Амбасадорот на Македонија во НАТО во посе

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    Амбасадорот на Македонија во НАТО во посе

    Амбасадорот на Македонија во НАТО во посета на Авганистан



    Советот на Северноатланската алијанса (НАК) во комплетен состав, како и амбасадорите на неколку земји контрибутори во мисијата ИСАФ, меѓу кои и амбасадорот на Република Македонија во НАТО Мартин Треневски, предводени од Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен, престојуваа од 17 до 19 октомври во тридневна посета на Авганистан.



    Генералниот секретар на НАТО Расмунсен и 35-те амбасадори на аеродромот во Мазар ел Шериф пред полетувањето за Брисел Целта на посетата беше амбасадорите од 35 земји членки на НАТО и седум земји-контрибутори да се информираат од прва рака за состојбите во земјата, за подготовките на авганистанските одбранбени сили да ја преземат комплетната контрола за безбедноста во земјата по повлекувањето на главнината на борбените сили на НАТО по 2014 година, како и да се даде јасна порака на авганистанските лидери дека меѓународната заедница нема да го напушти Авганистан, туку дека мисијата ИСАФ ќе се трансформира во нова улога без учество во воените операции, а меѓународната помош ќе продолжи во нова видоизменета форма.



    Амбасадорите реализираа богата програма на активности и средби, меѓу кои и со претседателот на Авганистан Карзаи, со врховниот командант на мисијата ИСАФ, генералот Ален, како и со повеќе гувернери на провинции во земјата.

    Главниот штаб на ИСАФ мисијата со седиште во Кабул повеќе години го обезбедуваат војници на Армијата на Република Македонија кои, според оценките на највисоките воени команданти на мисијата ИСАФ, оваа должност ја извршуваат со многу висок професионализам и одговорност.



    Амбасадорот на РМ во НАТО Мартин Треневски ги посети прiпадниците на македонската чета во врховната команда на ИСАФ во Кабул и имаше неколку часовна средба со нејзините команданти, при што информираше за најактуелните случувања во седиштето на Алијансата во Брисел, за плановите на сојузниците во оваа операција во која учествуваат вкупно 50 земји членки на НАТО и земји-контрибутори меѓу кои и Република Македонија, за периодот по 2014 година кога ќе престане ангажманот во воени операции и најголем дел од трупите ке бидат повлечени од Авганистан, а одговорноста за безбедноста во земјата ќе ја преземат одбрамбените сили на Авганистан. Мисијата ИСАФ ќе се трансформира во советодавна, а акцентот ќе биде на обука на одбранбените сили на Авганистан, градење на институциите на државата, како и на инфраструктурни и економски проекти.



    Вкупно 35 амбасадори кои го посетија Авганистан имаа можност да разговараат и со командантите на регионалните команди на ИСАФ за југот, истокот, западот и северот на земјата при што добија детални информации за состојбите во нивните воени региони. Амбасадорите го посетија и Мазар е Шериф каде во Регионалната команда Север на ИСАФ, која е под германска команда, разговараа со повеќе гувернери од северот на Авганистан.



    Главна оценка од посетата на Советот на НАТО на Авганистан е дека напорите што ги вложува Алијансата и пошироката меѓународна зедница во борбата против талибанците даваат резултати, авганистанската армија е оспособена сама да се соочува со бунтовниците и се поdgotvuva комплетно да ја преземе одговорноста за безбедноста во земјата. Голем проблем преставува мешањето на некои од соседите во внатрешните работи на Авганистан.
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X