Ova e sramota!!!
Владата го симна Радев од МНР,го ставила по грешка
среда, 11 април 2012, 17:38
Владата симна една од 2,5 метарските статуи на новото МНР. По вчерашниот молк, од Илинденска 2 признаа дека го овековечила Симеон Радев, член на бугарската делегација во Букурешт 1913-та кога е поделена Македонија. Според соопштението на Службата за општи и заеднички работи, Радев го ставиле по грешка. На негово место доаѓа идеологот на европското обединување Жан Моне, чија скулптура гратис ќе ја изработел „Бетон“.
- „ Статуетката на Симеон Радев ... е поставена по претходен превид во времето кога се формирале листите на личности кои треба да бидат обележани преку поставување на објектот.По увидот на превидот,истата веќе е префрлена во Музејот на македонската борба,Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот,каде што во различни уметнички форми и контексти се претставени различни истакнати личности од историјата од различна идеолошка провиненција ,кои ги обележале случувањата на овие простори и имале влијание на случувањата во Македонија...“- се вели во дел од соопштението од СОЗР при Владата на РМ.
Дали и каде е поставена мермерната скулптура во восочниот Музеј на македонската борба, поради лични причини, денеска не можеше да даде одговор директорот на институцијата Светозаревиќ. Проверивме и на лице место, но скулптурата не беше во поставката.
Според директорот на институтот за национална историја, Тодор Чепреганов, местото на Радев не е ни во Музејот. Вели точно е дека е роден ресенчанец и голем дипломат, но цел живот работел за Бугарија и јавно го негирал постоењето на македонски народ.
- „ Тој стои зад интересите на Бугарија и е еден од потписниците на Букурешкиот мировен договор. Што значи, за македонската историографија, тој е човекот, Македонец, кој што застанал зад поделбата на Македонија...Ако имаме некои вредности, некои мерила според она кој каде треба да биде, реков дека сите оние кои што се заслужни за македонската историја и за македонската држава, кои што го дале својот влог во борбата за целиот тој период на револуционерната борба за формирање на македонска држава како македонци, мислам тој човек не би требало да стои во било каков контекст негде.“- изјави меѓу другото директорот на институтот за национална историја, проф. д-р Тодор Чепреганов
„Колку повеќе споменици на бугарски револуционери, духовни дејци, преродбеници и национални личности толку подобро за нас“. Така шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов го коментира споменикот на Симеон Радев во Скопје.. Одговорот на Младенов беше даден на прес – конференција во Софија по средбата со македонската вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи.
Александар Димитриевски

Comment