Operation Albatross Underway

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Prolet
    Senior Member
    • Sep 2009
    • 5241

    Operation Albatross Underway

    Во операцијата “Албатрос“ уапсени 14 лица
    23.02.2010 - 14:02 |

    * Македонија

    Кралот на проституцијата Дилавер Бојку Леку куртули, но неговиот брат и внукот завршија во рацете на полицијата. Двајцата се дел од групата на 14-мината приведени во акцијата Албатрос. Криумчареле мигранти.

    Во педесет наврати од Албанија преку Македонија, на грчка територија по нелегален пат пренеле 120 албански државјани.
    - Утврдено е дека членовите на групата од нашата држава, во содејство со членови од криминална група од Р.Албанија, најнапред ги регрутирале мигрантите во Р.Албанија, а потоа го организирале нивното илегално префрлање од Р.Албанија во Р.Македонија како и транспортот на нашата територија и илегално префрлување во Р.Грција, вели Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.

    Полициската акција траела шест месеци. Истрагата утврдила дека од две илјади до две и пол илјади евра по човек, групата наплаќала за илегалниот транспорт.

    По претресот во домовите на приведените одземени се пет патнички возила со кои бил вршен превозот на мигрантите. Одземени се неколку фалсификувани патни исправи, пари и наркотични средства.

    Во групата имало најмногу стружани, но во илегалниот бизнис биле вклучени и кичевчани, битолчани, скопјани, гевгеличани и охриѓани.

    Полицијата освен за 14мината приведени кривична пријава ке поднесе за уште пет лица кои се во бегство. Вкупниот број на криумчари е 17 Македонци и двајца албански државјани.

    Приведените се на распит во кривичниот суд во Скопје. Сите ке одговараат за криумчарење на мигранти и организирање на група за вршење на дела трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти.

    Иван Кузмановски



    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.
Working...
X