Друцас размислува да дојде во Скопје
Брисел и Вашингтон ја натераа владата во Скопје да ги напушти плановите за поставување на споменик на Александар Велики, објави вчера грчкиот весник „Македонија“. Весникот пишува дека заменик-министерот за надворешни работи Димитрис Друцас размислува да дојде во посета на нашата земја. Според грчкиот весник, иницијативите на грчкиот премиер Јоргос Папандреу за директни преговори со Никола Груевски ги засилиле преговарачките позиции на Атина.
„Шпанското претседателство со ЕУ, кое започнува во јануари следната година, ги крева очекувањата на грчката дипломатија за ова прашање. Шведското претседателство беше екстремно пријателски расположено кон Скопје“, се вели во текстот. Весникот пишува дека медиумите во земјава најавуваат предвремени избори во март, следната година. Според „Македонија“, иако јавно не се случува ништо за спорот за името, зад привидниот мир постои интензивна политичка и дипломатска активност.

now more than ever

Comment