Не постои политичар во Бугарија што би признал дека во земјата има Македонци и дека тие имаат права што државата треба да ги почитува, вели Красимир Канев, претседател на бугарскиот Хелсиншки комитет, во интервју за Дојче Веле.
- Ниту еден застапник на човековите права во Бугарија не може да биде задоволен од третманот на македонското малцинство. Во Бугарија тоа е непризнаено малцинство, бугарската влада систематски го негира македонскиот идентитет, и тоа не само на Македонците во Бугарија, туку и на Македонците во Македонија. Затоа таа го дискриминира ова малцинство и луѓето што себеси се нарекуваат Македонци - вели Канев.
Тој не знае колку пресуди на Судот за човекови права во Стразбур ќе бидат потребни, за да бугарската влада го признае ОМО Илинден. Ваквата одбивност на бугарските власти кон Македонците има историски корени, вели тој и додава дека за официјална Софија жителите на Македонија се всушност Бугари по потекло, а според последните статистики, во Бугарија има околу 5.000 Македонци, врз кои постојано се врши притисок да не се декларираат така, па затоа и вистинската бројка на Македонците и не се знае.
- На последниот попис имаше и репресивни дејности на Владата, кои упатија јасен сигнал дека не е добро за никого, доколку се идентификува како Македонец - вели Канев.