Датум: 09.08.2012, 18:16
Се подготвува изложба за антиЧкиот воЈсководец во АвстралиЈа
По грчката изложба во париски „Лувр“ за Александар, голема руска постановка на музејот „Ермитаж“ закажана за ноември во Австралија ќе го претстави античкиот освојувач како крал што ја „консолидирал македонската надмоќ над грчките градови“
Откако изложбата за Александар Македонски, што Грција ја организира минатата есен во париски „Лувр“, требаше да ја докаже грчкоста на античкиот војсководец, изложбата што ја подготвува рускиот музеј „Ермитаж“ за ноември во Австралискиот музеј во Сиднеј, прави јасна дистинкција дека тој е „македонски крал што ја консолидирал македонската надмоќ над грчките градови“.
Музејот „Ермитаж“ од Санкт Петербург првпат ја носи големата постановка за Александар во Австралија. Повеќе од 400 артефакти поврзани со античкиот војсководец ќе пристигнат во Австралија со три авиони и со специјална полициска придружба, а ќе ги претстават 29 куратори од „Ермитаж“.
- Досега не сум видел таква подготовка за ниедна изложба во Австралија – вели д-р Ѓоко Муратовски, професор по комуникациски стратегии на Универзитетот „Свинбурн“ од Мелбурн.
Kако внимателен посматрач на случувањата во Австралија, каде што живее последниве десетина година, и во Македонија, од каде што потекнува, Муратовски, кој и професионално се занимава со маркетинг и комуникации во сите сфери, во оваа изложба гледа добра можност за пошироко промовирање на опструкциите со кои е соочена Македонија во своето меѓународно позиционирање.
- Со оглед на тоа што Австралија допрва треба да ни го признае името, мислам дека би било добро доколку претседателот Ѓорге Иванов дојде на отворањето на изложбата и оствари неколку службени посети тука. Не би имало подобар момент за промовирање на македонската позиција во Австралија. Ваква шанса не смее да се пропушти – смета Муратовски.
Грк или Македонец
Откако користењето на името на Александар Македонски за аеродромот и за автопатот, како и поставувањето на неговиот споменик во Скопје, станаа аргументи за ветото што Грција го постави во евро-атланската интеграција на земјава, и онака нерационалниот натпревар по прашањето „чиј е освојувачот“ како да доби на интензитет.
Минатата година, во ноември, Грција, во време кога должничката криза што подолго време ~ се закануваше веќе стана извесна, во париски „Лувр“ организираше голема изложба со експонати за Александар Велики, која требаше да покаже дека славниот војсководец е Грк, што потекнува од онаа Македонија која денес е дел од Грција.
- Треба да видиме како наследството на уникатното кралство Македонија на Гркот Александар Велики ќе го однесеме низ целиот свет – изјави тогашниот грчки заменик-министер за култура Јоргос Никитијадис.
Француската кураторка на изложбата Софи Дешамп се придружи со изјавата дека за неа Александар е „младиот грчки освојувач“.
Изложбата на рускиот „Ермитаж“, пак, наречена „Александар Велики – 2000 години на богатство“, низ артефакти ја раскажува приказната за најголемиот антички освојувач кој ја консолидирал, како што велат руските куратори, „македонската моќ над Грците“.
- Освојувањата на Александар овозможија и на Исток и на Запад создавање неверојатна синтеза на култури и дури и на таков систем на размислување. Оваа синтеза водеше кон основите на идниот развој на светот и во нејзиното најшироко толкување доведе и до христијанската и до исламската култура – вели директорот на „Ермитаж“, Михаил Пјотровски.
Засега без провокации
Меѓу експонатите кои ќе бидат изложени се наоѓа и полирана базалтна статуа на Kлеопатра, египетска кралица од лозата на Птоломеите и портрет на кралската двојка Птоломеј, резбан по урнек на ликот на Александар, и Арсиное во моментот на нивната венчавка.
Поради хроничното присвојување на Александар и на правото на севкупното античкомакедонско наследство кое за Грција ~ припаѓа исклучиво нејзе, на глобалната мрежа и во политичката грчко-македонска битка за името се води речиси латентна војна за ова прашање. Речиси и не постои спомнување дури и на името на античкиот војсководец без последователна серија коментари и провокации чиј е и кому му припаѓа.
Засега, грчката заедница во Австралија, не пројавила никаква иницијатива да го погрчи начинот на кој Александар е прикажан во руската постановка.
- Грциве тука си ја гледаат работата и не се интересираат многу за тие балкански недоразбирања. Има некои што се обидуваат да предизвикаат ситни провокации, ама тоа се многу мали групи. Иако се гласни. Мнозинството не се заморува со таа тема – вели Муратовски.
Сепак, на социјалните мрежи не беше пропуштена забелешката од Македонец во Австралија дека помпезната најава за руската изложба се појавила во австралиските весници, како по неверојатна коинциденција на судбината, токму на 2 август.

Comment