УНИШТУВАЊЕ НА КОРЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА
Црквата може да биде и бугарска, ама не македонска
Дури и со сложени анализи, прашање е дали ќе се допре до корените на вистината оти Грците се погрижиле да ги избришат. Бугарите си ја присвоија црквата, носат свои туристи да се сликаат, вели архимандрит Царкњас
Портокалово-црвеникава фасада, ниска градба што личи на некое спомен-обележје - вака изгледа црквата „Свети Петар и Павле“ во стариот дел на градот Воден - реонот кој изгледа речиси идентично како охридскиот стар град. Македонците во Воден тивко признаваат дека е направена од рацете на македонските мајстори во 10 век. Но во поново време е реставрирана и направено е с` што е потребно за да се прикријат или уништат сите, и најситните, делови во кои се гледа мајсторлакот карактеристичен и единствен за македонските цркви. Тој не се среќава ниту во грчката ниту во бугарската, ниту во другите цркви. Сега оваа црква е музеј. Во нејзиниот двор е поставена табла на која стои дека е направена во 14 век.
- Бугарите си ја присвоија, тука доаѓаат бугарски туристи, се сликаат и се воодушевуваат оти била нивна црква. А таа е наша - македонска е. Но не смееме да кренеме глас - раскажуваат наши соговорници од Воден. И архимандритот Никодим Царкњас вели дека „Свети Петар и Павле“ е македонска.
- Македонскиот народ тука не прифаќа дека таа е бугарска црква. Нема во Воден Бугари, ама има многу Македонци. „Св. Петар и Павле“ е направена во времето на цар Самуил, во 10 век. Бугарите идат, носат туристи, оти според нив и Самуил е Бугарин. Можат да прават што сакаат, но една е вистината - ни објаснува отец Царкњас. Додава дека за тоа сведочат многу детали, како и самата историја. За жал, не може да се докаже, потребни се долги и комплексни анализи, а прашање е дали и тие ќе може да допрат до корените на вистината оти Грците се погрижиле да ги избришат. Дел од воденчани паметат раскажувања од дедовци и од прадедовци кои го опишувале стилот на македонските уметници што работеле во црквите во годините наназад. Според нивните кажувања, по 1912 година во овој дел Грците ги уривале или малтерисувале црквите во кои имало кирилски натписи. До урнатините граделе нови, а постојните ги преименувале и одново ги сликале.
- На пример, митрополијата во Лерин, „Св. Пантелејмон“, е толку слична со битолската, што и странец да си ќе забележиш дека се правени од рацете на исти луѓе. Проблемот е што во православието државите го уништија единството, па секоја држава си има свое православие, што не е случај со католицизмот. А знаеме како се расположени Грција и Грчката црква кон Македонија - заклучуваат неколку наши соговорници во Воден.
„Типично дело на бугарска архитектура“
Ако на пребарувачот „Гугл“ се впише на кирилица „Свети Петар и Павле“ и до него Воден како дополнителна спецификација, се појавува дека нема резултати. Ако истото се повтори, но овој пат на англиски, излегува дека станува збор за типична „средновековна бугарска православна црква“ изградена кон крајот на 13 век. Однатре и однадвор е опишана како дело на бугарската архитектура и црковна традиција.
- Три слоја на фреските во црквата се зачувани до денешен ден. Најраниот слој се состои од три слики на мачениците на Едеса. Вториот слој се сликите во нартексот, а натписите во овој слој се на бугарски и грчки јазик, стои во описот на интернет.
Искра Kоровешовска