Гркот Јоргос: Низ вените ми тече љубов за М

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • lavce pelagonski
    Senior Member
    • Nov 2009
    • 1993

    Гркот Јоргос: Низ вените ми тече љубов за М

    АТИЊАНИН НОСТАЛГИЧЕН KОН нашите убавини
    Гркот Јоргос: Низ вените ми тече љубов за Македонија

    Ја сакам магијата на Македонија, нејзиното небо. Тоа не се објаснува ни со филозофски, ни со историски речник ни со речникот на културата. Тоа е нешто што врви низ жилите, ама не излегува од паметот, туку се сместува длабоко во срцето. Вака Гркот Јоргос Јаљури, син на Димитрие, како што се претстави, ја објаснува својата љубов кон Македонија, земјата што ja чувствува толку блиска, а не ја посетил со години. Живее среде Атина со спомените од 70-те години кога како студент на Електротехнички факултет во Белград многу често престојувал во Скопје, Kавадарци, Берово, Делчево, Битола...

    Го запознавме во центарот на Атина, кога слушајќи н` како зборуваме, ни се обрати со зборовите „кај сте Македонци“, на перфектен македонски јазик. Се претстави прво како Ѓорѓи, на македонски, пa Ѓорѓе на српски или Јорго на грчки. „Kако сакате“, вели.

    Чист Грк по потекло или, како што објаснува, „грчка мешавина“ од татко од Самотраки и мајка семиотиска (од островот Сами). Тој на крајот на 60-тите бил еден од многуте Грци кои заминале на студии во поранешна Југославија. Во Белград останал седум години, од кои една учел јазик, а другите шест години студирал. Таму, вели ја реализирал дарбата за јазици. Зачудува неговиот говор на македонски, па дури и на некои дијалекти на македонскиот јазик. Исто толку добро зборува и српски, бугарски, ромски, англиски, француски, арапски, албански...

    Не знаат како се вика коњот на Александар

    Ѓорги објаснува дека македонски учел од македонските студенти со кои се дружел за време на студиите, ама често и патувал во Македонија. Емотивно се потсетува на запознавањето со сегашниот архиепископ на МПЦ, г.г. Стефан, на дружбата со Лазе Kитановски, со популарните Диди и Дади (така ги помни браќата Ангеловски), со Ферид Мухиќ, со Ранко Рангелов, се сеќава на средбите со Тито Беличанец, на посетите на Kавадарци и престојот кај Блаже Чулев, на Васил Тупурковски и „уштипците“ во Битола...

    Има безброј прашања, за Скопје, за проектите на Kензо Танге, за Старата чаршија, за „Апче“ и за „Шехерезада“, за Дебар Маало, за Есма Реџепова, за Шуто Оризари...Таму ја сретнал својата голема љубов.

    - Многу убава беше зеленооката Реџмија, да ја грабнеш и да бегаш. Мајко мила, колку беше интелигентна таа ќерка на ковачот Рамче од Бит-пазар. Доаѓав специјално од Белград во Шутка за да се гледам со неа. За жал, брат ~ не дозволи да се земеме – носталгично се потсетува на младоста.

    Засебе вели дека не ја сака многу политиката, ама „секој од нас е по малку политичар па сакал нејќел политичките ноти се рефлектираат кај секого“.

    Неизбежен е разговорот за Македонија, за името. Името е проблем без проблем, вели тој, додавајќи дека треба сами да седнеме и да си го решиме.

    - Kај нас многу лошо се експлоатира географскиот поим на Македонија, на вашата Македонија. А Грците историски не се образовани. Ако прашам Грк каде е Скопје, ќе рече „над Грција“, ако му речам Скопје е главен град на државата што не ја признавате, ми велат дека не знам ништо, а тој или тие никогаш не стапнале во Македонија. Затоа, кога некој од пријателите ќе почне да зборува за Македонија, велам ако сте информирани да зборуваме, ако не сте начитани, ништо. Ама тие воопшто не се информирани. Дури и да ги прашаш како се викал коњот на Александар Велики, ќе речат дека не знаат. Не сфаќаат дека знаењето е најголемото оружје на еден народ, а вие Македонците сте многу поинформирани – раскажува Ѓорѓи.

    Додава дека Грците се искомплексиран народ и мислат дека центарот на земјата е токму Атина. На прашањето зошто Грците се плашат од зборот Македонија, вели: „Се плашат дека вашата Македонија ќе се спушти надолу. Стравот го чува лозјето, како што велите вие Македонците. Не се знае што ќе се случува во иднина, каква ќе биде улогата на Американците, Турците...“.

    Европа н` направи мрзливи

    Kако и секој друг Грк, и тој е загрижен за иднината на својата земја, за својата иднина, за својот бизнис. По годините поминати во фабрика за замрзнувачи во Патра, па во Електродистрибуција во Атина, отворил сопствена фирма за електрични инсталации. Засега вели добро му оди и има доволно за да ги плаќа 15-те вработени, главно странци. Најзадоволен е од Албанците, а за Бугарите и за Романците нема многу пофални зборови. А Грците, вели не се интересираат, иако не ги смета за мрзливи.

    - Не се мрзливи Грците, Европа ги направи мрзливи. Даваа пари за с`, па до пред пет години сите живееја убаво, ама никој не се праша од каде се тие пари. Секоја партија што доаѓаше на власт си вработуваше свои луѓе, па на пример чистачка во Електродистрибуција земаше плата од 1.300 евра, пензиите стигнаа по три илјади евра плус отпремнина од половина милион евра. Си купуваа со тие пари државни обврзници кои сега не вредат ништо – раскажува Ѓорѓи, додавајќи дека сега повеќето живеат од парите што ги вадат од банкарските автомати.

    Шовинизам кон Виножито
    Грешка е што Грците не го признаваат Виножито, а ги признаваат „златните јајца“ (така ги нарекува припадниците на неонацистичката Златна зора). Тоа е шовинистички страв без основа, смета Ѓорѓи.

    - Болното општество раѓа и змиски јајца, како што се случи овде. Во услови кога има криминал, ако грчките власти не можат да ги заштитат граѓаните, тие се вртат кон „јајцата“ - вели тој.

    Жана П. Божиновска

    Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

    „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Васил Чакаларов
  • lavce pelagonski
    Senior Member
    • Nov 2009
    • 1993

    #2
    What are the Greeks going to say know, that he is a traitor. It is nice to see that some Greeks have brains and that they are using their heads.
    Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“.

    „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Васил Чакаларов

    Comment

    Working...
    X