Наставните програми по историја треба да се менуваат
29.08.2012 - 19:19 |
Македонија
Наставната програма по историја не е променета од 1991 година, затоа треба да се ревидира, осврнувајќи се на најновите резултати на историските истражувања.
Недостаток од дебата за промена на програмата, создавање на иновативни онлајн материјали. Ова се само дел од забелешките на извештајот од проектот “Клуч за отклучување на минатото” на асоцијација на наставници по историја во Македонија, АНИМ.
Заменик – министерот за образование, Сафет Незири смета, дел од овие забелешки на историчарите би се надминале со создавање на учебници кои ќе ги обединат сите етнички заедници во Македонија.
Наставниците по историја ова истражување го спроведоа во соработка со европската асоцијација за едукатори по историја Еуро Клио, а проектот е поддржан од белгиското и од норвешкото министерство за надворешни работи.
Елена Бошковска

Comment