Дебакл на Европа - во парламентот влегуваат десничари и неонацисти
Тукушто завршените избори за европарламентот покажуваат силно свртување на европските гласачи - десно, често и сосема десно, во екстремната десница како во Грција или Унгарија.
Доцна синоќа, во два часот по полноќ, прес-службата на Европарламентот пред 2.000 акредитирани новинари-дописници од целиот свет, ги објави првите официјални резултати, според кои официјалната излезност во 28-те земји-членки на Европската унија е 43,09проценти од нешто над 400 милиони запишани избирачи. Според овие резултати, ЕПП освои 212 европратеници, Алијансата на социјалистите и демократите 186, Алијансата на либерал-демократите (АЛДЕ) е со 70 места во ЕП, Партијата на зелените и слободната алијанса имаат 55 европратеници, Европските конзервативци и реформисти 44, Обединетата европската и нордиска левица (ГУЕ/НГЛ) 43 и Партијата Европа за слобода и демократија (ЕФД) 36. Во идниот состав на Европарламентот, се очекува да има 38 независни пратеници и дури 67 неповрзани пратеници, што се всушност припадниците на крајно десничарските партии и неофашистите како „Златна Зора“, кои допрва се очекува да изберат дали ќе се приклучат на некоја од постоечките партии во ЕП или ќе формираат свои пратенички групи (за тоа се потребни најмалку 25 пратеници од седум земји-членки на ЕУ).
За мнозинство во Европарламентот е потребна поддршка на 376 европратеници од вкупно 751, со што е јасно дека партиите ќе мора да коалицираат или тесно соработуваат, со цел, меѓудругото, да го изберат и новиот состав на комесари на Европската комисија и пред се нејзиниот претседател. Најблиску до местото на Жозе Мануел Барозо е Жан-Клод Јункер од демохристијанската ЕПП, со оглед на тоа што беше нивен кандидат на овие европски избори. Поранешниот премиер на Луксембург, уште синоќа истакна дека победата на европските народни партии е јасна и дека тој ќе биде идниот претседател на Еврокомисијата, додека сегашниот челник на Европскиот парламент, Мартин Шулц, зад чија кандидатура застанаа европските социјал-демократи, посочи дека и тој се уште има шанси да застане на чело на неформалната Влада на Европската унија.
Според претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, пак, победата на ЕПП, иако е за дури 63 европратеници помалку од претходниот состав на Европарламентот, сепак е јасна и оваа партија треба да го даде идниот челник на Европската комисија. Но, првиот човек на социјал-демократите, Ханес Свобода, посочи дека за Јункер да биде избран на чео на ЕК, 376 пратеници во Европарламентот треба да го дадат гласот за него, а во моментов без договори и коалиции тоа не е можно.
- Ние не сакаме и нема да создаваме голема коалиција со ЕПП. Ќе бидеме силна опозиција во парламентот и Јункер ќе мора да го слушне и нашиот глас, а тоа е пред се барањето за помалку штедење во Европа во иднина, со цел да стане претседател на Еврокомисијата. Не е спорно дека тој може и треба да го заземе местото на Барозо, но чуди тоа што самиот Јункер се двоуми и во еден момент сака да ја превземе Комисијата, а во друг да стане претседател на Европскиот совет? - запраша на крајот Ханес Свобода.
Во односна претходниот состав на Европскиот парламент, кој броеше 766 пратеници, наспроти сегашните 751 места, може да се каже дека сите поголеми партии се губитници, бидејќи претходно имаа повеќе емста во Европарламентот. Па, така, најмногу загуби ЕПП, кој од 275 пратеници, во иднина ќе има 212. Европските социјал-демократи, чиј кандидат Шулц досега беше претседател на ЕП, претходно имаа 195 места, а отсега ќе имаат 186 пратеници во ЕП. Либерал-дмеократите паднаа за 15 места, “зелените” за три, евро-конзервативците загубија 12 места, додека крајната левица (ГУЕ/НГЛ) од 35 европратеници претходно, сега ќе има осум повеќе и ЕФД (Европа за слобода и дмеократија) од 33 се искачува на 36 пратеници во Европарламентот.
- Различните резултати ја покажуваат различноста во нашата Унија, како микс на пан-европската политичка дебата со специфични национални агенди. Како резултат на тоа, сите политички лидери на национално и европско ниво ќе мора да ја покажат својата одговорност кон ЕУ по овие избори - истакна првиот човек на Еврокомисијата, Барозо, по синоќешните избори.
Според најавите, конститутивната седница на новиот состав на ЕП треба да се одржи на 1 јули во Стразбур, до кога партиите ќе мора да коалицираат и да се договорат, како за тоа кој ќе ја води Еврокомисијата, така и за идниот претседател на Европскиот парламент. Досега, демохристијаните и социјал-демократите имаа џентлменски договор во однос на челникот на парламентот, па во првите две ипол години од преходниот мандат, Јержи Бузек од ЕПП беше претседател, а во последните две ипол години го замени германскиот социјал-демократ Мартин Шулц.
Во вторник, на неформален состанок на шефовите на државите и владите на земјите-членки на Унијата во Европскиот совет, ќе ги почнат првите консултации за идниот состав на Колеџот на комесари и нивниот предводник. А, денеска, Европарламентот се очекува да го даде конечнито список кои се од 16.300 кандидати во иднина ќе го заземат едно од 751 места во Европскиот парламент.
Крајно десничарската партија – Националниот Фронт победник на европските избори во Франција
Крајно десничарската партија – Националниот Фронт (НФ) e победник на европските избори во Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.
Партијата на Марин Ле Пен на национално ниво освои над 25 отсто од гласовите и претворено во седишта, тоа претставува меѓу 24 и 26 европратеници, далеку пред умерената опозициска десница УМП која освои околу 21 процент од гласовите и од 18 до 20 европратенички места.
Поразот на владејачката социјалистичка партија е тежок, и таа освојува само 14 отсто од гласовите или 13 пратенчки места. Проевропската партија од центарот УДИ-МОДЕМ е четврта политичка сила со околу 10 проценти од гласовите или меѓу седум и девет европратници, Зелените се со околу девет отсто од гласовите и со осум или девет европратеници и крајната левица – Фронтот на левицат освои нешто повеќе од шест проценти од гласовите или четири до пет пратенички места.
Франција во Европскиот парламент брои 74 европратенички места. Ваквиот резултат од европските избори ја става Франција во позиција на слабост, бидејќи најголемиот број од европратеници кои таа ќе ги испрати во Стразбур доаѓаат од крајната десница, два пати повеќе отколку тие од владеачките социјалисти.
Марин Ле Пен, лидерката на НФ, веднаш по соопштувањето на изборите побара распуштање на француското Национално Собрание и свикување на вонредени парламентарни избори, желба која очигледно претседателот Франсоа Оланд нема да ја следи. Но затоа пак НФ во своето седиште во Париз ги објави новите плакати на кои стои дека Националниот Фронт е првата партија во Франција.
Тешкиот пораз за конзервативците од УМП и посебно за владејачките социјалисти предизвикаа внатрешен земјотрес, чии реплики можат да доведат до големи промени во овие умерени политички партии.
Ова е првпат крајнодесничарскиот Национален Фронт да победи на избори во Франција, но и потврда на претходните изборни резултати, како на претседателските, така и на локалните избори од пред еден месец.
izvor: http://media.mk/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D...8#.U4MnlCizQ_d

Comment