Analiza na M. V. vo "Nova Makedonija" koja sakam da ja spodelam so vas.
Атина му се моли на Олимп за криза во регионот
Колку само напори вложија грчката држава и дипломатија за да го изместат коридорот 10, за да ја марги*на*лизираат Македонија. Атина правеше сé да нé елиминира од крупните енергетски проекти. И по цена себеси да се изолира, не го почна проектот за Вардарска долина, кој ќе ја ослободеше од ограничувачката географија. Грција фактички остана заробеник на својата ксенофобија, егоизам и стравот од турскиот експанзионизам во Егејот, а тоа ја направи вечен должник кон нејзините западни заштитници
Геополитиката нe направи „природни“ непријатели со Грција
За Република Македонија и Хеленската република географијата е централното прашање што ги прави „природни“ непријатели, односно соседи што се жртви на геополитиката на просторот. Досегашните искуства наметнати од политиката кажуваат дека она што е за Грција живот, за Македонија е смрт, и обратно. Во најновата студија на Стратфор, во која се дадени предвидувањата за иднината на грчката држава, стои дека наредните три години ќе бидат клучни за нејзината историја. И тие прогнози не се баш сјајни.
Но наодите се исклучително важни и за Македонија, која треба да ги има на ум градејќи ги сопствените државни императиви, приоритети, а имајќи ги на ум новите геополитички реалности.
Стратфор во својата анализа поаѓа од грчката топографија како специфика што го одредила и нејзиниот политички, социјален, културен развој, која ги обележала и начинот на организирање, нејзините подеми и падови, економија, политика и влијание.
Според овие историски осврти, Грција е држава врз која теренот извршил пресудно влијание. Грција е копно што е пресечено со многу планини и 6.000 острови распрскани на три мориња. Ваквата географија ја прави државата неупотреблива како континентална транспортна рута кон Европа. Единствени две сувоземни врски помеѓу Грција и Европа се реките Вардар (Аксиос) и Струма (Стримонас). Двете, нормално, се влеваат во Егејско Море, а минуваат низ она што денес се нарекува Грчка Македонија. Овие речни транспортни коридори, од кои едниот преку Бугарија и Романија стигнува до Дунав, а вториот од Македонија преку јужна Морава во Србија стигнува до Дунав и Црно Море, во официјална Грција „традиционално“ се читаат како нејзина зависност од соседите на север, што за Грција претставува непријатност издигната на ниво на параноја и отворено непријателство.
Фактички, модерната (два и полвековна) но и античката историја на Грција покажуваат дека за егзистирањето на Грција биле важни пет геополитички императиви.
1 - Да обезбеди контрола над Егејот за да воспостави ефектна одбранбено-комуникациска врска со главните копнени населени центри.
2 - Да воспостави контрола над Крф, Крит и Родос за да спречи каква било инвазија по морски пат.
3 - Да воспостави што подлабока контрола врз Вардарска долина за да обезбеди земјоделство што може да ја храни приморската Грција и комуникација со европското копно.
4 - Да обезбеди внатрешна консолидација преку елиминација на грчките регионални центри на моќ и за да може да го концентрира собирањето на даноците и капиталот за потребите на централната влада (државата).
5 - Да се прошири контролата над рабните острови Кипар и Сицилија за да воспостави доминација над источниот Медитеран. Овој императив, иако непроменет од времето на полисите, Грција фактички никогаш не го остварила, ама и не се откажала од него.
„Географската“ политика ја упропасти Грција
Денешна Грција го загуби статусот на стратегиски сојузник и партнер. Прво, зашто нема веќе идеолошки исток и запад, потоа, зашто западот има поинакви приоритети сврзани со големи гајлиња, а најпосле и зашто во меѓувреме се наметна геополитиката на просторот. Паралелно со статусот, Атина ги загуби и економската и политичката поддршка, што и овозможуваше да ги надмине географско-социјалните недостатоци. Стратфор забележува дека ова, од падот на СССР, му беше јасно секому освен на Грците.
И на македонските политичари во транзицијата, би додале ние. Намалената важност во променетиот свет тешко ја прифаќаат држави како Грција, која постојано спие на историските лаври и еднаш освоените позиции. Наместо да ги преориентира приоритетите, таа годините во 20 и 21 век ги помина така што правеше сé за да го задржи статусот во светскиот клуб на најпривилегираните држави. Позајмуваше пари за да продолжи да живее во висок „западен“ стил, за да купува најсофистицирано оружје и опрема, соборуваше неверојатни финансиски рекорди само за да влезе во еврозоната. Тоа е основата на сегашната длабока грчка криза.
За сметка на овој начин на водење државна политика, Грција не успеа никогаш да воспостави ефективна централна власт. Навидум унитарна држава, таа продолжи да живее како збир од полиси, односно региони, со локални центри на моќ и економија што ги задоволуваат потребите на своите градски јадра. Капиталот исто така беше ограничен од ваквата географска политика и затоа инвестирањето во грчката економија е неисплатливо. Слична судбина имаа и транспортно-комуникациските проекти. Заробеник на својата параноја, Грција и по падот на СССР гледаше како да ги исфрли од игра своите северни соседи. Сведоци бевме колку само напори вложија грчката држава и дипломатија за да го изместат коридорот 10 за да ја маргинализираат Република Македонија. Слична беше и нејзината позиција за изградбата на нафтоводите и на гасоводите. Атина правеше сé да ја елиминира Македонија од крупните енергетски проекти. До каде одеше ова безумие говори фактот дека Грција, и по цена себе да се изолира, не го почна проектот за Вардарска долина кој ќе ја ослободеше од ограничувачката географија. И така, Грција фактички остана заробеник на својата ксенофобија, егоизам и стравот од турскиот експанзионизам во Егејот. Атина тоа ја направи вечен должник кон нејзините западни заштитници, а како што покажуваат анализите на Стратфор, „нивниот интерес за нејзините стратегиски потенцијали сега е доведен во прашање“.
Зошто е тоа така и што е различно денес од вчера во историска смисла на зборот?
Сива зона
„Само“ тоа дека денес Грција не може да држи чекор со развојот на Турција. Не може да го оствари својот петти историски императив. Дури и четвртиот - внатрешната консолидација - е под прашање, зашто еве веќе трета година откако кризира, уште не умее да ги собере даноците од своите распашани жители. Дури 25 отсто од грчката економија сé уште спаѓаат во сивата зона.
И првиот императив, да ја задржи контролата над Егејот во ова ново време, е невозможен без перманентна заштита од некој моќен заштитник, кој ќе нема попаметна работа, свои приоритети и ништо друго паметно да прави.
Прашање е дали вака навикнатата Грција ќе биде способна брзо или воопшто да ја прифати својата намалена геополитичка улога. Да биде сé потрагикомично, дури ни ова не зависи од Атина, туку од стратегиите на Турција што таа ќе ги усвои во согласност со своите цели и интереси. Турција е растечка геополитичка сила, која, за разлика од Грција, има среќна географија и таа, врз основа на оваа предност, има намера да го шири своето влијание на Балканот, Средниот Исток и Кавказот. Според Стратфор, сега се поставува прашањето дали Турција ќе се фокусира и на Егејот или ќе сака да склопи договор со Грција за да може да се сконцентрира на остварувањето на другите свои интереси.
Од овие „ситници“ произлегува грчката идна надворешна политика. Најкратко речено, ако не тргне во драматична самопромена, која веќе ја најави Папандреу, таа ќе мора да најде начин да биде повторно корисна на една или на повеќе светски велесили. А за да се случи тоа, Атина со сите свои агилни владици ќе мора многу да му се моли на Олимп да се случи некој крупен судир со регионални импликации што ќе ги загрози интересите на макар два светски центри на моќ. Во таа смисла, аналитичарите на Стратфор го издвојуваат Балканот како регион што може да активира таков разорен потенцијал. Третото излезно решение за Грција е да постигне траен мир со Турција (што ќе се проверува преку Кипар) и да почне да учи да живее со своето реално геополитичко значење.
Според пророците во „приватната“ ЦИА, идните три години ќе бидат клучни за Грција зашто ќе ја дефинираат новата грчка историја. Сега за сега вака стојат работите: Првпат од 1820 година Грција е оставена сама со себе. Долгот кон спасителите ММФ и ЕУ изнесува дополнителни 110 милијарди евра. Тие на Атина и наметнаа строга контрола и правила на трошење. Оваа строгост неминовно ќе ја дестабилизира земјата. Регионалната социјална географија, острата политичка лево-десна поделба и богатото досие на политичко и социјално насилство дополнително ќе ја слабеат грчката централна власт и при постојното ниво на присутен капитал, како и потенцијалот на грчката економија, сообразено со бројот на населението, речиси сигурно водат кон банкрот на државата, чиј дефицит сега изнесува 150 отсто од БДП. Аналитичарите на Стратфор велат дека прашањето не е дали, туку кога ЕУ ќе дигне рачна кон Атина. Веројатно во првата пригода кога ќе се почувствува системски ризик за Европа. Во тој момент, а без отворен коридор кон странскиот капитал или нови пари на заем, Грција ќе се соочи со целосен колапс на политичка и социјална контрола.
Македонски императиви
Од овие состојби и оцени произлегуваат императиви при обликувањето на државната политика на Република Македонија како нејзин „омилен непријател“.
1- По секоја цена да ја турка Вардарска долина како проект од исклучително геополитичко значење.
Со тоа го врзува економски за себе југот на Балканот, на Грција и дава рака на пријателство и соработка со заемна корист и станува подрачје со покачена цена на светскиот геополитички „пазар“, а да не говориме за атрактивниот странски капитал што ги следи комуникациските коридори.
2 - Да ги развива релациите со Турција, но и со другите големи светски сили.
3 - Да ја уверува Грција колку што може дека, наместо природни непријатели, можат да бидат продуктивни стратегиски партнери, првенствено во економски исплатливиот проект „Вардарска долина“.
4 - Да води сметка за фактот дека оваа транзициска Грција сега и во наредните неколку години ќе биде животно заинтересирана за тотална дестабилизација и конфликт на Балканот за да си ја поврати важноста.
5 - Оттука, Македонија сериозно мора да поработи на внатрешната стабилност и да ги истражува будно сите грчки замешателства во обидите однатре да се дестабилизира државата. Впрочем, на вакви неподопштини бевме и сé уште сме сведоци, анализирајќи ги амплитудите на меѓуетничките и меѓупартиските божемни кризи. Грција учествуваше и во т.н. Југословенски војни и во активирањето на т.н. УЧК-војна во Македонија.
6 - Во затворањето на спорот со името, да води политика што нема да поаѓа од заблудата дека се работи за ирационален и луд спор (иако изгледа лудо), туку еве, и низ оваа студија на Стратфор, се гледа дека политиката на Грција кон Македонија има длабоки рационални корени, кои немаат никаква врска ни со антиквизација, ни со романтична историја, ами со реални интереси.
Страв од развој на регионот Македонија
Регионалниот карактер на организација, кој е типичен за Грција, низ историјата имаше само еден исклучок, и тоа е „епизодата“ со Александар Велики. Во таа топографија само регионот Македонија е релативно голема компактна земјоделска површина. Тој факт и македонското античко државно уредување, односно начинот на владеење, за кратко време успеаја да ги централизираат елинските полис-држави и да ги сменат навиките на регионалниот сопернички менталитет на жителите. Таа компактност по смртта на овој владетел се распадна и повторно завладеа навиката што до денешен ден оневозможува координација на политиките на централно ниво. Грција денес, иако се прогласува за ексклузивен поседник на македонската античка историја, се однесува како историски непријател на македонското централистичко наследство. Таа негува параноичен страв од можноста регионот Македонија да стане економски и културно продуктивен за двете соседни држави, но и за Балканот и за Европа.
Камен околу вратот на Запад
До 1832 година, а во војните на Отоманската Империја и Европејците, Грција веќе стана исклучително важна, ако не и витална, стратегиска кота. Од тој миг западниот интерес е постојано присутен во Грција. Во поново време, од Втората светска војна и САД стана доминантно присутна во Грција. За неа Грција беше важен елемент во стратегијата против СССР. Како резултат на тоа, македонските национални интереси беа колатерална штета во граѓанската војна од 1946 до 1949 година, која заврши со уште еден бран етничко чистење. Последиците од овој злосторнички потфат уште не се ни историски констатирани, а камоли процесирани или казнети.
Западниот интерес го забрза и приемот на Грција и на Турција во НАТО како историски непријатели и ривали што мора да се контролираат. Во име на тие интереси беа толерирани и монархофашизмот и грчката хунта и судирите на Егејот во 1987-та, односно еднодневната „фокландска“ војна на Турција и Грција во 1996-та околу еден ненаселен остров. Но во 2008 година, по избивањето на глобалната светска криза, Грција и официјално стана камен околу вратот за бившиот запад. Денес Грција, како и сите други држави, се соочува со нужноста од историски промени на својата државна филозофија. Дали ќе остане ксенофобична и арогантна или ќе го гради патот на иднината солидарно со другите ќе покажат, како што пророкува Питијата од Стратфор, наредните три години.
Франција била заинтересирана за „Вардарска долина“
Проектот „Вардарска долина“, кој е заведен во ООН во 1965 година, беше повторно активиран во 1989 година, уште пред да се прогласи независноста на Република Македонија. На владата на Никола Кљусев, веднаш откако беше формирана, идејата и заинтересираноста и ги соопштија претставници на француската влада. Од тој момент до 1998 година, при секој контакт на државно ниво меѓу Македонија и Франција, на дневен ред се поставуваше „Вардарската долина“. Од она што ни е познато, сите тие разговори македонската државна страна ги сметаше за непродуктивно губење време. Зошто кај нас немаше интерес за проект што од корен ќе ја смени македонската геополитичка тежина е прашање за подлабока анализа, која неминовно ќе задре во целите за политичкиот ангажман на одредени транзициски политичари. Но факт е дека дури во 2010 година Ѓорге Иванов и Никола Груевски се оние што го согледаа потенцијалот на овој проект и го ставија во функција, наоѓајќи дури и стратегиски партнер што е подготвен да вложи пари во неговата финализација.
Автор: Мирка Велиновска
izvor: http://novamakedonija.com.mk/NewsDet...tIzdanie=22268