Судот во Стразбур врати 7.000 барања за враќање на имот од децата бегалци од Егејска Македонија
Меѓународниот суд за заштита на човековите права во Стразбур, неодамна им врати над 7.000 барања, од Македонци, деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кои ги доставиле до овој суд, барајќи грчките власти да им ги вратат одземените имоти, при нивниот прогон по Втората светска војна.
Образложението на судот било барателите за повраток на одземените имоти прво правдата да ја побараат пред судовите во Грција, а потоа доколку таму тоа не го остварат, да се обратат на Судот за заштита на човековите права во Стразбур.
Ова меѓу другото на денешната 18 та по ред традиционална Велигденска средба на Здруженијата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, која се одржа во кругот на манастирот свети Ѓорги во близина штипското село Брест, го изјави претседателот на Здружението Македон од Битола, Ташко Јованов.
izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=90047

Comment