СТАВОТ НА гРЧКОТО МНР И ПРЕГОВАРАЧОТ ЗА ИМЕТО СПРОТИВНИ НА ОНИЕ НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА
Барањата на Егејците се реалност, а не фантазија
Наспроти тврдењата на портпаролот на грчкото МНР, Грегори Делавекурас, кој вчера изјави дека барањата на нашата влада за поголеми права на Македонците во грција се само фантазија, тие се резултат на извештај на Обединетите нации. Специјалниот претставник за човекови права на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, Геј Мекдугал, во 2008 година изготви извештај за правата на малцинствата во грција. Мекдугал го изработи извештајот по наредба на Бан Ки Мун и претходно барање на премиерот Никола Груевски. Таа наведува дека грчката влада не ги почитува правата на македонското малцинство од централна и западна Македонија и го негира неговото постоење.
-Владата на грција не треба да спори за тоа дали има македонско малцинство или турско малцинство, туку целосно да се фокусира на заштитата на правото на самоидентификација, слободата на изразување и слободата на здружување на овие заедници. грчката влада треба да се согласи со пресудите на Европскиот суд за човекови права дека на овие здруженија треба да им се дозволи да го користат зборот “македонски” или “турски” во своите имиња и слободно да ја изразуваат својата етничка припадност. На овие здруженија, кои во минатото беа негирани, мора веднаш да им се дозволи официјална регистрација. Мора да се почитуваат понатамошните нивни права за заштита на малцинствата според Декларацијата за малцинствата и основните меѓународни договори за човекови права, беше наведено во извештајот на Мекдугал.
Таа ја повика владата на грција да се повлече од спорот за тоа дали постои македонско или турско малцинство и да се фокусира на заштита на правото на самоидентификација, слободата на изразување и слобода на здружување на тие заедници. Според Мекдугал од 1920 до 1930 година во грција со закон се замениле негрчките топоними (имиња на градови, села, реки и планини) со грчки имиња. Исто така, се барало и промена на фамилијарните имиња на населението со грчки имиња.
Наспроти овие факти грчкиот преговарач во спорот за името, Адамантиос Василакис, слично како и Далавекурас, посочи дека емотивни изјави не помагаат во разрешувањето на спорот, алудирајќи на ставовите на Груевски изнесени на средбата со генералниот секретар на ОН пред два дена во Скопје.
izvor: http://vecer.com.mk/default.asp?Item...FE657EADE4A24B

Comment