Грција ја блокира и Албанија во ЕУ

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Грција ја блокира и Албанија во ЕУ

    Атина ја условува ратификацијата со изградба на четири воени гробишта на територијата на Албанија

    Од нашиот дописник
    Слободанка Јовановска

    Брисел - Грција ја блокира и евроинтеграцијата на Албанија, па иако спорот се' уште се крие, тој влегува во фаза кога станува очигледно дека Атина го практикува своето членство во ЕУ врз уште една соседна земја кандидат. Според она што се дознава, Грција и Франција се единствените две земји кои се' уште не ја ратификувале Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Албанија со Унијата, која е потпишана во 2006 година и без неа не е можно одењето на земјата на повисоки скалила на евроинтеграцијата.

    Атина ја условува ратификацијата со изградба на четири воени гробишта на територијата на Албанија што таа ја нарекува Северен Епир, а тоа во Тирана се доживува како јасен обид да се маркира територијата каде што живеат етничките Грци. За идната недела се најавени преговори меѓу двете страни околу овој спор, при што одговорот на Тирана бил „едни гробишта или ништо“, додека Атина ретерирала до три.

    Иако спорот не изгледа толку сериозен како нашиот со името на државата, можно е за Атина да има поголема тежина, бидејќи станува збор за територија на која Грција сака да има поголемо влијание, па можеби и повеќе од тоа. Станува збор за воени гробишта за војниците кои загинале учествувајќи во борбите против Германците во Првата и во Втората светска војна, што во принцип не е спорно за Тирана, освен политичката порака што сака да се прати со тоа, слично како обидите на Бугарија да ги обнови сите воени гробишта во Македонија кога нејзините војници престојувале како окупаторска сила.

    Како и кај нас, Атина и во Албанија ја употребила црквата во политичка намена, па тамошните грчки свештеници се обиделе да пренесат некои од телата на грчките војници од Албанија во Грција, што предизвикало локални протести. Според официјални извори од Брисел, Атина отворено и' порачала на Тирана дека нема да ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација која чека во грчкиот парламент и, иако нема такви најави досега, можно е да ја искористи и ратификацијата на договорот за прием на Албанија во НАТО, кој мора да ги помине наредните три месеци за да се материјализира членството во Алијансата.

    Со овој потег Атина во моментов го блокира прогресот во ЕУ на три и пол држави, односно на Македонија, Албанија, Северен Кипар и Турција, при што последната доби официјален услов од Брисел да го признае Кипар ако сака да влезе во Унијата. Да биде уште полошо за Брисел, од неодамна и Словенија ја блокира евроинтеграцијата на Хрватска поради билатерален спор, а во ЕУ не се подготвени да најдат друго решение освен проблемите да ги остават на решавање меѓу инволвираните земји-членки. ЕУ очигледно се надева дека евроинтеграцијата ќе биде толку битна за земјите-кандидати што ќе направат отстапки во корист на земјите-членки, во согласност со изреката дека силата не признава правдина, откако по букурешкиот самит стана „политичка библија“ пораката дека не е исто да си аспирант или земја-членка на ЕУ и НАТО.

    Прексиноќа, на министерскиот состанок на ЕУ тоа го потврди еврокомесарот Оли Рен, повторувајќи дека Брисел нема намера да се меша во споровите меѓу државите, иако агресивно се меша во спорот меѓу Косово и Србија, веројатно бидејќи не засега ниту една земја-членка, а реално се меша и во споровите на Македонија, Турција и Хрватска со самото тоа што тие спорови ги постави како услов. Односно, формално не се меша, а практично условува решенија.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • sydney
    Member
    • Sep 2008
    • 390

    #2
    it still amazes me that it only takes one voice to silence another's ambition. it's blackmail, there's no other way to describe it.

    Comment

    • osiris
      Senior Member
      • Sep 2008
      • 1969

      #3
      good we need greece to act as stupidly and fanatically with others like they do with us.

      Comment

      • Jankovska
        Senior Member
        • Sep 2008
        • 1774

        #4
        This is why I was saying a partnership will Albania is important, we can give the Greeks few nightmares together

        Comment

        • Soldier of Macedon
          Senior Member
          • Sep 2008
          • 13675

          #5
          Jankovske kaj si mori, da te prasam, mislite deka zaednica so Albancive od Albanija ke ispadni los izbor vo idninata, ako pocnat da se 'pobratat' so nivniot soj vo Makedonija?
          In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

          Comment

          Working...
          X