грција под мониторинг за македонското малцинство
грција засега куртули од протерување од еврозоната ама доби мониторинг каков што досега имале само мал број членки кои се членки на Европската Унија. Европски експерти од Советот на Европа ќе надгледуваат како официјална Атина се однесува кон македонското малцинство кое што според јужниот сосед воопшто не постои.
грција ќе биде под мониторинг од Советот на Европа. Македонија ова го побара за да покаже колку се почитува македонското малцинство таму. Пратеникот Александар Николовски покренувајќи ја оваа постапка во Стразбур објасни дека грција како членка на Советот не ги почитува основните документи што се однесуваат на човековите права, малцинствата, малцинските јазици.
Ова е прв пат земја која не е под мониторинг на оваа организација да биде набљудувана. Николовски вели дека Македонија за овој процес добила поддршка од повеќе европратеници.
Мониторингот е сличен на извештаите на Европската комисија што ги изготвува за Македонија секоја година. грција не може да биде присилена да ја почитува одлуката, но поради тоа што е дел од европското право се очекува да се придржува. Праксата покажала дека досега ниту една земја членка не и се спротивставила на одлуката на Советот на Европа. Процесот за мониторинг трае една година.
izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=93245

Comment