РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ПО 13 ГОДИНИ

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ПО 13 ГОДИНИ

    Македонија е насилно врамена, ама сликата допрва ќе се создава

    Со заминувањето на рамковниот во историјата, како пример на политички шкарт што го произведе интересот заснован на алчност и самодоволство, а го вградија во државниот систем на Македонија слабиот капацитет, стравот и ситниот интерес на локалните елити, ќе заминат и вредносните системи што дозволуваат вакви експерименти и произведуваат колективни катастрофи



    ШТО НИ ДОНЕСЕ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ПО 13 ГОДИНИ

    Тринаесет години по потпишувањето на рамковниот договор се доволна временска оддалеченост од иницијалниот настан и веќе може да се донесат првичните оцени за производот, но и за неговите дизајнери, организатори и, секако, изведувачи. Впрочем, како што се прави кога историчарите и археолозите од пронајдените докази на терен изложен на секакви интервенции се обидуваат да создадат одржлива и горе-долу реална слика за некој или нешто што се случило некогаш и произвело конкретни промени.
    Ние сме современици на потпишувањето на договорот што се крчкаше во Охрид, а ритуалот на потпишување се изведе во Скопје. Како таков, дел е од пакетот за преуредување на планетава по мера на владејачката империја за 21 век. Тогаш ги немавме ни Асанж со Викиликс, ни Бредли, ни Сноуден. Далеку бевме од сознанието за глобалното прислушување, не беа случени на купче серијата обоени „спонтани“ револуции на северот на Африка, ниту походот на Сирија и второто полувреме од ослободувањето на Ирак... за да можеме да си објасниме што, по ѓаволите, ја предизвика 2001-та во Македонија со сите последици во кои живееме. Сега не сме. Сосема е јасно дека, како и многу други држави, и нашата настрада со планот за разнебитување на колективната идентификација на народите, а со единствена цел да се произведе „бројлер“-раса со самосвест на роб.

    За што лани нѐ извести гордо една од подизведувачките на работите на локално ниво, Лидија Димова. Таа рече: „ЕУ работи на тоа да исчезнат колективните идентитети и во иднина ќе постои само личен идентитет“. Не е случајно што проектов се изведува во државите и врз народите на чии територии настанале и живееле фантастични цивилизации (градители на човечкиот идентитет) и кои се чувари на континуитетот на сеќавањето од кое, пак, се создава идентификациската самосвест. Не е случајно што кампањата за апатично прифаќање на „новата реалност“ во Македонија се изведуваше под мотото „Не гледајте назад, туку само напред!“, што е противприродно за човекот како вид, оти има мозок, кој, меѓу другото, има својство и да се помни, оти за да ја планираш иднината мораш да си го знаеш минатото. Но од влезот во овој век, повторно плански и до корен се уништени Египет, Месопотамија (Сумер и Акад), Картагина, Феникија, Нубија, Палестина, Асирија, Вавилон, Македонија. Се работи за фамозната рецептура на Јулиј Цезар „раздели, па владеј“, само осовременета со англосаксонската колонизаторско-предаторска практика. Се работи за производство и инсталација на одмрзни-замрзни конфликти, односно за формирање неодржливи човечки заедници со втисната употребна вредност.

    „ДУХОТ“ СЀ УШТЕ НЀ ПРОГОНУВА

    Во контекстов, по 13 години, нема таков во Македонија што мисли дека рамковниот договор е договор за мир и стабилност. Нема таков што уште верува дека со ова парче гусарска политико-дипломатска акција, начкрабана како за идиоти, ѝ се обезбедуваат унитарност на државата, нејзина функционалност, внатрешна безбедност, зашто, како што нѐ уверуваше Б.Ц., „со рамковниот се апсорбирани и најрадикалните големоалбански барања“. Имено, ние денес сме соочени со „духот“ на тој договор, кој изгледа со невидливо мастило беше напишан како фуснота на документот од Охрид и веднаш по неговото преточување во устав беше пуштен од шишето. Сите, вклучувајќи ги и најдиректните актери, преостанатите живи потписници, без исклучок сите партиски „лидери“, самопрогласени интелектуалци, „водечки“ новинари и медиумски куќи, истакнати пратеници и политиканти, академици, црковни великодостојници и невладини организации, имаат дел од одговорноста за оживотворување на една од најбесрамните историски шашми на почвата на Европа во изведба на т.н. меѓународна заедница составена од САД, ЕУ и од НАТО.

    Тринаесет години потоа, сите овие се длабоко свесни дека учествувале во операцијата за инсталирање еден фелер во институционалниот, политичкиот и општествениот живот на државата Македонија. Но нема таков јунак што ќе собере храброст јавно да го соопшти тоа, да клекне на колена и да се извини за свињаријата што ја поништи победата во Втората светска војна, која го обезвредни АСНОМ, која го деградира македонскиот народ и неговата државотворност претворајќи го во етничка заедница и на таков начин ставајќи го во рангот на хомосексуалната, разузнавачката и каква ми ти не интересовна или ад хок подгрупа.
    Па се разбира дека со рамковниот, односно со операцијата на промена на уставната преамбула, настана и директната последица, Македонија денес да се бори за идентитетот на колективитетот, кој се самоидентификува како македонски, и тоа со домашните инсталати, меѓу кои предничи ДУИ, односно СДСМ (неговото раководство и интелектуално-медиумска логистика) и со моќниот клуб на привилегирани држави. Оти тој беше главна цел поради која беше измислена, истренирана и активирана балканската верзија на денешниов ИДИЛ (Исламска држава во Ирак и Левантот) и организацијата „пријатели на рамковна Македонија“, која дејствува преку Сорос, УСАИД и сл. Последица на овој механизам се пропагандните акции за сатанизација на „Скопје 2014“, преименувањето на аеродромот, именувањето на скопскиот стадион и автопатот, вклучувајќи ја и последната на Тодор Атанасовски и на Здружението на борците на Македонија за наводна „егеизација“ на Македонија.

    ПЛАН ЗА ПОДЕЛБИ

    Директна последица на рамковниот, а по гангстерски изведената територијална поделба на земјава во „духот“ на рамковниот, се вандалските походи на „невладините“ и „прогресивни“ организации и поединци, кои се залагаа за „мултиетничка“ ама строго автохтона македонска архитектура, креативните напади на традиционалните пагански карневали, обидите за бејрутизација и ерусалимизација на Скопје во изведба на Владе Милчин и неговите инсталати во цивилниот сектор, како и активирање на косовскиот пандан „Разбуди се“, кое напати ескалираше на скопскиот плоштад „Македонија“, на Скопското кале, во Чаир, во Ѓорче Петров и, последно, во Старата скопска чаршија, во ресторанот „Њу Орлеанс“. Имено, само индоктринирани плиткоумници и злонамерни профитери не сакаат да знаат оти преселувањето на државните институции на левата страна на Вардар (во нови зданија) го наруши планот за поделба на Скопје, што е последниот чекор до официјална поделба и на државата Македонија, а со тоа и нејзин крај. Архитектурата и стилот се ирелевантни. Каков и да беше „дизајнот“, реакцијата ќе беше буквално иста, оти ја руши намерата.

    Рамковниот е лабораториски произведено хибридно семе, кое, како што велеше арогантниот циник Љубомир Фрчкоски, треба да се избоксува на терен. Во сиве овие години од него на боксови одгледавме расад, па сега доаѓа времето тој пак со боксови да се засади на почва и да расте за да даде плодови. На планерите им се брза оти кубурат со време. Почна со претседателските избори, каде што ДУИ настапи со ставот дека шефот на државата мора да го избираат тие, оти инаку нема да го признаат. Продолжи со напад врз судскиот систем на државата, а ескалира со чистење на Старата скопска чаршија од македонска музика и Македонци-натрапници во албанскиот простор. Се пробува етничко разграничување и поништување на целта на проектот „Скопје 2014“, а тоа е отстранување на рамковниот фелер вграден во институционалниот систем со намера државата Македонија и формално да стане неодржлива. Почна во Скопје како обид левата страна на Скопје да стане албанска територија под владение на УЧК. Планирано и по разни поводи се изведуваат инциденти кобајаги спонтани за да се создаде атмосфера на несигурност и страв и со веќе познато финале: исплашените скопјани да се повлечат, а просторот да остане етнички „чист“.

    СРЕДСТВО ЗА УЦЕНИ

    Да. Најголемиот негативен и погубен учинок на рамковниот е активирањето на стравот во сите негови појавни форми поради кои Македонија дури и формира и води домашна и надворешна политика под влијание на култот на стравот. Кога малку ќе се олабавиме, веднаш ни стигнуваат закани однадвор за тоа што ќе нѐ снајде ако се отклониме од сценариото.
    По 13 години, овој ден го празнува само ДУИ, односно само разгранокот на косовската УЧК што институционално дејствува во Македонија како партија. Со оглед дека се работи за инсталат произведен за потребите на „Империјата“, тој нужно мора да биде секогаш на власт. Каква и да е реалноста. Само тој и таков факт е доволен за да знаете што и зошто нештата се случуваат. Македонија со рамковниот е во перманентна криза. Октроираниот устав не обезбедува сигурна иднина. Држава во која е тешко да се изгради функционален систем. Тој е полуавтоматски прекинувач за дестабилизација, за уценување, за активирање на стравот.

    И сѐ додека не се ослободиме од тоа чувство што го уништува човечкото битие и неговиот интегритет, додека не го исконтролираме со самосвест, рамковниот „апо“ ќе нѐ контролира. Ние ќе бидеме незадоволни во и од државата, ама ништо умно нема да направиме за да ја направиме функционална и ефикасна на општо задоволство. Не може Уставот да не биде библија, а рамковниот да остане врховна севременска догма. Дури и кога се гледа крајот на светската империја сосе нејзиниот „ексепшанализам“.
    Рамковниот договор е причина што Македонија стагнира во демократизацијата на општеството, во функционирањето на институциите, особено во спроведувањето системски реформи, кои треба да го променат вредносниот систем. Имаме некаковси „Бадентеров принцип“, од кој се огради и човекот по чие име е крстен. Имаме вонуставни, а сепак легални политички институции во централната извршна власт што вонуставно се занимаваат со духот на рамковниот и ја рогобатат македонската државност. Само уште во Македонија инструментот позитивна дискриминација е претворен во носечки столб на верската, етничката, културната сегрегација и расизам.



    Потпишувањето на рамковниот договор временски се совпадна со масакрот кај Карпалак и подметнатата мина кај Љуботенски бачила

    МИСИЈА ДА СЕ ИСПРАВИ ГРЕШКАТА

    Но не е работата само во тоа што во Македонија под директна заштита на Вашингтон и Брисел албанското малцинство преку политичките претставници стана фактички владејачко, туку што за потребите на планерите, а преку рамковниот договор, го измести вредносниот систем дотаму што веќе секоја реформа ја прави невозможна мисија, оти предизвикува опасни политички и институционални кризи. Во мигов имаме 20 отсто застапеност на Албанци во секој сегмент на државната управа, имаме и професори и лекари и доктори на науки и судии и бирократи, ама за квалитетот на македонскиот државен апарат на секое ниво и во секоја институција, како што гледаме, „пофалбите“ ни стигнуваат токму од оние што и ни го смислија рамковното уредување. За ниските знаења, за немањето ни вештини ни способност да бидеш државен чиновник и функционер, се грижи рамковниот низок стандард (20 отсто застапеност) и, секако, образовните субјекти каде што се штанцаат неопходните дипломи и научни сертификати. Сите тие што се офајдија од рамковниот нормално е што се противат жестоко и уште пожестоко ќе се борат против реформите во администрацијата, во судството, во образованието и во здравството. Нормално, во името на „демократијата“. Оти така паѓа рамката скроена во Охрид, а потпишана во Скопје. Но додека таа не падне, Македонија нема да биде вистинска функционална држава, туку само рамка во која сенешто може да се наслика.
    Со заминувањето на рамковниот во историјата како пример на политички шкарт што го произведе интересот заснован на алчност и самодоволство, а го вградија во државниот систем на Македонија слабиот капацитет, стравот и ситниот интерес на локалните елити, ќе заминат и вредносните системи што дозволуваат вакви експерименти и произведуваат колективни катастрофи. Тоа е мисија на оваа генерација жители на Македонија, оти оваа генерација и ја дозволи грешката. Сега, по 13 години, сѐ ќе биде потешко, ама и егзистенцијален императив.



    Карневалот во Вевчани, 2012 г./Кафулето „Њу Орлеанс“ се најде на удар на вандалите поради македонската музика/Протестите во врска со процесот „Монструм

    Да не се дозволат сегрегација и гетоизација



    По двата напада на локалот во Скопската чаршија од страна на некои наакани албански „чистачи“ на теренот и фашисти, скопјани треба да покажат минимум сталоженост и самоувереност и масовно да одат буквално во секое ќоше, на секое место на левата страна на Вардар и така да демонстрираат подготвеност да ја бранат слободата на движење и живот без страв. Државата, нормално, мора да покаже дека нема да дозволи ни сегрегација ни гетоизација, а па најмалку фашизација на етничка и верска основа. Медиумите и интелектуалната „заедница“ мора да го растресат Владе Милчин, кој „невино“ почнува да подготвува нова „револуција“ од долу кон горе во исто време кога во Скопје почна да дејствува уште едно проектче на „отвореното општество“.


    Политичко наследство и отпад

    Кога се крчкаше рамковниот договор, СДСМ беше коалициски партнер во концентрациската влада, со која номинално раководеше Љупчо Георгиевски, а на чело на државата беше Борис Трајковски, со кого управуваа Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчкоски, Владо Поповски, Доста Димовска, Ѓунер Исмаил, Стево Пендаровски и Зоран Јолевски. Последиците со кои живееме се нивно дело. Од тоа нема бегање. И учките што седат дома, а земаат државна плата, и кадрите што со четврто одделение а со факултетски дипломи се дел од државната администрација, лекарите што од медицина знаат само за „аналгин“, а од судство само за крвна одмазда, и амнестираните злосторници против човештвото, сето тоа е нивно политичко наследство и производи со кои, разбирливо, не можете да одите во културен натпревар меѓу народите оти нема муштерии за ваква „стока“ ни во регионот, а камоли надвор од него. Додека Македонија не се ослободи од ваквиот политички отпад, во опасност е самата да стане радиоактивна депонија што го загрозува регионалното здравје.
    Ритуално заклана енциклопедија



    Во името на рамковниот договор и, уште повеќе, во името на произведениот дух на истиот тој „договор“, пред три години пропагандно, медиумски, политички беше заклана Македонската енциклопедија. Нема овде да елаборираме што е значењето на овој изведен ритуал пред кој се предадоа и државата и МАНУ. Само ќе посочиме на ужасните снимки на вакви ритуали што ги изведува денес ИДИЛ во Ирак, а ги снимаат камерите и ги пренесуваат медиумите.


    izvor: http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=23248


Working...
X