На маргините на Школата за млади лидери што се одржува во Охрид под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, преставници на македонското и ромското малцинство во Албанија, Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интерација и Арбен Костури преседател на ромското здружение Дисутни Албанија остварија средба со Филип Рикер заменик помошник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави.
На средбата Стерјовски и Костури го запознале Рикер со положбата на малцинствата во Албанија и потешкотиите што ги имаат околу интегрирањето во социјалниот, културниот и политичкиот живот , како и за проблемот со образованието на мајчин јазик за преставниците на малцинствата. При тоа тие побарале подршка од официјален Вашингтон за подобрување на правата на малцинствата во Албанија.
Заменик-помошникот државниот секретар Рикер, бил информиран дека малцинствата се лојални граѓани на Албанија и бараат што побрзо итегрирање на Албанија во Европската унија и дека интеграцијата треба да оди паралелно со подобрувањето на правата на малцинствата.
Заменик-помошникот државниот секретар Рикер истакнал дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да помагаат во интегрирањето на Албанија во Европската унија, затоа што ова е единствената алтернатива на Албанија како и на земјите од регионот, и оти почитувањето на правата на малцинствата е еден од приоритетите од исполнувањето на стандартите за европската интеграција.
Исто така, Васил Стерјовски и Арбен Костури се сретнале и со претседателот Иванов со кого разговарале околу положбата на малцинствата во Албанија и во Македонија.
Македонците од Албанија побараа подршка од САД (kanal 5)
Македонците од Албанија побараа подршка од САД - YouTube
Albaskata televizija TV Lobi izvestuva za nastanot
Maqedonasit ne Shqiperi takim me Filip Reeker, Македонците во Албанија средба со Филип *икер - YouTube

Comment