Филм за грчки поп кој откупувал коски од мртви aлбанци
дора бакојани ја уценувала и aлбанија за влезот во eу, вели нашиот актер Висар Вишка, кој во филмот ја игра главната улога
грчки поп откупувал коски од aлбанци и ги пријавувал како да се од грчки партизани убиени во Втората светска војна. Според оваа вистинска приказна е снимен филм, во кој главната улога ја игра нашиот познат актер Висар Вишка. Светската премиера се случи викендов на филмскиот фестивал во cофија, каде Вишка ни објасни за што точно се работи.
"Филмот "Балкан пазар" е заснован на вистински настани, поточно на условот што го има aлбанија за да влезе во eу од страна на грција", вели Вишка, објаснувајќи ни дека иако можеби малку се знае за тоа, но грција не ја попречува само Македонија, туку слична политика води и кон aлбанија. " грците во четири града во aлбанија, по линија на она што тие го викаат грчки дел, изградија четири монументи или гробници на паднати грчки војници во Втората светска војна. Но сите знаеме колку се бореле грците во Втората светска војна, биле најнеутрални. Има само еден паднат грчки партизан во тие села. Во едно од селата ми го покажаа и неговиот гроб", вели Вишка и ни ја објаснува страшната вистинска приказна од која е инспириран филмот во режија на Едмунд Будина.
"Проблемот е што тие направија гробници, а немаат коски. Пред неколку години открија еден грчки поп кој од селаните откупувал коски. Им давал по 500 или 1.000 евра на селаните и им велел да ги откопаат коските од таткото или дедото, и тие коски ги пријавувале како грчки. Тие одат по таа филозофија дека каде што е паднат еден војник, тоа е неговата земја. Тие сега ги изградија тие монументи и во некое идно време ќе речат еве до каде се бореле нашите партизани, значи ова било грција. Попот го фатија и го екстрадираа од Албанија, но проблемот со празните гробници остана", открива Вишка за ВЕЧЕР. Тој не штеди на зборови кога е овој случај во прашање, а ни кажа и какви се заткулисните игри на грчки политичари кон aлбанија. "Два дена по Букурешт, кога aлбанија влезе во нaтo , бакојани му честиташе на cали бериша. Според интерни сознанија од пријател кој присуствувал на таа средба во тирана, таа, наводно, му рекла "Видовте ли што се случи со Македонија, ако не сакате тоа да се случи со вас во врска со eу-гробовите мора да се наполнат со коски!" Има и нејзини изјави каде што ја прашуваат албански новинари околу тоа...", открива Вишка.
Филмот "Балкан пазар" е во режија на Едмунд Будина, и е албанско-италијанска копродукција. Неговата премиера се очекува и во Македонија, а интересно е дека е сниман и во црквата каде се оженил царот Јустинијан, а датира од 570 година. Мотото е "Ова е приказна за најбизарниот пазар на коски, со кој историјата на Балканците може да се купи и продаде".
(Де.Т.)
izvor: http://www.vecer.com.mk/default.asp?...919B31FEDA3943

Comment