РУСКА НАГРАДА ЗА НАШИОТ РЕЖИСЕР

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    РУСКА НАГРАДА ЗА НАШИОТ РЕЖИСЕР

    „Златен витез“ за Поповски

    Македонскиот режисер и амбасадор на културата на Македонија во Русија, Иван Поповски, ја доби наградата „Златен витез“ која ја доделува истоимената позната руска организација, предводена од актерот Николај Бурњаев, познат по филмовите на Тарковски.
    Жирито, како што стои во образложението, му ја доделува наградата за претставите „Носорог“ од Ежен Јонеско и „Капките на данскиот крал“ од Булат Окуџава. Овие поставки на Поповски на театарските сцени во Москва им донесоа на претставите златни признанија за режија, награди за главна машка и женска улога, како и златното признание за најдобра претстава во целина.
    „Овој режисер, со видлива наклонетост кон музичкиот театар, по школувањето во престижниот Московски театарски институт, веќе се етаблира во силно конкурентниот свет на руските сценски изведби. Подготвувајќи постановки и на други сцени, тој ги освои и симпатиите и довербата на некои престижни институции, затоа што работеше и мајсторски сработуваше токму во моменти кога тоа другите не го можеа“, стои во образложението на жирито.
    Руската организација „Златен витез“ се залага за меѓународна соработка со сите народи кои ги негуваат духовните вредности и тргнувајќи од такви претпоставки, организацијата одржува релации со повеќе од шеесет земји во светот, меѓу кои е и Македонија.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • Orovnichanec
    Member
    • Sep 2008
    • 410

    #2
    Congrats to Popovski!
    "Oh, Macedonians! It is time we realized that the greatest demon Macedonia must battle against is none other than Bulgaria" - Krste Petkov Misirkov

    Comment

    Working...
    X