Репортажа за Мала Преспа објавена во алба

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Репортажа за Мала Преспа објавена во алба

    Репортажа за Мала Преспа објавена во албанскиот весник Корча


    Од: Васил Стерјовски и Вехби Фурџи

    ПРЕСПА УБАВ ТУРИСТИЧКИ БИСЕР СО ОДЛИЧНА ИДНИНА

    mala-prespa

    Едно топло утро крајот на август, автомобилот ја остави зад нас Корча, која ги прави последните подготовки за “Пиво Фестот”, и влегува на автопатот.

    Арбен Костури, претседател на ромкото здружение “Дисутни Албанија”, кој што ја возеше колата, му вели на Васил. “-Ако се обединиме ние малцинствата во Корча за парламентарните избори 2013 година ке добиеме еден пратеник...

    Нас Ромите не имате со вас, видете со другите, освен во четири години, за секоја година да се направи со ротација, така што секое малцинство да има еден престaвник пратеник, така првата година н.п.р македонското малцинство, после Ромите, Власите, Еѓиптјаните. Васил слуша со внимание и му одговара!

    -Ова е добра идеја но треба да се институциализира, треба да се направи еден договор.... Колата врти лево и го искачува планинскиот предел “Звезда”, целиот пат од Сонблак, Пустец, Долна Горица, граничен премин Горица е асвалтиран.

    Патувајки се појавуваат пред нас девете села на општина Преспа, каде 90% од куќите се нови и езерото, со островот “Мал Град”, е чисто како огледало.

    Зелените планини кои стојат како круна прават прекрасен пеисаж.

    На крајот од патувањето застануваме во Пустец, кој е центар на општината. Градоначалникот Едмонд Темелко, кој е и претседател на “Друштво Преспа”, син од ова област го наоѓаме на прием со народот.

    Секретарката Кристина не известува дека нема временски распоред за прием и градоначалникот ги прима граѓаните секој ден, слушајки ги нив со внимание и превезема мерки за решавање на нивните барања и маки...

    temelko

    Го оставаме градоначалникот со неговата работа и правиме една прошетка покрај убавото езеро, уживајки во импресивната глетка со чистата вода на езрото како кристал, песочните и карпестите плажи, каде непречено под шаторите се соначаат туристите, кој се дојдени не само од Корча, но и од други погранични места како Македонија и Грција...

    Се враќаме на разговор со градоначалникот на општината Едмон Темелко, кого жителите од македонското малцинство го имаат избрано по втор пат, почитувајки ја така работата што ја врши во корист на развојот и напредокот на областа.

    Тој иако уморен, пријателски ни раскажува со кокретни факти, не само за постигнатите резултати, но и за проблемите и неговата современа визија да ја направи Преспа туристички бисер.

    prespa2

    Тој продолжува со разговорот, побара средба со премиерот на Албанија г-дин Сали Бериша и тој не само што одма го прими со полн почит, но и со внимание слушаше за проектите и современата визија за развојот на туризамот во прекрасната област Преспа на начин што, нејзините потенцијални ресурси да се активизираат на студиска основа за таа да стане еднен од најдобрите туристички центри во Албанија и во пограничниот регион.

    –Премиерот му вети на Едмонд дека го цени проектите и дека ке се нафати за нивно решавање, врз основа на еден достоен урабнистички план за ова убава област.

    -Едмонд беше задоволен од средбата со премиерот, и заблагодарувајки му рече: “-Те чекам во Преспа! –Добредојдени сте од сите...

    temelko-berisha
    Едмонд Темелко и Сали Бериша

    Не помина една недела, продолжи со разговорот Едмонд, и ме повикаa во Тирана со препорака од премиерот каде се сретанав со г-дин Бенет Беци, Директор на Албанскиот Фонд за Развој, каде заедно разговаравме, според препораките на премиерот за современиот урабнистичкиот план на областа Преспа.

    Едмонд зборувајки убедливо ни покажува како заврши асвалтирањето на патот, еден сон на преспанци, од селото Сонблак, Пустец, граничен премин Горица, кој граничен премин се изгради минатата година заедно со граничниот премин Тушемиште во Поградец.

    -Мислејќи се малку , и гледајки не , ни раскажува за една интересна идеја , за да се затвори “Кругот”, треба од автопатот Корча-Капштица (кој оди до Албанско-Грчката граница), кога вртиш за селото Трени и после селото Ракицка (патот е асвалтирна последните две години) треба продолжува Едмонд, да се асвалтира патот Ракицка, Церје, Зрноско. Јас се надевам дека, набргу Владата ке го асвалтира овој пат без разлика на тешкотиите што овој пат ги има.

    Не верувам министерот за финасии, Ридаван Боде да ја остави на пола започнатата работа. Асвалтирањето на патот Трени-Ракицка се направи квалитено, сега останува другата половина Ракицко, Церје, Зрноско. Така, ке се воспостави не само асвалтирана патна врска помеѓу трите држави Албанија, Македонија, Грција, но и туристичка врска каде Преспа ке биди поврзувачка алка.

    Ова година го реконструиравме училиштето во Туминец, како и го асвалтиравме патот од село Туминец до националниот пат.

    Фамилјарниот туризам од ден на ден се зголемува, но и услугата на овој туризам е подобрена, како во Долна Горица, Туминец, Глобочени, Пустец и Зрноско.

    Во областа функсионираат 10 мотели со оптимални услови.

    На осторовот Мал Град има започнато со работа една албанско-грчка археолошка ексепдиција.

    Исто така, во Туминец има неколку години како една француско-албанско екседиција врши археолошки ископувања. Од првичните резултати, излегува праисториско живеалиште од доцниот неолит, каде се пронајдени алатки за работа од камен за преработка на земјата, керамички предмети, алатки за риболов идр. Се мисли да се изгради еден регионален музеј во нашата област.

    Општина Пустец има 4000 хектари општински шуми, и сме една од првите општини што ги менаџираме овие општински шуми, и сме во процес на регистрирање, и добивање на сертификат за сопственост од страна на земјоделците, според една одлука на Советот на општината за распределба на општиските шуми според фамилиите. Селото Горна Горица е земено како пилот село, за таа цел, ова акција за сопствени шуми има неколку добри работи, добро менаџирање, грижа и заштита, противпожарна заштита, обновување и нема незаконска сеча на шумите.

    Одморајки малку, Едмонд продолжува да ни кажува за договорот на градоначалникот на Пустец (Албанија), Едмонд Темелко, градоначалникот на општина Ресен (Македонија), Михаил Волкановски, и градоначалникот на општина Преспа (Грција), Васил Цепа, во рамки на пограничната соработка и “Преспа Паркот”, бараат од три влади отворање на два нови гранични премини кај “Церје” помеѓу Албанија и Грција и кај “Маркова нога” помеѓу Македонија и Грција. Идејата за отварање на овие два гранични премини се совпаѓа со развојот на туризамот околу двете Преспански Езера.

    Идејата е многу значајна и содава олеснително движење за туристите во трите држави, и пошироко. Така еден турист, за да дојди од Грција во Преспа треба да помини од граничниот премин Капштица, околу 80 км пат, додека со отворањето на двата гранични премини, за само 5 км е во Преспа, што граничи со три држави и за час и половина можи да се направи обиколка околу Преспанско езеро, додека денеска туристите треба да поминат цел ден за да го обиколат Преспанко езеро.

    - Досега е злоупотребувано во нашата област со средствата од разни фондации и од нивните менаџери , затоа што 90% од овие средства се користат за “работилници”, и не е постигнато ништо кокретно. Друга е работата со петгодишниот проект на германската КФВ за Националниот Парк Преспа во вредност од 3.5 милони евра, што ова година има почнато да се инплементира. И во рамкиите на овој проект е реконструирана и внатрешно опремена зградата на паркот во Долна Горица, како и се купени џипови, и мотоцикли за зачувување на шумите, како и глисер за зачувување на езерото.

    Општина Пустец во соработка со општина Преспа од Грција успеа да добијат заеднички проект од ИПА фондовите за погранична соработка и наскоро од овој проект, кој е во вредност од 168 илјади евра, ке се купат три туристички бродчиња, две ке се користат во Грција во Големото и Малото Преспанско езеро, додека едно во Големото Преспанско езеро во Албанија. Тие ке работат на сончева енергија за да не го загадуваат езерото. Овие бротчиња ке се употребуваат за туристички прошетки по Преспанските езера од страна на туристите од трите држави и секое бротче има по 15 места.

    Г-дин Едмонд Темелко не се двоуми јавно да раскажи за проблемите и обврските што ги има спрема заедницата. Проблемот со вода за пиење е решен само во две села Пустец и Туминец, додека во Глобочени најдена е водата, останува само внатрешното мрежно поврзување. Така во 6-те села останува проблем водоснабдувањето и канализацијата, како еден природен проблем, кој што треба да се реши не само за семејствата но и за туризамот во ова област која има големи туристички ресурси.

    Имаме аплицирано во Генералната Дирекција за Водовоd и Канализација во Тирана, продолжува Едмонд, но за жал немаме добиено никаков одговор?!...

    Областа Преспа е позната по убавите традиционлани ора и песни. Ние секоја година организираме со нашите скромни можности областен фолклорен фетивал, што самиот по себе преставува празник на убавата традиција, но овој фестивал треба да го финансира Комитетот за заштита на малцинствата при министерството за култура на Република Албанија и во иднина треба да го институциализира овој тадиционален фолклорен фестивал и да обезбеди негово финансирање, каде ке има можност да се натпреваруваат и нашите погранични пријатели, како форма на размена на културните и пријателски вредности.

    -Министерството за образование да го почитува законот и пред почетокот на учебната година да овозможи да се испечатат книгите на македонски јазик кој недостигаат во школите во општината.

    -Беше доцна попладне, каде ние, заедно со градоначалникот на општина Пустец излеговме заедно од неговата канцеларија. Се извинавме затоа што го задржавме толку доцна, но тој не прекина и со насмевка ни рече: -Ова е еден нормален работен ден за мене...

    Центарот на општината е одалечен 25 километри од градот Корча. Во општина Пустец живеат 5,200 жители по националност Македонци .Територијата на општината се софпаѓа со Националниот Парк Преспа.
    Општина Пустец е составена од 9 стари села и едно ново село кое сега се формира. Селата се Пустец, Леска, Зрноско, Церје, Шулин, Глобочени, Долна Горица, Туминец Горна Горица и новото село Нова Горица.

    mal-grad

    Островот Мал Град

    Преспанско Езеро има површина од 253.6 км2 од кои 49 км2. му припаѓаат на албанскиот дел, и со една максимална длабочина од 56 м, и има тектонско потекло. Надморската височина на површината на езерото е 850 м. Просечната годишна температура на водата е 11,8-13,1 С. Брегот на езерото делумно е висок карпест и низок со песочни и карпести плажи. Се наоѓа подводна врска помеѓу Преспанското и Охридското Езеро на местото викано “Завер” каде се наоѓа и пештера која што е откриена во последниве години со две мали езера во неа.

    На албанската страна на езерото се наоѓа и островот Мал Град каде се наоѓа и една црква внатре во пештера од 14 век. Црквата Св.Богородица позната е по ансамблот на византиските фрески. Фауната е богата и опфаќа ретки птици како Белиот Пеликан.

    pat-pustec

    Новиот асвалтиран пат

    Во областа Преспа се наоѓаат многу цркви и еден манастир, од различни историски времиња. Многу познати за своите вредности што ги имаат се пештерските цркви од Византиски и Пост-Византиски период кој се наоѓаат на брегот на Преспанското Езеро.

    Во септември 2008 година Преспа е избрана од престижните списанија Форбес и Осамена Планета во 20 најубави европски дестинации.

    Преставниците на двете списанија ја имаат поставено Преспа помеѓу 20 избрани туристички места . Националниот Парк Преспа се простира на површина од 27.750 хектари се формира со одлука на Советот на Министри бр80 од 18.02.1999 година како Национален Парк.

    На 2 февруари 2000 година после потпишувањето на Декларацијата од страна на трите Премиери на Македонија Албанија и Грција Националниот Парк Преспа стана дел од пограничниот Преспа Парк заедно со Националниот Парк Преспа од Грција и Националниот Парк Галичица од Македонија.

    Флората и фауната во Паркот се единствени Цицачите се претставуваат со 26 видов, 9 видови ноќни лилјаци, 2 инсективни, 8 роденти, 6 карнивори и 1 лагоморфен.

    Ја споменуваме мечката, волкот, кунатката, дивата свиња и др. Важно е да го спомнеме и присуството на еден редок вид и глобално загрозен ,( Lutra lutra ) кој се наоѓа на езерскиот брег како и два вида на ноќни лилјаци два вида глувци, смерделката и дивата коза и овие загрозени видови.

    Во Преспанско Езеро се наоѓаат разни птици како нуркачите,чафката, роската, белата водна кокошка, штркот и др. Во Преспанското Езеро живеат окулу 11 видови амфиби и 14 видови на рептили и се регистрирани 21 видови на риби, 6 од 12 месни видови се ендемски како мренката, плашицата, скобусот, Преспанската пастрмка и др. Во Паркот растат и 57 видови билки.

    pustec

    Пустец

    Линк од весникот Корча

    Репортажата се наоѓа на 2-3 страна



    Едно топло утро крајот на август, автомобилот ја остави зад нас Корча, која ги прави последните подготовки за “Пиво Фестот”, и влегува на автопатот.
Working...
X