Н.Г: Патот кон нАТО и кон eУ-голгота

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Н.Г: Патот кон нАТО и кон eУ-голгота

    Патот кон НАТО и кон ЕУ се претвори во вистинска голгота

    Ексклузивно интервју со Никола Груевски: Големите сили се тотално незаинтересирани за овој проблем, имаат огромни свои проблеми и прашањето за името и за проширувањето воопшто не се во врвот на нивните приоритети. Во министерствата за надворешни работи со ова се занимаваат пониските ешалони, кои немаат одлучувачко влијание

    Еден месец по пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, каде што Македонија ја доби правната битка со Грција, по паузата од новогодишните и од божикните празници Владата и македонската дипломатија на почетокот од 2012 година се наоѓаат пред сериозен предизвик за афирмација на вистината и за правдата во меѓународната заедница, како и за лобирање за откочување на евроатлантските интеграции на државата пред Самитот на НАТО во Чикаго оваа пролет. Премиерот Груевски во интервју за Дневник вели дека големите сили се тотално незаинтересирани за решавањето на спорот за името и дека не е песимист, туку реалист кога станува збор за слабите шанси за наш прием во НАТО на самитот на алијансата во мај.


    Ќе нe примат ли во НАТО оваа година?

    Тоа би било правично и заслужено, но се надевам и посакувам да не биде како што велеа старите, каде што има сила, правдина нема. Наше е да работиме со целосна посветеност.

    На која сила мислите, на Грција или на целата алијанса?

    На двете. Засега и двете исто зборуваат за прашањето кога треба да станеме членки, како Грција така и генералниот секретар на НАТО, односно дека решавањето на спорот за името е услов за членство.

    Значи ли ова дека не очекувате оти во Чикаго ќе ја добиеме поканата?

    Јас го коменирам она што и официјално и неофицијално се говори. А засега не само Грција, туку и Америка и НАТО го говорат истото. Првин името, па НАТО.

    Не верувате дека во овој меѓупериод може да се реши спорот за името?

    Според тоа како изгледа ситуацијата со Грција, речиси и да нема теоретска шанса за тоа.

    Зошто?

    Затоа што Грција ниту сака ниту може сега да го решава, дури и кога би сакала, а не сака.


    Kои се причините, кризата кај нив?

    И поради кризата, и поради привремената влада, и поради нараснатиот национализам и поради тоа што во владата е и Самарас, и тоа баш преку претставник на МНР. Плус на истражувањата на јавното мислење тој убедливо води и огромна е шансата да биде следен премиер. А сите ги знаеме неговите јасно искажани ставови од почетокот на овој спор, во кој тој беше еден од главните креатори, па така е сe до денес.

    Но официјална Атина вели дека нема промена во ставовите околу преговорите...

    Да, таа објавува дека ерга омнес со географска одредница е нејзиниот став и дека нема промена на ставот. Таа позиција секогаш се користела кога не се сакало да се реши прашањето. А Самарас никогаш и немал поинаква позиција. Плус сигналите што беа испратени се повеќе од јасни. Самарас двапати одби средба, а актуелниот премиер ми пиша писмо во кое и тој објави дека стои на најтврдата грчка позиција. Со таква позиција понатамошните разговори во Њујорк ќе бидат само залудно потрошено време, што тие и го посакуваат, односно го планираат. Тие имаат само една цел сега, да покажат наводна конструктивност пред меѓународната заедница, а особено пред САД, Германија и пред другите земји од ЕУ. Формалните средби кај Нимиц треба да им обезбедат алиби дека се трудат. Потоа ќе ја активираат својата дипломатија да тропне на сите можни врати и да каже, ете гледате, се обидуваме, ама нашиот сосед е многу тврд и непопустлив.

    Но зарем ние нема да тропнеме на вратите, плус Нимиц ќе има увид во ставовите на двете страни...

    Ние ќе го направиме нашиот максимум, но со оглед дека тие се внатре во ЕУ и во НАТО, имаат далеку подобар пристап. Но во овој момент тоа не е најклучното.

    Што е најклучното?

    Најклучното е што големите сили се тотално незаинтересирани за овој проблем, имаат огромни свои проблеми и прашањето за името и за проширувањето воoпшто не се во врвот на нивните приоритети. Во министерствата за надворешни работи со ова се занимаваат пониските ешалони, кои немаат одлучувачко влијание.

    Што се однесува до членството во ЕУ, на некои од земјите овој спор и добро им доаѓа со оглед што во нивните земји имаат отпор кон проширувањето и нервоза од најновата должничка криза. Погледнете што се случува и со Србија и со Црна Гора. Ајде кај Србија смислија нешто, ама кај Црна Гора не се ни потрудија да смислат причина за одлагањето за давање кандидатски статус и датум за преговори. Kај некои од поважните земји-членки на ЕУ наскоро има избори и не сакаат електоратот дa го вознемируваат со проширување со балкански земји.

    izvor: http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C7A18E...19F690CCDABD37
Working...
X