Скопје два века се опоравувало од палежот на Пиколомини
Во некои списи како причина за потпалувањето се споменува епидемија на колера, но историчарите тврдат дека стравотниот пожар бил последица на страдањата на друг град
Стравотниот пожар што на 25 октомври 1689 година го предизвикала австриската војска под водство на генерал Пиколомини, насилно го прекинал молскавичниот процут на градот. Во тоа време Скопје бил развиен град и најголем трговски центар на Балканот, а неговите градби ги импресионирале патниците и патописците да пишуваат живописни записи за своите впечатоци.
„Пропатував низ цела Румелија сиве овие години, видов многу прекрасни градови благословени од Бога, но ниту еден од нив не ме импресионираше со својата убавина како рајскиот град Усќуп низ кој тече реката Вардар“. Со овие зборови, напишани пред 350 години, турскиот писател Дулгар Деде го опишал Скопје, воодушевен од неговиот изглед во средината на 17 век.
Во патописите на познатите светски патници од тој период, Скопје е претставен како голем град со развиено занаетчиство и индустрија, крстосница на трговските патишта од Белград до Солун, омилено место за пазар на богатите трговци од Дубровник, град во кој имало дури 700 кожарници.
„Во градот има богати куќи со скапоцени килими и позлатени тавани, прекрасен безистен покриен со олово и величествен водовод со 200 камени свода“, забележал англискиот доктор Едвард Браун, личен лекар на кралот Карл Втори.
Сите сведоштва за интензивниот развој на Скопје се губат во една историска точка - 25 октомври 1689 година, кога австрискиот генерал Пиколомини со својата војска го запалил градот до темел. Штетата што тогаш му била нанесена на Скопје била со слични размери како разорните земјотреси што го срамниле со земја во 5 и во 5 век. Иако во некои списи како причина за невидениот палеж се споменува наводната епидемија на колера, историчарите тврдат дека стравотниот пожар во Скопје бил последица на страдањата на друг град. Во 1683 година, отоманската војска ја нападнала Виена и по двомесечни тешки борби и илјадници загинати, Австријците успеале да го одбијат нападот. За да се одмазди за страдањата на Виена, Пиколомини тргнал во контраофанзива на турската територија и во 1689 година дошол пред портите на Скопје. Кога неговата војска влегла во градот, нашла напуштени улици и куќи и многу храна бидејќи населението било навреме евакуирано. Помислиле дека се работи за замка и го запалиле. Пожарот беснеел два дена и уништил речиси се' што било вредно. Останале само градбите од камен, Калето, неколку џамии, црквите „Свети Димитрија“ и „Свети Спас“ и големиот Карван-Сарај.
Еве што напишал Пиколомини непосредно пред да го запали градот:
„Скопје е простран град, не многу помал од Прага или колку неа. Го најдов напуштен, без скапоцености, богато снабден со продукти. Малкуте луѓе што останале, исплашено врват по улиците. Жал ми е што зградите, какви што досега не сум видел, џамиите од најубав мермер и украси од злато на кои и во Рим би им посветил внимание, убавите старини и градини, морам да му ги предадам на пламенот“.
Цели два века Скопје не можело да се опорави од трагедијата. Од 60.000 жители, бројот на населението по пожарот се намалил на 10.000. Градот се обновувал мошне бавно и не можел да го врати стариот сјај и значењето од 17 век. Во следните 200 години бил мал и непознат град, се' до средината на 19 век кога повторно се вратила трговијата, занаетчиството и почнале да се градат нови објекти. Во обновата и развојот многу помогнала и изградбата на пругата Белград-Солун во 1873 година, која поминувала низ Скопје.