Локалните избори-референдум за реформи и

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Локалните избори-референдум за реформи и

    Експертите гласно коментираат за Вечер:


    Локалните избори ќе бидат референдум за реформи или поделба на Македонија


    Сепак, анкетите на сите релевантни агенции покажуваат дека Љубчо Георгиевски веќе подолг период е маргиналец на политичката сцена и дека неговите идеи немаат поддршка кај граѓаните. Ништо подобро не котира ниту ДПА меѓу Албанците, која и по речи си 10 години во опозиција има повеќе од двојно помала поддршка од владејачката ДУИ


    Продолжување на реформите или поделба на Македонија. Експерти за Вечер коментираат дека престојните локални избори ќе бидат еден вид референдум, на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се за продолжување на реформските процеси започнати од владата на Груевски или пак за дестабилизација, етнички тензии и поделба на Македонија, како што заговара коалицијата на Црвенковски со Георгиевски и ДПА на Тачи и Џафери.

    Аргумент за ваквите тврдења експертската јавност наоѓа во изјавите на Георгиевски, кој во повеќе наврати кажува дека планирал поделби на Македонија и отстапување на териториите во Тетово, Гостивар Струга и Дебар. Овој став на Георгиевски со раширени раце го примија во албанската ДПА.

    Стануваше збор за класична поделба. Македонија да ги отстапи териториите во Тетово, Гостивар и Струга, а за возврат да добие делови кај Преспанското Езеро", изјави Георгиевски за националната хрватска телевизија.

    Георгиевски е само поискрен од другите политичари. Неговото стојалиште е она што се зборува во секој дом во Македонија", изјави Арбен Џафери од ДПА.

    Сепак, анкетите на сите релевантни агенции покажуваат дека Љубчо Георгиевски веќе подолг период е маргиналец на политичката сцена и дека неговите идеи немаат поддршка кај граѓаните. Ништо подобро не котира ниту ДПА меѓу Албанците, која и по речи си 10 години во опозиција има повеќе од двојно помала поддршка од владејачката ДУИ.

    Свесни за ваквата ситуација и водени од желбата да ги реализираат своите идеи за поделба и со тоа да си обезбедат функционерски фотељи, Тачи и Георгиевски гледаат џокер во СДСМ на Црвенковски, единствена партија која може да им овозможи своите платформи да ги стават на маса и понатаму да ги развиваат, сметаат експертите.

    Од друга страна, тие коментираат дека Црвенковски во последниве години се соочува со низа изборни порази и политичка безидејност и се поизвесната нова катастрофа на локалните избори за него ќе значи и конечен и болен крај на политичката кариера.

    Во една таква ситуација експертската јавност смета дека лидерот на СДСМ е подготвен да прифати се што ќе му се понуди, вклучувајќи го и пакетот за поделба на Македонија и прифаќањето на оваа чудна и непринципиелна коалиција.

    Доколку граѓаните не ја препознаат оваа платформа и доколку коалицијата обезбеди поволни резултати на локалните избори, според аналитичарите сосема е јасно дека политиката на поделба на Македонија ќе стане централна политичка тема по изборите. Затоа, тие сметаат дека токму на локалните избори, сосема јасно и без сомневање, граѓаните ќе треба да одлучуваат, дали ќе и дадат поддршка на коалицијата Црвенковски Георгиевски - Тачи за поделба на Македонија или пак ќе гласаат за продолжување на реформските процеси и зачувување на територијалниот интегритет и идентитет на Македонија.

    izvor: http://vecer.com.mk/?ItemID=28EB4C7A...2A2F8ABC64248E
  • DraganOfStip
    Senior Member
    • Aug 2011
    • 1253

    #2
    Branko and Ljubco are finished in Macedonia.The only problem now is that Grujo and co will have no real opponents and will freely do whatever they want.
    "Woe to you,oh Macedonia,for the devil sends the beast with wrath..."
    ”A people that elect corrupt politicians, imposters, thieves and traitors are not victims... but accomplices”
    ― George Orwell

    Comment

    Working...
    X