НОВ АМБАСАДОР ВО АВСТРАЛИЈА
Стојановски ги предаде акредитивите

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австралија Перо Стојановски вчера ги предаде акредитивите за негово назначување на Генералниот гувернер на Комонвелтот на Австралија Квентин Брајс.
Амбасадорот Стојановски, како што е соопштено, во кусиот разговор по свеченоста пренесувајќи ги поздравите од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, се осврна на достигнувањата на Македонија во остварувањето на нејзините стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО, како и визната либерализација.
Тој посебно информираше за претстојната посета на премиерот Никола Груевски на Австралија во последната недела на месец октомври годинава.
Генералниот гувернер Квентин Брајс му посака добредојде на амбасадорот Стојановски и успешна работа во јакнењето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Австралија, истакнувајќи ја заемната поддршка што си ја даваат двете земји, а посебно потенцирајќи ја многубројната македонска заедница во земјата.