Одбиена регистрацијата на ОМО Илинден-Пи

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Одбиена регистрацијата на ОМО Илинден-Пи

    FUCKING TATARIAN BASTARDS

    Софискиот градски суд не ја прифати регистрацијата на партијата на македонското малцинство во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин. Откако судот го прекрши законскиот рок во кој требаше да ги извести членовите на партијата дали нивната регистрација е одобрена, тоа побрзаа да го направат бугарските медиуми кои наголемо објавија дека ОМО Илинден-Пирин останува надвор од политичката сцена на Бугарија. Сепак, судот официјално се уште не доставил одговор до седиштето на партијата за причините зошто се одлучиле на таков чекор. Во ОМО Илинден-Пирин велат дека нивната партија не е регистрирана од „длабоко политички причини“, а таков расплет неодамна најави и бугарскиот премиер Сергеј Станишев при посетата на Скопје. - Ќе почекаме да ја подигнеме одлуката од судот во следниве неколку дена, па ќе видиме кои ќе ни бидат понатамошните чекори. Имаме право на жалба до Врховниот суд и верувам дека ќе го искористиме - вели Бате Вангелов, член на раководството на ОМО Илинден-Пирин. Ова е петти неуспешен обид во последниве неколку години Македонците во Бугарија да формираат партија со која ќе можат да учествуваат како легален политички субјект на локалните и на парламентарните избори во Бугарија. Образложението зошто судските власти не дозволуваат регистрација речиси секогаш беше дека тие доставуваат нецелосна документација, која е задолжителна за сите што сакаат да основаат партија. Битката на ОМО Илинден-Пирин за регистрирање на партијата во иднина ќе биде уште потешка бидејќи од следните избори во Бугарија стапува во сила нов Закон за партии, според кој новите партии ќе треба да исполнат построги норми, како што се 5.000 регистрирани членови и 127 седишта на партијата во речиси целата држава. Овој услов ОМО Илинден-Пирин тешко ќе може да го исполни зашто дејствува само во областите каде што живеат етнички Македонци. Неодамна и неколкумина пратеници во бугарското собрание побараа Државната агенција за национална безбедност да провери кои се финансиерите на ОМО Илинден-Пирин и кој стои зад партијата, која според нив дејствува во спротивност на бугарските државни интереси.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X