Гораните формираа своја партија на Косов

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Гораните формираа своја партија на Косов

    Коха диторе: Гораните формираа своја партија на Косово

    Жителите од подшарпланинска Гора, кои се чувствуваат како Македонци и кои живеат главно во Македонија, но и во Гора и Жупа, ја формираа Демократската партија на Македонците, потврди Исмаил Бојда по потекло од местото Брод, кој се претстави како претседател на овој политички субјект, како и лидер на Сојузот на Македонците со исламска религија, формиран во 2007 година, пренесува косовскиот весник Коха диторе.

    Во изјава за весникот, Бојда, наведува дека ова е прва политичка партија на Македонците во Косово, која според него моментно брои 3 илјади членови, и оти многу набрзо тој број ќе се зголеми. Според него, Гораните не се Срби, како што сакаше да ги претставува политиката на Милошевиќ, туку реално тие се Македонци кои зборуваат македонски. Образложувајќи ги причините за формирање на партијата, тој изјавил дека сето тоа е направено со цел Гораните да се признаат она што се реално, а не според интересите на моментната политика на различни кругови.

    Во Гора живеат околу 24 илјади Македонци, а доколку се опфатат и оние од Жупа, вкупно се над 30 илјади кои живеат во Косово, главно во пограничниот појас меѓу Косово и Македонија. На 17 ноември доставивме барање до премиерот, Владата и парламентот да ја признае македонската етничка заедница на Косово, како уставна категорија, како што се случи со Црногорците и Хрватите, кои бројчано се само по неколку стотина во Косово, изјавил Бојда.

    Формирањето на партијата Бојда го најави во средината на минатиот месец, таа се уште чека регистрација, а изборот на раководство ќе биде на првиот партиски конгрес. Инаку, ова е прво поопширно пишување на косовски медиум за партијата на Македонците од Гора.

    izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=85348
  • Soldier of Macedon
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 13675

    #2
    Good news from the Macedonians in Kosovo, hopefully they won't have an issue with the registration of their party.
    In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

    Comment

    Working...
    X