Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > News and Politics

Reply
 
Thread Tools
Old 02-06-2020, 08:05 PM   #1
Carlin15
Senior Member
 
Carlin15's Avatar
 
Join Date: Dec 2017
Location: Canada
Posts: 1,407
Carlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud ofCarlin15 has much to be proud of
Default ОТКРИЕН НАЈГОЛЕМИОТ ВОЕН ЛОГОР НА МАКЕДО

ОТКРИЕН НАЈГОЛЕМИОТ ВОЕН ЛОГОР НА МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ ПЕРСЕЈ

URL:
https://media24.mk/2020/02/03/%d0%be...lPiceMFVwsBZLM

Во близина на селото Азот, по долината на реката Бабуна, откриен е досега најголемиот воен логор на последниот македонски крал Персеј. Ова наоѓалиште Кале каскади е во близина на една голема древна некропола во која биле погребани веројатно над илјада македонски воини кои го бранеле патниот коридор кон пелагонските градови, изјави Виктор Лилчиќ, македонски археолог и професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој апелира за заштита на ова наоѓалиште од дивите копачи и бара помош за продолжување на ископувањата.

Ова е досега целосно непозната античка македонска воено-стратегиска база.

Во близината на повисока кота уште пред петнаесетина години видовме древен кастел спекула. Замислете, сите три локалитети сѐ уште ги нема во археолошката стручна литература. Го посетивме местото без истражување, а во очекување на дозвола од Управата за заштита на културното наследство, вели за МКД.мк професорот Лилчиќ.

Наодите на фотографиите се откриени од истражувањето на некрополата во рамките на минатогодишниот проект на НВО Центар за археолошки истражувања Скопје и Филозофскиот факултет Скопје Пелагонија, Повардарието и источна Македонија, рекогносцирање на старите градови и тврдини.

Професорот вели дека продолжувањето на ова истражување ќе има големо значење во откривањето на воено-стратегискиот логор на Персеј затоа што веќе се забележани дупки направени до диви копачи кои лесно ја намирисале можноста за брза заработувачка преку трговијата со македонското археолошко богатство.

Професорот веќе го нарече овој проект како Кале каскади, стратегиска база на македонскиот крал Персеј за одбрана на Пелагонија.

Република Македонија е буквално потопена со археолошките остатоци на древното кралство Македонија. Градови, тврдини, воено-стратегиски старомакедонски бази, кастели, гранични караули, монети на македонските кралеви, старомакедонски бронзени штитови со македонското сонце, артефакти од кои боли глава! Македонските влади преку Министерството за култура го подржаа проектот. Но не како што доликува, во насочување и фокусирање на оформување на челичен фронт со најмалку десетина бастион-кули (оформување Институт за старомакедонската археологија, македонска нумизматика, македонска полеогенеза, македонска геостратегија, македонското војување и вооружување, применети тактики и стратегии на почвата на Република Македонија, старомакедонски воено-стратегиски бази и кастели, фазите на организација на кралството под кралевите Александар I, Архелај, Пердика II, Аминта, Филип II, Александар III Македонски, Касандар, Деметриј Полиоркет, Антигон Гонат, Филип V, Персеј). Реално гледано вистинските потреби на замислениот и планиран обем на работите не беа комплетирани. Па затоа речиси и не се премина на археолошки ископувачки деликатни операции на старомакедонските места. Само површинско истражување рекогносцирање. Недоволно. Боли што раководствата никогаш не ја разбраа археолошката насока на потрагата околу вистинските одговори по името Македонија преку конкретни истражувања на старомакедонските локалитети. Беа само тапкања по рамо и мали суми со кои можевме да рекогносцираме, вели Лилчиќ.

Професорот е еден од идејните основачи на макро-проектот Кралството Македонија што е замислен и планиран како силен археолошки фронт за одбрана на името Македонија. Започнавме да го градиме во 1994 година со легендарната историско-нумизматичката студија на Никола Шелдаров и Виктор Лилчиќ, Кралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија. Се работи за сериозна научно-истражувачка работа на докажување на правото на името Македонија, што сѐ уште трае, но за жал без конкретна подршка во Македонија во последните неколку години. Успеавме да посетиме и документираме огромен број антички македонски локалитети, градови, тврдини, воено-стратегиски бази. Упорно и систематски обнародувавме научни статии, студии, интервјуа, мислења, јавно обнародени совети Денес, после 26 години, нештата се многу појасни, ги знаеме локациите на древните старомакедонски градови, утврдувања и гробишта на древните Македонци. Со скромните средства ги запознавме и документиравме главните патни коридори, како и старомакедонските воено стратегиските бази и кастели, некрополи. На терен ги идентификувавме силните напори на античките македонски кралеви од Александар I до последниот Персеј, за одбрана на цивилизациските градски центри од северните инвајдери, Келтите, Аутаријатите, Дарданците, Бастарните, Илирите и другите агресори. За продолжување на ова истражување неопходна е подршка за набавка на сериозна истражувачка опрема и трошоци (моќни теренски возила, фото-опрема за снимање од земја и од воздух, опрема за скенирање и детектирање, дигитална ГПС опрема, средства за транспорт, гориво, дневни патни трошоци за истражувачките тимови, хонорари за професионалците и експертите) Да создадеме моќна фото и видео-документација. Да спасиме огромен број старомакедонски монети од исчезнување. Да спасиме многу поголем број древни старо-македонски аргументи и докази од заборавот, апелираат од Центарот за археолошки истражувања Скопје.
Carlin15 is offline   Reply With Quote
Reply


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump