ОТКАКО ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА НА ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МУ ДОДЕЛИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
Жесток судир на СМК и ОМД поради наградата за Глигоров
Наградата за животно дело на поранешниот претседател Киро Глигоров од организацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД) е неприфатлива за најголемиот број Македонци и македонски заедници во светот, бидејќи не ја одразува нивната волја, смета Светскиот македонски конгрес (СМК). ОМД реши да го награди првиот македонски претседател по осамостојувањето по повод дваесетгодишнината од независноста на Македонија.
Неразбирлива е мотивацијата на организацијата ОМД за награда на Глигоров, кој во својот мандат наводно ја одвратил државата од погрешни потези кои можеле иднината на Македонија да ја одведат во несакан правец (?!), бидејќи тоа воопшто не е вистина. Почит кон функцијата што ја вршел, но грешките на Глигоров не ги покриваат ни 1000 години од независноста на државата Македонија", се вели во соопштението на Конгресот.
Од СМК наведуваат 14 причини зошто Глигоров не требало да ја добие наградата:
(1) во времето на распаѓањето на поранешна СФРЈ со босанскиот претседател Изетбеговиќ предлагаше платформа за асиметрична југословенска федерација;
(2) со Стојан Андов ја жртвува Владата на Никола Кљусев за да го спаси југословенството на Денко Малески од одговорност во Собранието;
(3) без образложение за мисијата поради која го именува, го смени Васил Тупурковски од специјален пратеник на претседателот на Републиката во Соединетите Американски Држави;
(4) со Стојан Андов го анулира гласањето во Собранието за членот 1 од Уставот на Македонија како држава на македонскиот народ и држава на рамноправни граѓани";
(5) без собраниска одлука декларира промена на државното име во: Република Македонија во загради Скопје";
(6) во 1992 година ги подели Македонците во светот формирајќи втор Светски Македонски Конгрес со Џон Битов од Канада како алиби за манипулација со емиграцијата заради промената на државното име и знаме;
(7) цели шест месеци по одлуката на Собранието во јули 1992 година не ја поднесе апликацијата на Македонија за прием во Обединетите нации се до обелоденувањето од пресот на портпаролот на генералниот секретар на ООН во јануари 1993 година дека Македонија се уште не поднела апликација за прием во Обединетите нации;
(8) со Бранко Црвенковски ја внесе Македонија во Обединетите нации под понижувачкото привремено обраќање Поранешна Југословенска Република Македонија";
(9) со Стево Црвенковски ја прифати македонско-грчката согласност од 13 септември 1995 година со којашто се суспендира една третина од Уставот на државата Македонија;
(10) ја суспендира грижата за положбата на државата Македонија за припадниците на македонскиот народ во соседните земји на републиката и за иселениците од Македонија;
(11) прифати промена на државното знаме на Македонија;
(12) беше претседател на држава без парламентарна опозиција и со партизирано судство од 1994 до 1998 година;
(13) направи груб атак врз уставниот поредок, во обид за суспензија на парламентарната демократија, осудувајќи го поразот на СДСМ како крај за демократијата во Македонија, барајќи од народот да не го остава сам" и
(14) им беше покритие на Бранко Црвенковски за криминалната приватизација на општествената сопственост со која се криминализира целото општество, и на Соња Николовска за пирамидалната штедилница ТАТ во Битола.
Глигоров: Ние немаме друга татковина освен Република Македонија
Првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, упати честитка до граѓаните на земјава по повод Денот на независноста, 8 Септември. Глигоров во честитката пишува дека одржаниот референдум пред 20 години значеше врв на борбите и стремежот на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.
Иако меѓу последните на Балканот, Глигоров вели дека тоа македонскиот народ го направи длабоко свесен за сопствените права и идентитет.
- Огромно е задоволството што дваесетгодишниот јубилеј го чествуваме во слободна и суверена држава, национална држава на македонскиот народ и татковина на сите припадници на другите етнички заедници што живеат во државава, членка на ООН и рамноправен субјект во меѓународната заедница. Без оглед на величината и богатството, без оглед на тоа како е прифатена, дали е напаѓана или оспорувана, Македонија ни е една и единствена татковина. Таа е географски одредена со нејзините меѓународно признати граници. Ние немаме друга татковина. Затоа мораме да ја чуваме, да ја градиме и да се бориме за неа. Притоа е важно сите граѓани на Република Македонија еднакво да ја сакаат државата и да ја чувствуваат како своја татковина. Тоа е важна претпоставка за меѓусебно разбирање, дијалог и соработка, за меѓусебно почитување, толеранција и соживот. Таквите определби се традиционални на овие простори и се содржани како во Крушевскиот манифест, така и во асномските документи, потсетува Глигоров.
- Уште еднаш од се срце сакам да ви го честитам Денот на независноста на Република Македонија и да ви посакам добро здравје, семејна благосостојба и подобар живот, се вели во честитката на првиот претседател Глигоров.
izvor: http://vecer.com.mk/?ItemID=32D09F1F...FAC03117BD255D

Comment