Паскали: Победете ја Петтата колона...

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Паскали: Победете ја Петтата колона...

    Паскали: Победете ја Петтата колона, запрете ја дестабилизацијата на Македонија |


    Тешко да се побегне од чувството дека група на високо позиционирани Македонци следат сценарио подготвено од непријателите на државата за да подготват „обоена револуција“.

    Обидот да се креира хаос и конфузија меѓу Македонците не доживува успех. Големото мнозинство на Македонците впрочем ги поддржуваат институциите на државата.

    Сепак, обидите за дестабилизација продолжуваат од страна на странски сили со соучеството на внатрешни групи кои работат со хистерична одлучност против сопствената држава.

    Ова го изјави Умберто Паскали, американски аналитичар од Вашингтон, за програмата ТВ интервју на МТВ.

    Коментирајќи ги неодамнешните изјави на некои аналитичари за можна дестабилизација на Македонија, тој вели дека не може да не помисли оти нешто мириса на Петтата колона која работи против иднината на Македонија. Реалноста е, вели, спротивна и посочува оти „моќни странски сили лансираат еден вид информациска војна против оние македонски лидери кои ги сметаат интересите на сопствената држава поважни од оние на уцена и мешање на надворешните сили“.

    Паскали со конкретна дијагноза на политичките случувања во Македонија нагласувајќи дека станува збор за „моделот на т.н. обоена револуција, надворешно организиран пуч кој цели кон држави кои сакаат да ја зачуваат својата национална сувереност“.

    - Видовме многу различни фантазерски имиња како портокаловата револуција, розата и јасминот. Сите тие се со иста шема, мала група демонстранти ги заземаат улиците или плоштадот со генерични, но мошне поттикнувачки слогани. Овие луѓе самите не претставуваат никаков процент од населението. Тоа е спротивно на демократијата. Но, тие влегуваат во фокусот на меѓународните медиуми, на меѓународните организации финансирани од самопрогласени филантропи од многу богати држави. Непостоечката приказна ги полни екраните на големите телевизиски мрежи и насловните страници на големите весници. Остатокот од населението не е важно, само малата група гласни демонстранти има право да говори, додека големото мнозинство од населението е избришано од медиумите, истакнува Паскали.

    Начелно, вели, се цели да се обележи политичкиот лидер како „негативецот“. Потоа, некои странски сили интервенираат во одбрана на „правата“ на демонстрантите. Веднаш потоа, има ултиматум и диктат. Луѓето во државниот апарат се уплашени и приморани да ја прифатат анти-демократската фарса. И ете, Обоената револуција е успешна, појаснува Паскали.

    Според него, во Македонија ова сценарио нема успех, бидејќи, како што вели, големото мнозинство на населението стои позади премиерот Никола Груевски, водството на опозицијата не е во состојба да организира масовни протести.

    - Македонците покажаа високо ниво на граѓанска свест и патриотска храброст. Можеби ова веќе ги исплаши странските манипулатори и домашните извршители. Решението е да се фокусира вниманието и силите на позитивниот развој на државата. Скопје е центарот на евроазиската раскрсница на коридорите (Коридорите 8 и 10) кои ги поврзуваат Северот и Југот, Истокот и Западот. Тоа е клучот за огромен прогрес, развој и просперитет. Македонскиот народ покажа во многу наврати дека нема да дозволи надворешните непријатели или внатрешната Петта Колона да ја загрози нивната иднина, заклучува Паскали во интервјуто за МТВ.

  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    #2
    thanks for that info dedo A
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV

    Comment

    Working...
    X