Британците возобновија спомен-плоча со и

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Британците возобновија спомен-плоча со и



    Британците возобновија спомен-плоча со името Македонија

    По повод одбележување на деведесет години од Првата светска војна британски претставници во земјава ја возобновија спомен-плочата на нивните паднати борци кои учествувале во Првата светска војна, на солунскиот фронт, а на чиј натпис е напишано името Македонија. "Во спомен на херојската смрт на припадници на дваесет и втората девизија кои паднаа во Македонија", се вели во натписот на плочата првично поставена во 1919 година. Бидејќи плочата која е откриена во близина на Нов Дојран, била многу оштетена, направена е нова. Со помош на британската амбасада во земјава теренот кој бил запуштен е среден и ќе се промовира и како туристичка атракција. Ова особено е интересно за земјава поради актуелните случувања со Грција во врска со спорот со името, како и поради историските факти во тој период, територијата од војните беше распарчена, не постоеше Македонија како државен ентитет.

    Фактот што на плочата стои името Македонија не е ништо чудно, ниту ново коментираат историчарите. Спорот со името е наметнат од грчката стратегија за непостоење на Македонија и македонскиот идентитет.
    "Името потекнува од географскиот поим Македонија, оттука секој напад на поимот Македонија и Македонци или прифаќање на компромис за името би значело ерозија на државата и националниот идентитет", вели универзитетскиот професор Јован Донев кој додава ова што се случува сега, спорот со Грција е резултат на нивната стратегија затоа го отвораат прво прашањето за името, па за идентитетот, а ќе следи отворање на други прашања.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X