Јас, за жал, не ја фотографирав Ивана

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Јас, за жал, не ја фотографирав Ивана

    Interesen tekst za momentalnata politicka sostojba (kriza) i zbidnuvanja vo R.Makedonija.

    Јас, за жал, не ја фотографирав Ивана

    Ќерката на Трајко Велјановски се сликала во долна облека. А работи во Народна банка

    Башка згодна и убава. Беља работа! Замислете да објавеше дека била на кастинг за римејкот на Емануела? Јас како ултрадесничар, кој исклучително ги почитува делата на Лари Флинт и Хју Хефнер, како обожавател на женското тело што смета дека секоја жена барем еднаш во животот би требало да позира гола, затоа што во тие тела ја гледам совршената креација на божествената рака, искрено да ви кажам, откако петочново утро ја видов ударната вест на запенавените демократи, го добив она исто чувство како што се почувствував кога спротивставената страна драмеше околу тангата на убавата Бендевска.

    Какво истражувачко новинарство, еј! Јас немам разголени фотографии од себе, таквите сигурно ќе ви го расипат денот, ама доколку либералниве и демократски новинари паднат во очај од недостиг од антидиктаторски ударни вести, можам да им испратам неколку фотографии од една журка на која сум под дејство на хавајски халуциногени печурки што ми ги донесоа од Холандија. Додуша, тие фотки се од времето кога експериментирав со своето лудило, време кога Груевски не беше ни министер, ама што е битно времето, важни се само фотките и текстот составен од самопрогласени интелектуалци и либерали, па доколку навистина паднете во очај, слободно барајте ме, веднаш ви испраќам фотографии, а вие ставете текст, нешто отприлика поддржувачот на диктатурата, вмровскиот талибанец, лумпува на халуциногени печурки. Пуританци еј, ко да сте откриле скандал со некој битен директор на државна институција нашмркан на кока!

    Пред некој ден среде вечерна дружба и дискусија ме прашаа што мислам за исфрлањето на новинарите од галеријата во Собранието по повод предновогодишната теревенка на власта и опозицијата. Реков, и јас би ги исфрлил новинарите, би ги оставил внатре само снимателите и камерите вклучени. Зошто? Само затоа што не ги доживувам новинарите како гласноговорници на вистината, туку како партиски портпароли. Згора на сѐ, мерат со двојни аршини. Зошто, на пример, ЗНМ реагираше само за исфрлањето на новинарите од галеријата, а не и за нападот на Стевче Јакимовски врз новинар на Сител? Или во Сител нема новинари? И зошто само тие што ја поддржуваат опозицијата се новинари, а оние што ја поддржуваат власта не се? Колку што ми е познато во светските демократии има медиуми што поддржуваат политички опции и никој не прави драма за тоа. Да знам, јасно ми е што ќе ми кажете сега. Тоа се демократии, а тука е диктатура. Мене не ми е баш јасно во која сериозна диктатура можеш јавно по медиуми, на Интернет, среде улици да галамиш против истата таа диктатура, ама ај да речеме дека Груевски е толку лош владетел што и диктатурата му е несериозна.

    И како тоа опозицијата на улица против диктатура, а ваму само по илјада поддржувачи на собирите? И зошто ја нема диктаторската полиција да ги ремети од тепање, како што тоа се случува во Египет (и за време на диктатурата на Мубарак и сега среде демократијата што им ја донесе Западот) или во Шпанија (додуша таму не е диктатурата на Франко, туку Четвртиот рајх на ЕУ)? Добро, знам, ќе ми речете народот е исплашен, Македончето чува кубур, Грујо сите ги потплати.

    Ама и тоа не е точно, оти оние што читале историја знаат дека овде имало отоманска окупација и набивање на кол, фашистичка диктатура и масовни стрелања, имало и такви со скриен кубур, имало потплатени нашинци од тогашните окупатори, ама Македонците пак се кревале на масовни востанија. Толку ли е Груевски моќен, на сите ли ни стави халуциногени печурки во пијачката? Јас знам дека не е така, ниту е Груевски толку моќен, ниту македонскиот народ е глуп, потплатен и исплашен. Реалноста е сосема поинаква. Десетнаесетти пат по ред ВМРО-ДПМНЕ добива мандат на предвремени парламентарни избори, какви што немало за време на мандатите на СДСМ. Последните вакви избори од светот беа признаени за најдемократски во македонската независна историја. Јас сум со цело срце и душа против зачленувањето во ЕУ, оти, знаете, не ми се оди кај што ме понижуваат, ама кога власта и опозицијата имаат консензус околу тоа, мора да се признае дека токму оваа владина гарнитура токму годинава што измина ги доби највисоките оценки од маршалот Брисел.

    И кај е тука приказната на опозицијата? Ќе пука ако нема избори без нив. А 1994? А избори без опозиција?
    А цел мандат истеран без опозиција? А приватизација што остави 300.000 луѓе на улица и Привремена спогодба што го бетонира проблемот со Грција? И сето тоа во тој мандат добиен на избори без опозиција? И кај е вистината тука? Едноставно е. СДСМ нема програма, СДСМ според последните мерења на ИРИ, кои и самите не ги оспорија, има катастрофален рејтинг, СДСМ нема направено ниту една внатрепартиска реформа. Тонч. Ај да одиме на улица, да викаме дека е диктатура и со помош на странска интервенција да дојдеме на власт. Грчко сценарио, крај на муабетот. А кога сме кај Грците, колку само ни фали во политичкиов живот една наша варијанта на грчката СИРИЗА, оти стварно доста е од елитистиве. Кај е побогу Ленка?

    Ете го, пак потплатениот вмровец против опозицијата. А власта? Што бе власта? Власта веројатно знае дека има сериозен проблем. Нема креативна и способна опозиција со која ќе си ги мерат програмите за да се надградуваат. Власта може да се загуби во својата удобност, оти нема конкуренција на пазарот, некој што постојано ќе го подига квалитетот, за да има постојана битка на идеи и решенија. Оти од елитистите на црвената буржоазија излезени на улица што сакаат власт без избори нема фајде. Таму сѐ е фол. Како она типче качено на лада, брендирано од глава до петици, кое тупи дека нема сто денари. И после ми се лутат што му се фаќам за скапата гардероба. Па нормално дека за тоа ќе се фатам кога се пенави дека нема сто денари, да ми зборуваше за конкретни идеи и решенија ќе ми беше гајле како е облечен. Еве јас ќе му ги купам ракавиците за триста денари. Сто денари ќе има за внука му, сто денари за да јаде, а со последните сто ќе може да си купи плетени ракавици од пазар, какви што јас си купив кога падна снегот. Не ми кажувајте, си знам јас, ќе ми дојде крајот кога демократите насилно ќе преземат власт, ама гајле ми е, и вие да си знаете, јас сум верник, за мене страданието е нешто што мора да се преживее. А сакав оваа колумна да ја посветам на учењето на Исус, Божјото царство за кое нѐ учи, каде што нема власт и нееднаквост, за одговорноста што ја преземаме на себе со неговото доаѓање, за сметка на дотогашното - Бог казнува и Бог наградува. Ви посакувам на сите среќни празници. Христос се роди!

    Авторот е уметник

    Автор: Александар Русјаков

    izvor: http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22772
Working...
X