различно од впечатокот што сакаат да го продадат како вистина актерите на оваа фингерајка. Создавањето впечаток е занает на манипулаторите и пропагандистите, чија задача е да ве превеслаат жедни преку вода или да ве удават среде вода. Тој им обезбедува олеснителни околности и на црпнатите и на црпките, кои во ваше име крајно неморално и неодговорно одлучувале, не водејќи сметка за последиците. Гледање на вистината во очи е сосема друг процес, кој има цел да ве прави внимателни, опулени, критички настроени и реални. Победниците, и црпнатите (страна А) и црпките (страна Б), олеснети со вашингтонско-бриселската притискачка екипа, формираат една насилна коалиција, која има цел да му го одземе статусот на суверен на македонскиот народ.
ДЕМОНТАЖА НА МАКЕДОНИЈА
За разлика од оние што имаат агол на гледање и сега гласно ви вперуваат рефлектор во правецот во кој сакаат да гледате за да видите победа, односно пораз, јас ќе ви ја покажам реалноста што ја чувствувате. Како прво, веќе сите сме на јасно дека оваа „криза“ по својата структура и крајна цел е иста со онаа во која осамнавме во 2001 година. Целта им е етапна демонтажа на државата Македонија. Што ќе рече, по вторава рамка, ќе има уште една, сврзана со името, која ќе го означи крајот. Оти САД не ги прекројуваат само Блискиот и Средниот Исток со помош на ИСИЛ, туку сакаат да го средат и Балканот. Еве неколку факти што не смеете да ги испуштате од вид колку и да ви се непријатни, нормално, ако сакате да не бидете жртви на пропаганда и манипулација.
- И во 2001 и во 2015 година „црпнати“ биле СДСМ и УЧК (подоцна, со помош на рамковниот, маскиран како ДУИ и имплементиран како фактор на стабилност во државните институции), а „црпки“ биле ВМРО-ДПМНЕ со својата грамадна политичка коалиција од пајтон-партии. Историски заклучокот што ќе се изведе е дека Македонија ја загубила својата државност (и име во финалето) благодарение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. И во 2001 година, кога пропушти да ја победи уфрлената УЧК, а се согласи да прогласи капитулација и во воени услови да го предаде Уставот, оти тој не бил Библија (голема мисла на „големиот човек“ од Муртино, Борис Трајковски), и во 2015 година, кога Никола Груевски се согласи да се предаде и во името на Македонците да ја поништи изборната волја, а да воведе неуставен поредок за кој не добил мандат.
Вообичаено, страната на црпнатите, на изведувачите на валканите работи, петтата колона, интервенционистите, ќе пројде како епизодист со статус на Јуда. Но со надеж дека никогаш нема да биде лустриран. Особено кога олеснителните околности му ги креира голем и моќен чадор, кој прави голема беља со секакви локални црпнати, а за мали пари.
- Кога сме кај лустрацијата, која исто така била испреговарана во Црниче, во амбасада што претставува клуб од држави, таа има своја предисторија и во првата рамка од 2001 г. Со договорот од Охрид тајно беше договорено учките да не одговараат судски за своите злосторства ни пред домашни ни пред меѓународни судови. Државното раководство се согласи за злосторства да биде обвинета и осудена македонската држава. Беа пронајдени и жртвени јарци. Тоа е уште еден неизбришлив историски факт.
- Како што е факт што ќе му се припише на ВМРО-ДПМНЕ дека е првата и единствена политичка елита што амнестирала злосторници против човештвото со одлука на парламентот и молк на судството сосе обвинителството, омбудсманот, НВО за човекови права и Уставниот суд. Со договорот од 2015 година, по најавата на европратеникот од Велика Британија, Ричард Ховит, веќе е сигурно дека црпнатиот протагонист Зоран Заев нема да биде судски гонет. Гарант за тоа ќе биде „независниот“ со консензус на четири партиски поглавари назначен офшор-јавен обвинител.
ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ КРИМИНАЛНО ДЕЈСТВО
- Со договорот од Црниче политичкиот систем во Македонија добива нов „квалитет“, кој преку парламентот по одморите ќе треба да биде преточен во закони и веројатно во уставни амандмани. Процедурата нема да ја направи Македонија ни безбедна ни ефикасна држава, која кризира по задача поради амбициозни лудаци, ама ќе им обезбеди формално-правно легализирање на криминалното дејство. И тоа е историски факт во кој рамо до рамо учествуваат главатарите на главните политички партии.
- Промените се следни: легално избраниот премиер сто дена пред изборите поднесува оставка, а Македонија ја раководи техничар, односно назначена личност. Уште попросто кажано, сто дена пред изборите поради политички договор се суспендира изборната волја на граѓанството или некој го третира Уставот како тоалетна хартија и му го одзема правото на суверен на народот. Што историски е измислица или решение што се практикува во ЕУ (регионална политичка организација на држави), каде што функционерите и институциите ги раководат црпнати, односно назначени политичари што не се непосредно избирани.
- Најголема новина е тоа што рамката од Црниче предвидува министри во Владата на Македонија во предизборниот „технички“ период да се здобијат со право на вето. Можеби ценетите експерти и професори на „Јустинијан Први“ слушнале за ваков пример, па не реагираат. Јас не сум слушнала. Баш би било убаво некој рационално да објасни како ќе функционира државата Македонија со влада што со консензус ќе ја составуваат четири партиски водачи, како ќе се донесуваат одлуки, како ќе работи извршната власт во која на премиерот, мандатарот, министрите му имаат право на вето. Што ли ќе прават институциите што се надлежност на ресорните министри во случај на некоја акција како кумановската или како ланските поплави? Ова дотолку повеќе ако се придодаде на претходниот фактографски материјал дека Македонија, нејзината законодавна власт веќе беше под блокада со таканаречениот Бадентеров принцип.
- Аналогно, благодарение на досегашните етапи на разградба на македонската држава со помош на македонските водечки политичари и логистичка елита, ние имаме државно уредување во кое преку криминален договор и прифатена антиуставна капитулација двајца главатари на етнички политички партии се произведени во уценувачи на државата и народот со закана за оружено отцепување. Имаме партија чие раководство веќе објави дека не го интересира изборна волја или избори на кои нема да им се гарантира победа, односно власт. Тоа гарант имаме. Сѐ друго немаме. Освен ако не се смета дека по новиот договор, улогата на премиерот е да носи странски инвестиции и да вработува. Досега тоа се викаше Агенција за вработување. Како ќе биде именуван ресорот на Груевски ќе видиме есенва.
- Можеби некој наоѓа логика во фактот дека ДИК во иднина ќе добие странска екстензија, божем мониторинг на ЕУ и ОБСЕ. Реално тоа значи интернационализација на Државната изборна комисија и гаранција дека кога на ред ќе дојде референдумот за името, Македонците ќе добијат шкотски резултат. И тоа ќе биде историски факт.
И на крајот за перцепцијата, односно впечатокот што нападно се создава преку медиумите дека обете страни победиле. Реално, победници се олеснувачите и интервенционистите. Извршна власт во Македонија е гувернерот Џес Бејли. Негов гласноговорник и наш претседател на парламентот е комесарот Хан, оти, нели, ЕУ нема своја адреса и се води како деташиран Вашингтон. Претставник на независното ни судство е Ричард Ховит, кој воедно во име на ЕУ-парламентот ја претставува и страната на црпнатите (лева). И Кукан, кој е исто така ЕУ-парламентарец, ама ја застапува страната на црпките (десна). Иво Вајгел е набљудувач во својство на пишувач на извештаи за македонската државна подобност, односно нешто како чувар на стапот и морковот помеѓу две македонски политички кризирања поддржани од ЕУ.
- Да не ја заборавиме и Викторија Нуланд. Таа официјално е задолжена за делење хамбургери во Европа. Во македонскиов случај дури и не се потруди да ги почести преговарачките екипи. Со точката на топење што им е утврдена отпоодамна, а во услови на економска криза, се чини дека добро проценила оти охрабрување и витамини на вакви килибарни политичари не им се потребни.
- За крај уште еден впечаток што е поткрепен со факти. При подготвувањето на првиот рамковен договор во 2001 година, како учесници, замешатели и помагачи, односно олеснувачи, беа ангажирани тешкаши, односно тешка артилерија од рангот на ген-сек на НАТО (Робертсон), шеф на Владата на ЕУ (Солана), Ричард Холбрук, цијаши од форматот на Питер Феит, Роберт Фровик, Макс ван дер Штул, политичари и дипломати како Ален Лероа (подоцна Франсоа Леотар) и Џејмс Пердју. Дури и ситните муватори од меѓународната кризна група што мешетареа низ Македонија беа позначајни како имиња и формати од првиот репрезентативен состав што го искреира рамковниот од Црниче ова лето. Што значи тоа? Па, само дека цената на политичката берза во Европа на македонските лидерски акции е падната до ниво на „ѓубре“ што и кога ви се дава како подарок го нејќете.
И Груевски лаже без да трепне
Никола Груевски еднаш беше рекол дека една слика има значење на илјада збора. Што е точно и сега кога го гледаме него додека ги објаснува мотивите за одлуките што ги донел при преговорите во Црниче. Таа слика речито говори за сѐ она што тој ни го вети, а не го оствари и за сѐ она што не го ветил, а го остварил, иако никој не го побарал од него.
Да заклучам, Груевски докажа дека е способен да лаже без да трепне исто како и Бранко Црвенковски. Транспарентен е како бетонски ѕид, одлучен како пишман аџијата, ’рбетлија како Зоран Заев, борбен како гирица. Но најжално и непростливо е тоа што со намера да потпише капитулација, го мобилизираше народот, го извади на митинг за народот масовно да го соопшти свој став, а потоа ладнокрвно го пушти низ вода. Тој и на овие изнудени избори ќе нема проблем да ги победи Заев и неговите што и да се и кого и да претставуваат кобајаги. Пред сѐ оти овој пат навистина ќе избираме без ќеф помеѓу две лоши решенија. Но никогаш повеќе нема да биде национален лидер ни голем политичар.
Парадигмата неморален политичар
Љубомир Фрчкоски, легендарниот елитист и претставник на политичкиот неморал, гласноговорник на политичката неодговорност, еднаш беше изјавил во колумна дека на елитите, на политичарите не им е дозволено да бидат морални личности. Тоа, според него, било луксуз, кој не им е дозволен, односно единствен луксуз на кој имаат право „обичните“ луѓе или рајата, како што тој ја нарекува.
Во контекст на чадор-револуцијата што беше распуштена со одлука на гувернерот Бејли го спомнувам како наша парадигма наспроти кинеската, чиј темел е Конфучиј. Нормално, Фрчко не би смеел да биде вредносен темел на ниедна пристојна човекова заедница со смисла за одговорност. И нормално правам лоша и недостојна компарација на еден великан во секоја смисла на зборот што прошол повеќе временски сита и е темелна вредност на успешната кинеска државотворна приказна наспроти нашиов „црпко“. Ама беше потребно за да документирам дека за Конфучиј секоја елита треба да се смета за почестена од Бога и затоа треба да биде поодговорна, поскромна, пооспособена и секогаш спремна да се жртвува себеси за доброто на народот. Во име на таквото учење, и денес елитистите што ќе го изневерат населението се казнуваат со смртна казна, кога веќе го изгубиле срамот, па не се самоубиваат. Ние сме нешто друго. Фрчковисти. Нашите елити не се срамат ни од Бога ни од народот. Прифатиле дека моралот е луксуз дозволен на народот. А тие се задоволуваат со сите други луксузи. На пример, да бидат тотално неодговорни, а тоа да го продаваат како грижа за населението и неговата иднина.
Автор: Мирка Велиновска
izvor: http://novamakedonija.com.mk/NewsDet...tIzdanie=23521