Г.Г.Стефан: Синодот го има потребното единство
Охрид /05/10/ 15:32
Измените на Уставот на црквата ќе стапат на сила кога ќе дојде време за тоа, изјави денеска во Охрид, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
„Донесените одлуки на Синодот си остануваат со својата важност, но тие ќе бидат внесени во животот на црквата тогаш кога членовите на Синодот и Соборот ќе решат тоа да биде“, рече поглаварот Стефан.
Вчера на работното заседание на Соборот во струшко Калишта, од дневен ред беше повлечена точката за измени на Уставот на црквата, меѓу кои како што беше најавено, се и додавката на името Охридска архиепископија на името на Македонската православна црква и промената на грбот на црквата.
Архиепископот Стефан смета дека во Синодот на МПЦ, нема неединство и дека тоа премногу било нагласено од некои медиуми.
„Потребното единство го има во Светиот архиерејски Синод на МПЦ, што се потврди Соборот во Калишта на кој присуствуваа делегати од сите епархии, како од земјава, така и од дијаспората“, рече г.г. Стефан
Архиепископот Стефан, денеска чиноначалствуваше со светата архиерејска литургија што по повод празникот Собор на македонските светии се одржа во катедралната црква св.Софија.
Со тоа завршија и свеченостите по повод 50-годишнината од Вториот Црковно народен собор на кој беше возобновена автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.