Ако се терористи оние што сечат глави, што 

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    Ако се терористи оние што сечат глави, што 

    Ако се терористи оние што сечат глави, што се тогаш оние што ги разорија Виетнам, Србија, Ирак, Либија...



    Терористи и криминалци, Зло, тоа се луѓето што на невини им ги сечат главите. Се согласувам.

    Кои се оние што палеа Виетнамци, им труеја сè што растеше, им убиваа деца, им силуваа жени? Кои се оние што со беспилотни летала масакрираат петгодишни „терористи“ во Пакистан? Кои се оние што ги разорија Ирак, Либија, Тунис, Сирија, Југославија...

    Кои се оние на кои никогаш не им беше проблем да влезат во која било земја и да ја претворат во пекол, а потоа во прав и пепел? Кои се „западњаците“ што Путин го прогласуваат за „Хитлер“?

    Кој е Путин? Путин е моќник што сака од Украина, со сила, се разбира, да отсече парче и да ѝ го припои на „мајката-земја“. Можеби сака да ја припои цела Украина? Па? Само затоа Западот го смета за „Хитлер“? Кога не би било страшно, би било смешно. Дури и Берлускони е згрозен од ликот и делото на Путин. Се обиде да го вразуми. Залудно. Путин во увото на Берлускони викна, јас сум цар.

    Не можам да замислам дека Путин би ѝ се јавил на телефон на парталавата кукла во рацете на мафијата, ебачот на девојчиња, силеџијата на кој ниеден италијански суд ништо не му може зашто италијанските мафијаши немаат милост кон италијанските судии. Па сепак, разговорот Путин-Берлускони е брејкинг њуз.

    Кои се светските медиуми? Тоа се американските и европските телевизии, „угледните“ американски и европски неделници. Тие секојдневно ни јавуваат што на кого му рекол Путин, терорист поголем од оние сечачи на глави.

    Се чини дека, сепак, сè помалку луѓе паѓаат на американските, англиските, француските, италијанските и германските пиздеки и пиздачи што, што во живо што на мртво, ни ја цртаат вистината.

    И додека сите како еден мораме да се згрозиме кога ќе одлета некоја американска глава, мора бурно да му ракоплескаме на апсењето на силувачот Асанж, кој смртно болен дреме во таа амбасада во Лондон. Кога ќе излезе на светлина, Британците ќе го испорачаат поради силување на две Швеѓанки. Едната ја поебал додека спиела покрај него, другата без кондом. Кога Швеѓаните ќе го зграбат, ќе им го предадат на Американците, кои го бараат затоа што ја објавил... Што? Вистината. Благодарение на него, дознавме како функционираат „борците против тероризмот“, кои, не во живо, ќе му ја отсечат главата на Асанж.

    Што сè ни откри „силувачот“? ЦИА во полските затвори човечките глави ги става во клозетски школки, додека не признаат. Американците со години ги држат „терористите“, најчесто на детска возраст, заробени на острови. Луѓето во кафези се облечени во портокалови комбинезони. Немаат право на адвокат, дури ни на судење, не знаат зошто се обвинети ниту кога ќе бидат убиени. Американските војници опуштено, сите ги видовме фотките, во земја во која не би требало да бидат, мочаат по трупови на невини граѓани чиј единствен грев бил што живееле во близина на нафтени извори.

    Кој може да ги наброи сите демократски злосторства:

    Живи мртовци ползат по Газа во потрага по опстанок, црнците невини гнијат во американските затвори или на нив полицијата вежба гаѓање, бидејќи нивните тела се поевтини од глинени гулаби. Циганите се депортираат од Италија и Франција, полските работници се мачат во Велика Британија, се убиваат несреќниците што бегаат на Запад од земјите опустошени од војна, кои не би биле опустошени од војна кога би го немало Западот... Западната демократија има илјада лица.

    Путин е Хитлер, моментално ова е единствената вистина. Сигурна сум дека за месец, два или десет, „на врвот“ ќе се состанат „демократот“ и „терористот“. Украина никогаш повеќе нема да биде цела, но „демократијата“ ќе победи. Додека двоецот ќе се кези пред камера, сиромашните ќе бегаат на сите страни, мртвите ќе гнијат, а јас ќе се тешам дека отсекогаш имало војни и дека проблемот е што сега има Интернет. Вознемирени сме поради тоа што некои сечења глави се пренесуваат директно. Затоа ни се чини дека луѓето денес се поодвратни суштества од кога било досега.

    Има ли надеж за нас? Има. Сè почесто паѓаат дождови. Поплавите се сè пожестоки. Во сите земји во светот, без оглед на степенот на демократијата што беснее во неа, вулканите се будат. Глечерите се топат. Зимите се лета, летата се зими. Има надеж. Има надеж.

    Ведрана Рудан
    Текстот е преземен од блогот на авторката
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    #2
    Грчки јаболка за Русија со декларација на потекло - Република Македонија!



    Грците се обидуваат своите јаболка да ги продадат во Русија, означувајќи ги како македонски.



    Руските надлежни служби неодамна фатија контигент со грчки јаболка кои биле реекспортирани преку Белорусија со декларација на потекло - Република Македонија!



    Овој вид новогорчка гордост е срам за Балканот, нешто слично како кај Македонците кои одат во Грција на одмор.



    На граница Гркот му плука во лице, а годишноодморецот од „Република Скопје“ вика „дожд паѓа“.
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV

    Comment

    Working...
    X