ВЕЛИГДЕНСKО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСKОПОТ СТЕФАН
Ниеден договор не може да го подели обединетиот македонски народ
Ако се трудиме да го зачуваме нашето национално единство, и во поделената татковина и меѓу иселените Македонци по светот, ќе можеме пред сите и насекаде да покажеме дека со ниеден договор и со никаква одлука не може да се подели обединетиот македонски народ, порача во своето велигденско послание архиепископот г.г. Стефан. Тој во пораката, во име на целиот Синод на МПЦ-ОА и на целото свештенство и монаштво, го потенцира значењето на верата и на семејството во нашето општество.
- Нема подобро сведочење и исповедање на верата од нашето единство. Христовото воскресение е премин од смрт во живот, од распадливост и временост во трајност и вечност. Светата црква речиси повеќе од дваесет столетија му ја објавува на светот вистината за воскресението, кое е победа на животот над смртта; ја сведочи вистината која се открива и која ќе дојде како вечен живот – како заедница на човекот со сите созданија во Христа. Токму затоа ова е Голем или Велик ден - се наведува во посланието.
Поглаварот на МПЦ-ОА нагласува дека изучувањето на верата има пресудно значење во градењето здрава личност.
- Одговорноста за тоа, најпрво, ја имаат родителите. Ако детето уште во семејството биде научено на христијанските принципи на однесување и размислување, голема е веројатноста дека и во понатамошниот живот ќе се развие во духовно зрела личност. Така воспитан, младиот човек ќе може многу поуспешно да се справува со разновидните и секојдневни предизвици што ги носи животот. Семејството што подоцна ќе го формира ќе биде градено врз здрави темели - наведува архиепископот г.г. Стефан.
Тој додава дека познавајќи ја и сакајќи ја својата вера, ние ги почитуваме и оние што припаѓаат на друга вероисповед.
- Не може тој што добро ја познава и практикува својата вера, да биде обземен од дух на нетолеранција. Особено во мултиетничките и мултиконфесионалните општества, неопходно е да се развиваат толеранцијата и меѓусебното почитување. Сите верски екстремизми и фундаментализми потекнуваат од непознавањето или погрешното познавање на верата. Тоа е дополнителна причина поради која целосното интегрирање на веронауката како редовен предмет е од суштинско значење за нашиот народ - нагласува поглаварот на МПЦ-ОА.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DC72B0FB68553B4199134FB3FB1DB89 7&fb_action_ids=547250045298223&fb_action_types=og .recommends&fb_source=other_multiline&action_objec t_map={%22547250045298223%22%3A115026545367776}&ac tion_type_map={%22547250045298223%22%3A%22og.recom mends%22}&action_ref_map=[]

Comment