Екстрадиција за грчкиот криминалец...

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Екстрадиција за грчкиот криминалец...

    Екстрадиција за грчкиот криминалец за да не земе македонско државјанство


    грците тврдат дека го бараат, македонските институции не добиле ништо- судбината на гркот кој сака да стане Македонец сеуште не е извесна.

    Макис Псомијадис во притвор во Шутка ја чека постапката за екстрадиција која за да започне неговата матична земја треба да испрати барање на македонски јазик до македонското министерствоз а правда.

    Неколку грчки медиуми по вчерашните информации на Сител дека Псомијадис ја разгледува и можноста за азил или натурализирање со македонски пасош, денеска тврдат дека барањето за екстрадиција е веќе испорачано па човекот кој грција го бара за сериозен клриминал кој ќе му донесе над 70 години затвор, нема да ја избегне правдата.

    Извори од Атина утрово брифираа дека грчкото министерствоз а правда испратило барање на француски јазик. Но од МНР и македонското министерствоз а правда ги негираат овие тврдења. Дипломатски извори велат дека грција може да го избегне македонскиот јазик само ако се повика на Времената спогодба. Но времето за дипломатски игри не може да биде подолго од 40 дена колку што трае екстрадициониот притвор на Псомијадис.

    гркот баран со меѓународна потерница минатата недела беше уапсен на ленинова во Скопје.

    грција го бара за местење фудбалски резултати, закани по живот, перење пари и неплаќање данок. За три години, буџетот на грција го оштетил за повеќе од три милиони евра.

    izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...o-drzavjanstvo


    Екстрадицијата на Псомијадис во јазичен лавиринт

    грчкиот министер за правда Милтијадис Папајоану испратил барање до Македонија за екстрадиција за кумот на фудбалските местенки Макис Псомијадис, на француски јазик. Вакав вест одекна во грчките медиуми.

    Според нивните информации, барањето на француски јазик вчера по дипломатски пат било испратено кај нас. Но надлежни во земјава не добиле ништо. Дали писмото за екстрадиција уште патува или не, не се знае. Од македонското Министерството за правда велат дека уште минатата недела ја известиле грчката страна по дипломатски пат и се чека од нивна страна да биде испратено барањето за екстрадиција со сите потребни документи. Рокот е 40 дена. Од МНР пак велат дека за приведувањето на Псомијадис ја известиле грчката канцеларија за врски во Скопје и за сега од таму не одбиле ништо повратно, освен барање дозвола Биг Мек да го посетат неговите роднини во Шутка каде една недела е во екстрадиционен притвор.

    Според законот, барањето за екстрадиција треба да се достави на јазикот на државата од каде се бара, во случајот на македонски. Но согласно времената спогодба официјален јазик за комуникација меѓу Македонија и грција е англискиот, валат од МНР. Што ќе биде одговорот од надворешни, доколку добијат барање на француски јазик, не сакаат да прејудицираат затоа што се уште не добиле ништо.

    Веста за апсењето на бегалецот Псомијадис и понатаму е топ тема во грција. Биг Мек бил уапсен во едно скопско кафуле во Дебар маало додека пиел кафе. Бил во друштво со неколку Македонци. Сопственикот на фудбалскиот клуб Кавала, кој е осомничен од грчките власти за местење фудбалски натпревари и перење пари се криел во Скопје со променет имиџ.

    izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=83022
    Last edited by DedoAleko; 11-17-2011, 11:28 AM.
Working...
X