Се испитува староста на Охридско Езеро
Утврдувањето на точната старост и потеклото на Охридското Езеро ќе се испитува на пет мерни места од езерското дно, на најголемата длабочина во езерото, на локација во Струга, кај реката Черава и Градиште, но и на еден дел од езерото во Лин, Република Албанија
Во Хидробиолошкиот институт во Охрид денеска беше презентиран проектот за испитување на староста на Охридското Езеро што започна да се спроведува на почетокот од месецов.
Како што информира главниот истражувач на проектот доктор Бернд Вагнер од Институтот за геологија и минерологија при Универзитетот во Келн, Германија, досега е извршено испитување односно дупчење на длабочина од 104 метри.
- Според тоа што може да се забележи од овие метри, може да се заклучи дека се покриени веќе 150 илјади години од староста на езерото. Има уште за дупчење од 600 до 700 метри, така што треба да почекаме и да видиме што ќе се случи, вели Вагнер.
Според него, длабочината на која што се вршат испитувањата е прецизно утврдена, но ќе треба да се почекаат конечните резултати за утврдување на точната старост.
- Во однос на утврдувањето на староста, треба да има специфична подготовка за материјалите кои ќе бидат најдени во седиментот, како на пример, правот од вулканот во Италија, кои подоцна ќе се анализираат и ќе се утврдува нивното точно појавување во Охридското Езеро. Предвид треба да се земе и дека Земјината топка во минатото неколку пати се поместила од својата оска, што исто така влијае врз самиот геолошки состав на Охридското Езеро.
Примероците што ќе бидат земени, ќе се однесат во лабораторијата на Универзитетот во Келн, и во прво време ќе бидат достапни само за научниците вклучени во проектот, а по неколку години, секој којшто сака да ги анализира, ќе може со посебно барање да ги добие.
Во утврдувањето на староста на Охридското Езеро се користат современи методи и опрема, каква што применуваат триесеттина интернационални научници во светот кои се занимаваат со оваа проблематика.
Хидробиолошкиот институт во првата фаза, како што вели директорката на оваа јавна научна установа, доктор Сузана Патчева, дава само логистичка поддршка на проектот.
- Во следните научни фази, кога ќе се испитува биолошкиот материјал, Хидробиолошкиот институт ќе биде вклучен со свои научници, вели Патчева.
Во научната литература, се среќава податокот дека Охридското Езеро е старо од 2 до 10 милиони години, но како што додава Патчева, староста од 3 до пет милиони години се смета за поверодостојна. Истражувачките активности за утврдувањето на точната старост и потеклото на овој природен ресурс којшто е познат во светот по тоа што во него живеат најмногу ендемични видови флора и фауна, ќе траат до 17 јуни.
izvor: http://www.novamakedonija.com.mk/Det...tInstant=16417

Comment