ХОЛАНДИЈА СО ВЕТО НА АЛБАНИЈА ПОРАДИ МАЛЦ

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    ХОЛАНДИЈА СО ВЕТО НА АЛБАНИЈА ПОРАДИ МАЛЦ

    ХОЛАНДИЈА СО ВЕТО НА АЛБАНИЈА ПОРАДИ МАЛЦИНСКИТЕ ПРАВА

    Албанија трета година ризикува да не го добие кандидатскиот статус за членство во Европската Унија, бидејќи не ги има исполнето реформите кои што Европската Унија ги бара, вклучувајќи и подобрување на правата на малцинствата. И поради тоа ризикува да добие вето од страна на Холандија и други членки на Советот на Европа. Овие коментари ги даде холандскиот амбасадор во Албанија на прашањето поставено од Васил Стерјовски од Македонската Алијанса за европска интеграција на тркалезната маса за правата на малцинствата во Албанија.

    Васил Стерјовски: Албанија од Европскта Унија има добиено дванаесет препораки коишто треба да ги исполни за да добие статусот кандидат за членство во Европска унија. Една од препораките е и единаесеттата препорака. Таа се однесува на заштитата на правата на малцинствата во Албанија. Оваа година се направени повеќе напори за исполнување на овие препораки, но конкретно за ова точка не е направено ништо. Не се зборува во медиумите, но не го слушаме и меѓународниот фактор да притиска за почитување на правата на малцинствата. Дали Албанија може да го добие статусот кандидат конкретно не исплонувајки ја ова препорака?

    Henk Van de Dool: Клучни се дванаесет приоритети. Овие приоритети се речиси две годишни од 2010 година и само еден од нив е решен, а тоа е изборот на Народниот Правобранител. Другите единаесет сеуште се отворени. Не се согласувам со вас, ако велите дека е направен напредок во мнозинството од овие приоритети освен во единаесеттиот приоритет. Се согласувам со вас кога велите дека единаесетта и дванаесетта препорака се приоритетни, затоа што двете се во врска со човековите права. Условите во притвор и условите во затворите се поврзани со човековите права и се многу важни. Во овој процес на земја кандидат, нужни се два чекори, првиот чекор е што Европската Комисија дава препорака дали Албанија да го добие или не кандидатскиот статус и оваа препорака излегува во октомври и сум сигурен дека Комисијата нема да даде позитивна препорака ако Албанија не ги исполни сите дванаесет препораки. Но, јас не работам за Европската Комисија. Вториот чекор е во декември, земјите членки во Советот на Европа решават за препораката дадена од Европската Комисија. Советот на Европа е сочинет од дваесет и седум земји членки и сите тие треба да се согласат. Ви гарантирам дека ако не се исполнат сите дванаесет приоритети, без разлика дали има дадено или не препорака Европската Комисија, има најмалку една земја а тоа е мојата земја, која нема да даде согласност за да се даде статусот кандидат. Познавајќи ги интересите и односот на силите внатре во Советот на Европа сигурен сум дека нема да сме единствена земја која нема да даде согласност.
    Ист став како холандскиот амбасадор, искажа и шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Тирана, Марко Лејдекер. Според него, Советот на Европа е фрустриран и разочаран од односо на Албанија кон малцинствата, бидејќи не ги почитува препораките на Советот за подобрување на правата на малцинствата.

    Имајќи го и нашето разочарување и фрустрации, ние имаме заклучено дека напредокот на ова поле е ограничен. Се уште има расправа за разликата помеѓу националните малцинства и етно-лингвистичките малцинства, и ние се уште продолжуваме да дискутираме за образованието на неалбански јазик за малцинствата. Исто така, има и други прашања, додаде Лејдекер.

    Минатата години во Албанија се одржа попис на населението. Попоисот беше осуден од малцинствата како и од меѓународната заедница бидејќи секој кој ќе изјаснеше не албанец се казнуваше по 1000 долари.


    Албанија нема да добие кадидатски статус, поради непочитување на правата на малинствата - YouTube
Working...
X