Грција ги фиромизира новите регистарски таблички
Признаена од Грција како ПЈРМ" е содржината на натписот што грчките царински служби започнале да го лепат на возилата со македонски регистарски ознаки при влез во земјата.
На овој начин грчките царински служби ја покриваат ознаката МК, која е содржана на новите македонски регистарски таблички.
На фотографијата објавена од Portalb" може да се забележи дека налепницата зафаќа околу 1/3 од површината на табличката, а нејзината содржина е напишана на грчки и англиски јазик.
Налепници со слична содржина грчките царински служби поставуваа на задните стакла на автомобилите со македонски таблички и во минатото. /крај/па/ач
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

Comment