Павле Воскопулос: Најголем кошмар во Грција е политичкото будење на Македонците и поддршка за „Виножито”
Притисоци, уцени со работни места, медиумски манипулации, финансиски бариери - од „Виножито” откриваат како се гласа кај јужниот сосед.
Во услови кога Грција одбива да изврши попис на македонското малцинство со „аргументот” дека малцинство нема, партијата на Македонците „Виножито” преку изборите се обидува да даде минимум доказ за нивното постоење и тоа во доволен број за да ги ужива сите малцински права. Павле Филипов Воскопулос од претседателството на “Виножито” за Нетпрес открива:
„Изборите во Грција не се воопшто ниту демократски ниту фер. Дури и срамно е да се опишува како овде се гласа на локални, национални, па и на европските избори”, вели Филипов Воскопулос.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, денеска во Грција се одржуваат двојни избори. Кандидатите на „Виножито” влегуваат во трката за пратеници во Европскиот парламент, а како независни кандидати учествуваат и на вториот круг од локалните избори.
Нормален човек би се зачудил и не би поверувал дека во Грција веќе со децении има ваков изборен систем”, вели Филипов Воскопулос објаснувајќи дека некоректниот однос и индиректниот изборен фалсификат имаат повеќе аспекти.
Помалите партии како „Виножито”, за разлика од поголемите, се наоѓаат во подредена положба пред се од финансиски аспект поради некоректните услови што ги наметнува грчкото законодавство. Секоја партија треба да плати за печатење на 25 тони бела хартија, а потоа и за дистрибуција на околу 11,5 милиони гласачки ливчиња, иако како што вели Филипов, оваа количина на хартија реално овозможува печатење на многу повеќе ливчиња.
„Големите политички партии се финансираат од државниот буџет за трошоци, па имаат на располагање милиони евра повеќе од помалите партии. Малите партии не добиваат ни евро. Партиите имаат право пред изборите да ги дистрибуираат гласачките ливчиња насекаде, што е најскандалозна и најфалсификувана процедура. На пример, кандидат на голема партија кој што во себе има илјадници гласачки листови оди во посета на малите средини, ги дели на граѓаните, им ветува, а може дури и да ги уцени велејќи им на пример: „Ви давам 10 гласачки ливчиња, знам дека вашето семејство гласа во тоа и тоа место и ако ми ги дадете вашите гласови, ќе лобирам за вработување на вашите синови и ќерки. Еве ти ги листовите, подели ги на членовите на семејството, кое е забележано од моја страна, а моите набљудувачи по броењето на гласовите ќе знаат дали навистина сите гласале за мене. Ова е реалноста во Грција во 21 век”, објаснува Филипов Воскопулос, нагласувајќи дека овој вид на уцени е карактеристичен пред се за локалните и парламентарни избори, додека во однос на европските, најизразени се финансиските неправилности.
Друг аспект од оваа нефер процедура се манипулациите што ги прават медиумите во однос на бесплатното политичко рекламирање што на партиите законски им следува.
„На минатите европски избори ни следуваа 5 минути бесплатно политичко рекламирање на ТВ каналите, но сите големи канали одбија да не емитуваат бидејќи сакавме да зборуваме и на македонски јазик. Овој случај и ден денеска, по пет години, се уште чека датум за судска разрешница”, информира Филипов.
„Виножито” тужи пет поголеми ТВ канали кои одбиле да ги емитуваат нивните спотови, за разлика од помалите кои ги емитувале во комичен термин, во 3 часот по полноќ. Годинава пак, одбиени се од еден голем канал, додека сите останати ги емитувале, но во термини од 2 до 6 часот наутро. Само еден канал емитувал спот на „Виножито” во 15,30 часот. Фалсификати се прават и на самиот изборен ден, открива Филипов.
„Во изборните единици исчезнуваат нашите гласачки листови. Претставниците на другите партии и членовите на изборната комисија се договараат меѓу себе, бидејќи “Виножито” е однапред прогласена за непријателска партија. Имаме информации за вакви обиди, но се разбира дека на некои места има и демократи Грци кои одбиваат да учествуваат во тоа”, вели Филипов, додавајќи дека други проблеми со кои Македонците се соочуваат се уцените и притисоците, но и ветувањата на поголемите политички партии, а понекогаш и нивната слаба свест.
Од „Виножито” се свесни дека со оглед на сето ова, партијата не може да има спектакуларни резултати, но и самото учество во ваква изборна трка претставува успех.
„Кога Грција одбива попис на македонското малцинство со аргументот дека малцинство нема, ние преку изборите се обидуваме да дадеме минимум доказ за нашето постоење овде. Дури и во оваа рамка што ја опишав, „Виножито” добива и по неколку илјади гласови, што претставува голема закана за националистичката идеологија. Големиот „кошмар” на грчките државни структури е припадниците на македонското малцинство да се ослободат, да го напуштат стравот, да го разбудат во себе македонското и да гласаат за единствената македонска партија во Грција „Виножито”, регистрирана само благодарение на европските институции. Ова е кошмар во Грција. Политичкото будење на македонското население и поддршка за Виножито“, вели за Нетпрес, Павле Филипов Воскопулос