Скопјанец пукал неконтролирано со автом&

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Скопјанец пукал неконтролирано со автом&

    Скопјанец со автоматска пушка неконтролирано пукал во скопската населба Хиподром, повредени три лица.

    Во скопската населба Хиподром на ул. Пехчевска, 55 минути по полноќ Х.Б. 20- годишен од Скопје со автоматска пушка пукал неконтролирано при што три лица се повредени во две патнички возила Голф и Рено лагуна.

    Во голфот биле две лица и тоа Б.Н. (29) и неговата девојка К.Н. (22) двајцата од Скопје, кои биле пренесени во Градската болница - Скопје каде им се констатирани телесни повреди нанесени од скршеното стакло на автомобилот од испуканите проектили.

    Сторителот Х.Б. продолжил и понатаму да се движи и да пука со автоматската пушка, при што потоа погодил автомобил Рено лагуна. Од скршеното стакло на лагуната се здобил со повреди во пределот на главата Г.У (22) од Скопје.

    Од МВР информираат дека Х.Б. не застанал и повторно продолжил да се движи и да пука.

    По преземените мерки полицијата околу 01.20 часот го уапсила.

    Изршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок против Х.Б..

    izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...selba-hipodrom

    OMG
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    #2
    any more details on it DA?
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV

    Comment

    • DedoAleko
      Member
      • Jun 2009
      • 969

      #3
      Originally posted by George S. View Post
      any more details on it DA?
      Only the gunmans full name for now-Haris Bekiri (Харис Беќири) 20 years old buy from Skopje.

      Comment

      • DedoAleko
        Member
        • Jun 2009
        • 969

        #4
        Како Харис дивеел во Хиподром?

        Дваесет годишниот скопјанец Харис Б. заедно со кривичната пријава за „убиство во обид“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ беше предаден до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје .


        Од МВР соопштуваат дека тој околу полноќ ја зел пушката од својот дом, каде што ја криел, излегол на ул.„Пехчевска“ и со истата испукал неколку куршуми во непознат правец.

        Потоа, се движел пеш по улицата, каде во тој момент со автомобил „Мазда“ наишле 23-годишниот Р.В. и сопатникот В.П. (23).

        -Кога возилото се доближило и застанало на оддалеченост од околу 10 метри од Харис, тој ја вперил пушката во правец на возилото и испукал неколку куршуми. Еден проектил од испуканите куршуми го пробил предниот десен спојлер од возилото, како и предниот десен пневматик и предниот десен бандаж. Тогаш Р.В. го придвижил возилото наназад, возејќи го така се до крстосницата на ул. „Жан Жорес“ со ул. „Париска Комуна“ при што Харис со вперена пушка трчал по возилото и испукал уште неколку куршуми во правец на истото. Р.В го запрел возилото на ул. “Париска Комуна“, а потоа за настанот телефонски го известил ЦИК-192, се вели во соопштението од МВР.

        По ова напаѓачот продолжил да се движи пеш кон автопатот наспроти зградата бр. 125, лоцирана на ул. „Жан Жорес“. Во моментот кога го преминувал автопатот од правец на Скопје кон Куманово, по автопатот наишол автомобил „Фолксваген Голф-3“, кој бил управуван од 28-годишниот Б.Н. , кој во автомобилот бил со својата девојка К.Н. (21).

        Кога Б.Н. со возилото се доближил на оддалеченост од околу 10 метри од пријавениот, истиот ја вперил пушката во правец на возилото во движење и испукал повеќе куршуми. Од проектилите на испуканите куршуми, предизвикани се оштетувања на предната хауба и стаклата на возилото. Од парчињата на скршените стакла БН. и К.Н. се здобиле со посекотини.

        Исплашен за сопствениот живот, Б.Н. продолжил да се движи со возилото се до бензинската пумпа на фирмата „ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ од каде што случајот го пријавил во полиција. Со возило на Брза помош двајцата се пренесени во Универзитетската клиника за хирушки болести “Св. Наум Охридски“, во Скопје, каде им се контатирани телесни.

        По овој напад, Харис ја прескокнал заштитната ограда на средината на автопатот и застанал на средината на коловозот. Во еден момент наишол патничко моторно возило марка „Рено Лагуна“, сопственост на такси компанијата „Рива Оливија“, ДООЕЛ Скопје, управувано од 21-годишниот Г.У.

        Во моментот кога таксистот се доближил до него на околу десетина метри, тој ја вперил пушката и испукал неколку куршуми, од кои еден проектил го пробил предното ветробранско стакло, непосредно над предното лево (возачко) седиште, а два проектила го пробиле покривот на возилото, над горниот раб од предното ветробранско стакло, непосредно над предното лево седиште.

        Исплашен за сопствениот живот Г.У. се навалил под управувачот во возилото, а потоа го придвижил возилото наназад возејќи така околу 30 метри по што изгубил контрола над возилото и со задниот дел од возилото делумно излетал од патот. Веднаш возачот излегол од возилото и почнал да бега по автопатот, во правец на Куманово.

        Притоа Харис почнал да трча по него кон таксистот испукал уште неколку куршуми. Откако тој успеал да избега кон хотел “Белви“ и за настанот телефонски го известил ЦИК-192, а поради повредите предизвикани, најверојатно, од парчиња од пробиеното ветробранско стакло тој побарал лекарска помош во Универзитетската клиника за хирушки болести Св. Наум Охридски Скопје, каде што е примен од лекар, кој кај него констатирал телесна повреда исеченица на десната страна од образот и на десното уво.

        Харис по трите извршени напади продолжил пеш да се движи кон Интернет-кафето “ДЕНИ“ лоцирано на ул. „Маџари-2“, во село Инџиково. Набрзо пред интернет-кафето пристигнале полициските „Алфи“, кон кои напаѓачот ја вперил пушката, но истиот бил совладан, а пушката одземена.

        Од повеќе локации на местото на настанот полицијата пронашла чаури од испукани куршуми, фрагменти од проектил од испукани куршуми, траги слични на крв, подигната е автоматската пушка со рамка, и целокупниот материјал е предаден за вештачење.

        Харис, кој од претходно и е познат на полицијата како сторител на повеќе кривични дела, во полициската станица Гази Баба, во целост го појаснил начинот на извршување делото.

        izvor: http://www.kurir.mk/makedonija/crna-...el-vo-Hipodrom

        Comment

        • George S.
          Senior Member
          • Aug 2009
          • 10116

          #5
          i think he'll get 30 days & then down to 10.The double standards what if he killed people what would happen a slap on the wrist??
          "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
          GOTSE DELCEV

          Comment

          Working...
          X